Можното воено соочување на големите сили заради Украина направи нови приоритети во западните стратегии. Притоа Русија ги задржува своите позиции на Балканот – за неа Бугарија секогаш била клучен играч во нејзината империјалната политика од Берлинскиот конгрес наваму. Западните сојузни веруваат во истото: дека тие имаат свој верен сојузник во Софија. Шизофрено, нели?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Непосредно пред Новата година битниот телефонски разговор меѓу Путин и Бајден околу Украина мина задушен од уличните вреви, поврзани со пречекот на 2022 година. И интересот на медиумите за овој настан од кого сериозно зависеше и мирот во светот, мина без соодветен интерес. Сепак од Кремљ е издадено соопштение по телефонскиот разговор меѓу Путин и Бајден. Во него се истакнува дека главна тема на состанокот била безбедносната гаранција за Русија, за што двајцата лидери разговарале на нивната претходна он-лајн средба а кога Москва постави доста тешки услови поврзани со одбраната на НАТО на Украина, непосредно спроти заканите на Русија кон западниот сосед, што беа посебно затегнати од април минатата година. Дали непријатноста на барањата упатени кон западните сојузници во врска со овој конфликт се надминати?.Се чини главно не, иако Бајден да речеме дал гаранција дека Украина нема од НАТО да добие офанзивно оружје, што според дополнителната изјава на министерот за надворешни Лавров и не е доволна?! И тие разговори треба да продолжат во Женева на 9-10 јануари, а потоа во Брисел на 12 јануари во рамките на Советот Русија – НАТО, а на 13 јануари преговорите ќе почнат во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Но, дали ова силно заострување меѓу две велесили во областа на Црното море, со блиски средби на авиони и воени бродови не влијаеше на пошироката средина, па и на С.Македонија пред се? Се чини дека тоа се случи и тоа токму во последниот месец од годината, кога ние како земја очекувавме да дојде до израз финалето на силниот меѓународен притисок врз Софија па таа да го тргне своето вето за отпочнување на преговорите со ЕУ.
Факт е дека кај нас (а и во соседна Албанија) тој миг се очекуваше со голема извесност токму во тој временски простор. Што упатуваше на тоа?
Секако дека заклучокот доаѓаше и од многу детали од средбата на големите европски лидери со претседателот на Бугарија Радев во Брдо кај Крањ (Самит за Балкан, 7 октомври), кога според телевизиските извештаи, дури и тонот да беше случајно исклучен а да се користеше само визуелниот приказ, беше јасно дека претставникот на источниот сосед излезе од салата каде се држела затворената за јавност средба (присуствуваше дури и канцеларката Меркел иако беше со една нога во пензија) со збунувачки израз. Дури и најдобриот холивудски шминкер не би можел да го покрие тој негов изглед кој кажуваше се’ –дека за Радев просторијата што остана зад него личела на мачилиште, со закана потоа да влезе во Дантеовиот пекол во блиска иднина. Имаше многу најави секако како тие непосредни денови би изгледале – скусување на парите од Унијата (испробан модел во случајот со некои одлуки на полското законодавство, одбивањето на „хардварците“ од партијата која победи на изборите во Бугарија да бидат тие што ќе ја аминуваат волјата на Радев и слично). Вордингот на бугарскиот претседател во Брдо кај Крањ видливо не се смени, но тоа не загрижуваше – Заев говореше со доста тврд гард, веројатно охрабрен од присутните а дури и лидерот на нашата опозиција Мицковски, навистина два месеци подоцна, иако генератор на негативна енергија во општеството, призна дека за најдоцна пет дена ние ќе добиеме одлука за отпочнување на преговори со Унијата и побара СДСМ да не си ги припише заслугите само себе си за тој чин!
Нешто некаде „пукна“ во тој миг во хронологијата на настаните и работите се сменија молневито- реториката на Радев и компанијата околу него стана уште поостра, европејците се оладија во својата решитеолност да ја виткасат бугарската рака до крај а високиот американски претставник за Балканот Габриел Ескобар го снема од екранот пред Нова година! И декемвриската сесија за нас и Албанија се покажа како нов неуспех а не се доби ниту нов, утешен термин.. Каде е „закачќката 22“?
За да дојдеме до одговорот треба да се одлепиме од „дрвото“ – да се обидеме еднаш да го погледнеме макдонско-бугарските односи од подалеку, од точката од каде се гледа и поголем дел од „шумата“ – просто регионот во кој има бурни настани, се предизвикани од ривалитетот на големите сили, се под силен гас среде кризата на украинско – руската граница а посебно се заканувачки во Црното море. Одеднаш Бугарија доби далеку повисока стратешка позиција, секако не со своите прастари мигови кои знаат и да паднат одвреме-навреме или со својата флота од советскиот период, туку со аеродромите и пристаништата на Црно море и своите „режиски услуги“.
Во услови на можна голема војна се тргаат од видокругот сите работи кои можат да станат пречка во максималната ефикасност на сопствените ресурси. За Американците ова значи одложување на притисокот кон Радев и дружбата како што, дали забележавте, актуелната влада во Подгорица, која беше пред сигурен пад, ненадејно преживеа, иако беше порачана седница на која таа требаше да падне и социјалистите одново да се вратат на тронот со четирите гласови на Абазовиќ. До тоа не дојде, од тоа беше изненаден и иницијаторот на промената и оние кои требаа да ја бранат превласта во Парламентот (да ја наречеме работно – просрпската коалиција)..Најзачуден остана човекот кој требаше да ја напушти владеачката коалиција – токму Дритан Абазовиќ. За да не го изгубиме контекстот да останеме за час во Подгорица.
Во дебата на загрепската редакција на N1 црногорскиот аналитичар Андреј Николаидис ја коментираше ситуацијата во земјата откако на неодамнешната седница на Парламентот се одложи а со тоа дојде до откажување од рушење на владата. Вп еден миг, по аналитичарот изгледало дека владата на Здравко Кривокапиќ е во ситуација да ја поддржуваат само 14 од 81 пратеник. „Се уште не е јасно зошто владата не падна – вели тој ама додадава – „една стара кинеска поговорка вели дека има повеќе начини да се одере мачка“.
Тој и некои други коментатори истакнаа по тој повод дека се свесни дека нивната земја е во мигот најзначаен српско-руски хибриден фронт, како што велат и се знае како е поставен (кон Западот). До рушење на парламентарното мнозинство требаше да дојде сам по половина ден откако американскиот претставник Ескобар беше да ја опомене Бања Лукса за тамошните рушителни акции уперени кон БиХ и Дејтонската основа на оваа држава. Таму во помош пристигна, како котра-страна и Орбан со своите 100 милиони евра (!) помош Додик да го издржи тој притисок, што малку појасно го дефинира веќе спсменатиот фронт меѓу Истокот и Западот. Шизофрено е нели?!
Затоа Црна Гора се чинеше во тој миг земја со најслаба точка и систем каде според аналитичарот Михајло Терзиќ, Црногорец кој живее во Белград, претходно власта се освои со „фашистичкиот етно-центризам“, односно со политичките процесии на Српската павославна црква. Основна стратегија на таа операција коај заврши во август лани, беше „интегрирање на сите Срби во регионот“ и тоа кога монтенегрите се веќе во НАТО. Оваа држава во силна раздвоеност на интересите, сега не доби никакво ново поглавје за натамошни преговори со Унијата. Сепак, пред да се случат промените во Парламентот одновио имаме од некаде мистичен сигнал кој вели „не сега“: Јадранот е битна географска позиција, но ако само во мигот таму нема бранувања. Падот на власта немаше да биде таков знак. Но имаше доволна опомена во стилот „Ѓекна се уште не е ама…“.
Каде е тука Северна Македонија? Па таа е на „линијата на огнот“, како што јасна кажа Џон Кери, државен секретар на САД во февруари 2015 година и при тоа појаснувајќи дека се работи за проценка виза ви американско – руските односи!
Во 2021 година посебно на крајот, ние немавме доволна заштита, иако мора да се подвлече дека организираното рушење на мнозинството во Парламентот, создадено со моќна акција на другата страна на фронтот, не успеа, иако не е сосема јасна, до крај, одлуката на Зоран Заев за повлекување на функциите, што на интерната нестабилност и даде додатна, силна инерција.
Да се сетиме на тоа дека сега експремиерот Заев спомена после локалните иабори дека огромни пари се слеале во земјава пред гласањето, дека се работи за финансирани политички сили во ова одлучување на гласачите; потоа, имавме јасен обид за правење на промена во мнозинството во македонскиот Парламент, за кое знаеме како заврши, секако и со подршка на западните сојузници кои навреме св сетија што е целта при овој потег; потоа дојде до оставката на Заев кој беше заменет со негов фаворит, чија биографија секако треба внимателно да се исчита …
Од другата страна на фронтот добивме еден руска „чадна бомба“ во форма на документарец што наводно ја поддржува нашата национална свест, но реакција на Софија експресно да дојде од Кремљ до своевидна исправка. Едноставно се потврдува дека Бугарија оостанува централна фигура во империјалната политика која Москва ја има на Балканот од Берлинскиот конгрес па наваму! Конечно, неколку часови пред Нова година дојде до распад на правосудниот систем, охрабрен од некаде и некого, кога од зад решетките излегоа двајцата најкрупни „ѕверки“ кои ги имавмр во Шутка – Мијалков и Камчев, последниот и постојан кандидат за почесен конзул на Софија во земјава. Ни се случуваат и други нешта кои бараат додатен простор, но ниту една земја од „линија на огнот“ не претрпе такви удари на крајот на 2021 година.
Унијата има своja традиционална индиолетност, САД си постави набрзина нови приопритети а Русија има доовлно широк круг на помагачи на кои може да смета во дестабилизацијата на регионот.