Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ

October 1, 2024 Filed Under: Македонија

Кој е задолжен за протоколот во кабинетот на Давкова Силјановска? Кој е дел од нејзиниот кабинет?

ДЕБАКЛ Членот на тимот на претседателката Горан Момироски ги моли новинарите во Софија да не и поставуваат прашања на својата шефица

Сосема очекувано е дека некој од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановка Давкова ќе оди „курбан“ заради скандалот со неистакнување на државното знаме на Северна Македонија за време на посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.

Секако тоа нема да биде веднаш, но секако после одредено време ќе бидеме сведоци на еден ваков исход бидејќи ваков мега пропуст не може да остане без идентификација на виновникот и на одговорноста која што мора да биде спроведена. Ако не биде така, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ризикува овој скандал да и биде припишан само нејзе.

Се разбира, одговорноста зошто го нема знамето на нашата држава на средбата е на бугарската страна, но, секако, прашање на реакција е на нашата страна, односно на Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Прашање е и каде биле и што гледале лицата задолжени за протокол и односи со јавноста во Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Оттаму, како што напишавме погоре, Сосема очекувано е дека некој од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановка Давкова ќе оди „курбан“ заради скандалот со неистакнување на државното знаме на Северна Македонија за време на посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.

Еве ги членовите на Кабинетот на претседателката.

Жидас Даскаловски, професор по управување со човечки и социјални ресурси и по геополитика на Факултетот за безбедност, е надворешен соработник за меѓународна политика. Тој е жесток критичар на Договорот од Преспа, а беше гласен и при неговото потпишување кога беше и говорник на протестите против него. На јавната сцена е присутен повеќе од петнаесет години, во почетокот како еден од челните лица на невладината организација Центар за истражување и креирање политики.

За надворешен советник за прашања поврзани со европските интеграции, претседателката го одбра Златко Јанковски, поранешен портпарол на Секретаријатот за европски прашања во владата на Никола Груевски. Тој беше еден од основачите и овластено лице на институтот „Павел Шатев“, активен во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, особено во спроведувањето испитувања на јавното мислење, кои голема предност ѝ даваа на тогаш владејачката партија. Во работната кариера, Јанковски беше ангажиран и во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Генерален секретар е Ѓорги Божинов, правник со над 26 години работно искуство. За разлика од него, името на заменикот генерален секретар Горан Момироски е попознато во јавноста. Тој е долгодишен новинар кој последните години ги помина во телевизијата Алфа како коавтор на емисијата „Заспиј ако можеш“.

Досега не е објавено кој/а е задолжем за протоколот на претседателката, но вообичаено, кога нема посебна личност во самиот кабинет, за ова е задолжен некој од секторот за протокол на Министерството за надворешни работи.

Но, од МНР досега за овој скандал нема ниту збор, како што го нема ни министерот Тимчо Муцунски кој избра да биде далеку од овој политички дебакл на македонската дипломатија.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet