Некогаш последиците од убодите на комарец што ја пренесува оваа сериозна болест доаѓале само до Струга. Потоа болеста се пренесувала на север по долината на Дрим а денес се „ вгнеди“ на источните делови од скопската котлина. Ова секако е резултат на климатските промени: Европа а особено медитеранскиот дел наликува на Африка!

Прогласена е епидемија на западнинилска треска во неколку скопски општини и населби. Ова е резултат на изместената граница до каде се протега ареалот на заболувањето од оваа напаст. Пред околу 20 години еден мој колега беше заразен преку убод на комарец од западнонилската треска. Доби сериозна треска со висока температура а додека лежеше на Инфективна треска. Лекарите беа немоќни а колегата постојано ни испраќаше пораки да му се помогне. Просто на оваа клиника не поседуваа со соодветни индикагтори за да откријат од што е заболен колегата. Дури по напори на самата редакција беа испратени мостри од крвта во Софија и Загреб и оттаму јго потврдија сомнежот дека се работи за една кај нас навистина ретка болест во гтоа време – западнонилската треска. Колегата беше излечен кога се дозна причинителот а од него дознавме дека убодот на комарецот се случила додека летувал на бреговите на Дебарско езеро. Потоа дојде сознанието дека ова заболување претходно го имнало само струшко, како најсеверен предел на инфекцијата која е карактеристична за Западна Африка. И гтогаш се ја ви констатација дека западснонилската тресска веројатно ќе ни биде почест гостин и тоа заради тоа што со нашите температури, особено лете даваме сличен амбиент на нилската долина.
Во зредата, на 12 август епидемија од западнонилска треска е прогласеба во неколку скопски општини и населби: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, и Јурумлери. Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски, заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје и Клиниката за инфективни болести, на прес-конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава.
Така д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје информираше дека заклучно со 11 август, се регистрирани вкупно 26 случаи, од кои 2 се веројатни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес. Таа посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години. Останатите четворица се од 50 до 59 години. „Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма“, рече д-р Гочевска.
Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика. Тука имаме поместување на подготвеноста за давање брза и точна дијагноза. После 20 години!
„Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања“, истакна д-р Цана.
Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Кај поголемиот дел од заразените инфекцијата може да помине без симптоми или со полесна клиничка слика, но кај повозрасните лица и лицата со ослабен имунитет постои поголем ризик од тешки невролошки компликации.
Здравствените власти препорачуваат поставување заштитни мрежи на прозорците и вратите, користење средства против комарци и избегнување престој на отворено во периодот околу зајдисонце и во раните утрински часови. Препорачливо е и носење облека со долги ракави и ногавици кога се престојува на места со зголемено присуство на комарци.
При појава на висока температура, силна главоболка, вкочанет врат, нарушена свест, конфузија или слабост на екстремитетите, ИЈЗ посочува дека е потребна итна медицинска проценка поради можност за невролошки компликации.
Европската канцеларија на Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вирусот Западен Нил се шири во Европа односно регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави. Станува збор за вирус што се пренесуваат заразени комарци и предизвикува компликации на централниот нервен систем кај луѓето. Според СЗО, до 22 јули регистрирани се 46 заболени луѓе во Италија и 21 во Грција. По неколку случаи има и во Северна Македонија, Романија, Шпанија и во Франција




