Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАРИНА ПРВАСЕВДА, ПЕЈАЧКА И БОРЕЦ ЗА ЧИСТА ПРИРОДНА СРЕДИНА

April 20, 2021 Filed Under: Ревија

Јавноста денес ја препознава по традиционалните песни. Вели дека во тие стихови е вткаена суштината на луѓето како културолошки и како емотивни битија.

ТОШЕ ОГНЕНОВ

Евгенија Здравевска, или во јавноста позната како Зарина Првасевда, стана препознатлива по нејзините мини-настапи низ планинските врвови. Таму, вели, ја нашла сплотеноста на двете суштински работи што со години се дел од неа – музиката и природата

Низ планините одекнува нејзиниот глас. Чиниш, од искони е таму и ги чува врвовите и пространствата со стихови излезени од вековната традиција.

Евгенија Здравевска, или во јавноста позната како Зарина Првасевда, стана препознатлива по нејзините мини-настапи низ планинските врвови. Таму, вели, ја нашла сплотеноста на двете суштински работи што со години се дел од неа – музиката и природата.

„Јас имам спортски дух и кога го открив планинарењето како спорт, како некако да си дојдов дома на некој начин… За мене природата е манастир и една од најсилните инспирации и учители“, вели Зарина Првасевда.

Нејзиниот глас во јавноста се појави речиси одненадеж, иако со години растела со музика. Вели дека не сакала да се експонира.

„Многу ми беше битно да дојдам до ситуација во која музиката ќе биде тоа што мене ќе ме одбележува. Не која сум, како изгледам и така натаму. Имав идеја и воопшто да не се појави моето лице. Да оди само музиката чисто“, објаснува Зарина.

Но, откако нејзиното прво видео пред две години се појави и стана популарно на социјалните мрежи веќе било јасно дека нема враќање назад.

„Не сум љубител на себе потврдување во светот и заради тоа сакав да се потсокријам зад некаков псевдоним. И така излезе и Зарина Првасевда“.

Јавноста денес ја препознава по традиционалните песни. Вели дека во тие стихови е вткаена суштината на луѓето како културолошки и како емотивни битија.

Традиционалната песна има една таква моќ, што допира сечие срце. Затоа со толкава љубов им пристапувам. Навистина е еден многу силен инструмент што како стрела прободува во срцето“.

БОРБА ЗА ШАРА Големиот венец на бели врвови бара посебна заштита

Извор за овие стихови ѝ се старите луѓе низ селата каде често застанува и се интересира за начинот на кој некогаш се живеело. Уште ја памети и првата песна од детството

„И се сеќавам на комшиката Костадинка од која што ја научив првата традиционална песна што и до ден денес ми одѕвонува во главава“.

Знае да запее традиционални песни и на албански, турски, арапски, индиски јазик. Не верува во поделби по раси и религии, туку во сплотување преку музиката.

„Луѓето ги гледам како луѓе и ми е многу значајно каков ќе биде мојот удел врз нивното постоење и секој ден се трудам да се натпреварувам со себе си за да станам подобар човек“.

ДАЛЕКУ СЕ СЛУША Како што велат – добриот глас далеку се слуша

Сепак, тоа што најмногу ја погодува е општата негрижа за животната средина во земјава. Пред себе си има поставено и мисија, да помогне во заштитата на природата преку нејзиниот глас.

„Дали ќе успеам не знам. Но, тоа не ме обесхрабрува. Напротив, ме прави уште посилна. Сè додека не видам промена, јас ќе продолжам да зборувам, да опоменувам додека не стигнеме до разрешување на овие работи“.

Својата мисија Зарина ја продолжува и преку нов албум, што треба да биде објавен наскоро. (воа)

 

Filed Under: Ревија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet