Секогаш кога не се учат грешките од историјата, тие се повторуваат.
Секоја војна има три елементи – воен, психолошко пропаганден и економски. Мора да се истакне дека војната во Украина не започна лани, туку во 2014 година, значи оваа војна не трае една година туку многу повеќе. Меѓутоа, пред сè, Европа сака да си ги исчисти своите флеки на валканата совест, бидејќи мислеше ако ја фрли раката од телото на гладниот лав дека ќе го спаси.
Тоа е истото што го направи Невил Чемберлен во 1936 година, кога мислеше дека, ако му даде Судетите (делови од Чешка) на Хитлер, така ќе се спаси од војна. На крајот, откако дојде до дотогаш најкрвавата војна, Втората светска војна, Чемберлен можеше само да присуствува и на распадот на британската империја во 1945 година.
Агресијата на Русија врз Украина започна со неиспровоцирана воена операција. Во 2014 влегоа војници без никакви ознаки на уноформите, што е спротивно на основните правила на војната, и го освоија Крим. Тоа е и кукавички чин. Тоа ја отсликува целата филозофија на Путин. Со наводни референдуми, демек, народот самиот се ослободил. Потоа, се потпиша еден многу срамен договор Минск 2. Минск 1 беше само формален договор за разграничување, а копотписници беа Гранција, Германија и Белорусија. Тој срамен договор веќе не се ни коментира, бидејќи тоа збначеше капитулација на Украина. Поранешмната канцеларка на Германија – Меркел призна пред три недели дека тој договор морал да биде таков за Украина тогаш да не биде цела освоена, но дека се добил период вокој Украина можела да се подготви за одбрана. Дали постоела подготовка не е јасно ако се знае дека францускиот претседател макрон се до пред самиот напад на Русија на 24 февруари лани се обуваше да го спречи Путина да го стори тоа и тврдеше дека Киев треба да го прифати потпишаниот договор.
Какви беа околностите пред нападот врз Украина говори и она што го направи тогаш актуелниот премиер на Бугартија. Херојот на поновото време е токму Кирил Петков кој успеал во последен момент да ја снабди украинската армија со потребното гориво за таа да може да ја активира целокупната своја артилерија и тешкото вооружување. Ова беше вистински шок за руските генерали! Но без тоа вооружување ќе имаше многу жртви но со таа помош украинската армија направи страшни подвизи и се надмина себеси.
Кога го прашаа белградскиот режисер Горчин Стојановиќ дали би сакал или можел да направи филм или драма за Украина, тој одрекна – за драмската структура се потребни јунаци, еден, два, три, а во овој случај, целиот украински народ е јунак.
Иако ме прави горд тоа што преку НАТО ѝ помагаме на Украина, но ме прави горд пропагандно психолошкиот сегмент, бидејќи мојата земја и мојот народ покажаа голема кревкост во тоа како се поддржува една војна. Анкетите за испитување на јавното мислење покажуваат значителна поддршка за злосторникот Пујтин .
(Ова е дел од излагањето на конференцијата „Украина -гдина на хероизмот“, во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија)