Запленети беа и акции вредни 350 илјади евра кои минатиот месец во пакет беа огласени на продажба на „Македонска Берза“ но заинетересирани купувачи немаше
Двата стана се дел од запленетиот имот и запленетите средства вредни 30 милиони евра кој Мијалков и ги предаде на државата во замена за признавање вина и спогодба во случајот „Империја“ каде доби тригодишна затворска казна. Минатиот месец на берзата беа понудени пакетот запленети акции на Мијалков но за нив немаше заинтересирани купувачи.
Две илјади евра за метар квадратен е почетната цена на лицитацијата на двата луксузни станови на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков лоцирани покрај брегот на Охридското езеро. Агенцијата за управување со одземен имот ги стави на оглас становите кои беа запленети од Мијалков во случајот „Империја“.
Становите вчера беа отворени за разгледување за заинтересираните граѓани кои имаат рок за поднесување на пријавите од заинтересираните понудувачи ќе трае до 23 август до 14 часот а тие се должи да уплатата 10 отсто од вредноста на станот кој би сакале да го купат. Лицитацијата за имотот ќе почне на 25 август во 14 часот.
Од огласот на Агенцијата за управување со запленет имот може да се види дека едниот стан со вкупшна површина од 65 метри квадратни се продава по почетна цена 5,7 милиони денари или околу 94 илјади евра. Вториот стан со вкупна површина од 114 метри квадратни има почетна цена од 9 милиони денари или 150 илјади евра.
„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба. Јавното надавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач“, стои во огласот на Агенцијата
Двата луксузни станови само мал дел од недвижниот имот кој му беше запленет на Мијалков во случајот „Империја“. Запленети беа и акции вредни 350 илјади евра кои минатиот месец во пакет беа огласени на продажба на „Македонска Берза“ но заинетересирани купувачи немаше.
За да издејствува спогодба со Обвинителството кој резултираше со тригодишна затворска казна, Мијалков на државата и предаде имот вреден над 20 милиони евра како и 6,1 милион евра во готово. Тогашната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, соопшти дека на Мијалков му е запланет имот вреден вкупно 30 милиони евра.
Тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) го отвори случајот „Империја“ во 2018 година а го заврши Обвинителството за гонење на организиран кирминал. Дваесетина лица беа обвинети за злосторничко здружување, измама, перење пари, оштетување или повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластување.
Седуммина обвинети признаа вина и се спогодија со Обвинителството.Покрај Мијалков тоа го стори и Орце Камчев. Мијалков ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид па затоа тригодишната казна ја издржува во затворот од отворен тип во Струга.