Од порано е јасно дека Американците се клучните фактори кои доведоа до тоа да има успех со Преспанскиот договор. Деновиве бевме сведоци дека ЕУ, по прашањето на симнувањето на ветото на Бугарија е импотентна, што би рекол албанскиот премиер Рама и таа се снаоѓа само во случаи каде има аклимативен однос во прифаќање на некој предлог. Американското „кладење“ на хардварецот Петков како извршител на волјата на Вашингтон немаше ниту малку добар исход: тој сега толку ја искомпликува западната позиција во Софија додека интересот на Москва е се чини догорочно зацврстен
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога непосредно спроти Новата 2019 година учествував во една пригодна тв емисија на која се бираше која е личноста на годината што изминува, јас без двоумење реков дека тоа е Никола Димитров, оперативецот во разговорите со Грција и можеби најзаслужниот за Преспанскиот договор од наша страна, што се случи рано летото. Се разбира, нагласив и дека тој Договор не би се случил ако другата страна не го имаше премиерот Ципрас, една исклучителна и речиси неповторлива личност од овие простори, кој разби некои табуа во надворешната политика на својата земја и за тоа плати висок цена.
Во таксите со кое се враќавме од тв студиото еден мој колега од албанска редакција (кој не сакаше да се изјасни за некоја личност која би ја издвоил во таа, секако динамична година) ми замери на изборот. За него потпишувањето на Договорот во Нивице, ако добро го разбрав е голем настан, ама рече дека споменатиот министер од моја страна сум го преценил, бидејќи, тој има силна закрила во животот од еден висок американски политичар (да го именуваме како „господин Р.“) кој практично задкулисно ја завршува работата.
Ова форма на помагање или насочување е веројатно е често во високата политика, каде се вмешуваат интересите на мали и големи земји, каде се разрешуваат крупните геостратешки интереси Мене таквите невидливи играчи ме потсетуваат на атмосферата од филмот „Третиот човек“, буквално не преку својата трилер приказна сместена во по воената Виена, туку по фактот дека настаните се одиваат во околности кога главниот актер е присутен но со нејасен идентитет.
Во случајот со продолжување на средување на регионот (Пресопанскиот договор ја внесе земјава во НАТО) соочен со приземниот и аисториски обид на бугарската крем-политика и нејзиниот кумулиран реваншизам, нашите западни сојузници очевидно го немаа својот трет човек? Или тој постои но имаа избрано погрешни актери (тука секако пред се би го вброиле бугарскиот премиер во оставка) или клучната компонента во таа разврска (Макрон односно Унијата) просто ја истурија кофата со млеко, полнета низ години на одлакање, сега опседната само со поддршката на Украина и Молдавија.
Рака на срце сите замрзнати конфликти во регионот и онака Унијата никогаш не умеела да ги разреши (војната во БиХ, косовско-српскиот конфликт, двете спорни прашања врзани со македонскиот идентитет) и тоа секогаш останувало „домашна задача“ на Белата куќа?!
Во еден миг, кога Вашингтон почна да ги зајакнува своите дипломатски тимови на Балканот од пред неколку години, се чинеше дека клучен играч во спроведувањето на американската агенда ќе биде Габриел Ескобар. Тој на еден волшебен начин, на пример, ја среди нервозата на српскиот лидер од БИХ Додик со еден црногорски лексилиум, според моделот познат од коладилиниците „два во еден“. Во еден, велат многу кус разговор со црногорскиот претседартел Ѓукановиќ, чија партија е во опозиција, тој успеа да ја протурка идејата со малцинската влада на Абазовиќ! Социјалистите од цетинската опција Црна Гора се согкласија да ја поддржат истата за од Владата во Подгорица се остранат најортодоксните просрпски националисти. Така една балканска нестабилна ситуација се избистри со јакнење на прозапдната позиција на Монтенегро, потоа со битно слабеење на српското влијание кај нивниот јужен сосед а посредно и со репозиционирање на најголемиот путинист на Балканот, именуваниот Додик!
И доаѓањето на хардвардскиот двоец Петков – Василев од преку Океанот беше очевиден користен патент (создавањето на нова бугарска партија – како ГЕРБ од страна на Меркел, која веднаш по основањето ги доби изборите и стана веднаш доминантна во креирањето на политиката во Софија): со самото нивно доаѓање во Бугарија на домашните играчи им беше јасно дека тие доаѓаат со американски „упат“ и дека веројатно имаат резервиран „термин“ на чело на идната власт! Ова сознание за софиските мериократи секако е од контра-страна, од Кремљ, бидејќи таквата опсервација бара врвни информации од Вашингтон!
И навистина истиот модел успеа повторно: Петков ја освои власта, со тоа што некои работи се повторуваат и како фарса – не беше доволчно самостоен, што ќе беше премногу заради брзината на неговиот внес во политиката, а другите партии и кроени по западен терк речиси не се гледаат во пејсажот; Меркеловиот дух веќе претходно изгуби конекција со Софија: таа кон Бојко Борисов се однесуваше воц стилот „се родило, ќе го лулаш“. Петков имаше силна подршка во оние интелектуалци кои и ние сакаме да ги цитираме често, но прашање е навистина колку се тие влијателни во сопственото јавно мислење?
Присуството на Третиот човек во композицијата после последниот декември, по изборите за парлменто во Софија, едноставно не се гледаше, настана конфузија: Ципрас во Паркламентот имаше најтесно можно мнозинство, но сепак, имаше мнозинство; тоа беше добиено како од неговите западни пријатели, така и од страна на новата левица, на која тој и припаѓа. Да додадеме дека пред Договорот со нас тој со неколку енергични потези расчисти со силното руско влијание во неговата земја.
Софија е – да не претераме – втората престолнина од која дејствува современото КГБ и целата руска пропаганда. Таа впрочем во оваа земја и не мора да го користи глаголот „дејствува“, просто само го активира копчето, таму каде што треба и колку што треба. Петков проба со некои чекори како Ципрас, пред се во мигот кога беа загрозени сојузничките активности во Украина (!), значи кога беше силно присиснат и Брисел и Вашингтон, но тоас не го допре ниту врвот на – што се вели – ледениот брег на путинизмот. Место да биде поблизок со својата советничка Чернеева (а не Чернева, како што постојано грешат нашите новинари) најевропската политичарка во земјата, а која дојде во Скопје во јануари, во подготовка на посетата на Петров. Но, кој беше клучниот советник на премиерот останува тајна – тој се почесто кокетираше со сопствената опозиција по однос на македонското стојалиште за спорот. Се говиори за неговото чудно однесување кон нашето приклучување икон азербејџанскиот гас во Александрополис (лесно се објаснува и од аспект на патерналистичка стратегијата – да бидеме врзани за тоа гориво преку Софија!) а што кај нас како ситуација е криено под тепих како потег на Петров, за да чува меѓу нас неговиот наводен пријателски ореол. Би имале многу такви забелешки сега да ставаме на сметка на премиерот во оставка.
Целата шаховска игра што се случи деновиве во Софија од аспект на Радев и компанијата е брилијантно изведена. Најпрвин со смената на неговиот сопартиец на чело на Собранието Минчев! Тоа мина лесно, како по путер, што се вели. Проба која ја илустрираше состојбата на силите! Во Европа тоа мина без да им трепне окото на политичарите – тие веќе нашата судбина ја пуштија во московски раце.
Македонското прашање не помина во надлежната комисија во нивното Собрание, со очевиден бојкот на главниот опозиционер Борисов, чија екс- министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја насочи топката кон премиерот и бараше тој пред парламентарците да го изнесе францускиот предлог. Кога Петков дојде на „боиштето“ ја изгуби довербата и без „круната на главата“ дојде во Брисел. Таму никој не се збуни од тоа што пред нив стои премиер во оставка, кој бара да се прифати францускиот предлог кој се знаеше дека е неприфатлив за било која држава со макар и најмало чувство за сувереност. Кога Ковачевски го кажа она што едноставно и не можеше да го одбие – да го неметне прашањето на темелна реконструкција на францускиот предлог даде знак Захариева и камарилата сега да не им пречи да го минат така обременетиот предлог (фактичко одбивање од Македонија) со свои анекси, еден куп, во собраниската комисија а потоа и во Парламентот со привремен претседавач, дури под шума од плакати на кои пишуваше дека „Македонија е бугарска“.
Не би оделе во натамошна дескрипција- се е познато. Од пред месец – два беше познат и следниот избор на Кремљ за водење на политичката игра – тоа е оној пратеник кој се тепаше во Парламентот и кој е воедно лидер на партијата „Преображение“: Костадин Костадинов. Дали тој беше видлив на нечија геостратешка карта?
Каде е прозорец да го дознаеме изборот на следните чекори на западниот Трет човек во услови кога ЕУ е веќе во погрешен филм во однос на бугарско-македонскиот спор а политичарот кој беше избран за пресврт во позициите на Софија се покажа дека се уште нси куси памтолани?