Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: КОМИСИЈАТА БЕЗ МАНДАТ А НОВАТА ВО КАНЏИТЕ НА СОБРАНИСКАТА НЕЕФИКАСНОСТ

October 1, 2019 Filed Under: Македонија

Итно да се формира Комисијата за заштита од дискриминација – апелира невладиниот сектор

ПРАВЕН ВАКУУМ Може да се создаде правен вакуум бидејќи ќе истече рокот за постапување по веќе поднесените претставки

Четири месеци по донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, неговото спроведување сé уште не е започнато. Досегашниот состав на Комисијата за заштита од дискриминација престана со работа, а новиот состав сé уште не е избран од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Поради ова, граѓаните не можат да добијат ефикасна заштита од дискрминација, особено доколку истата се случува во приватниот сектор, посочуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

„Во изминатиот период бевме сведоци на чест сексистички говор од страна на јавни личности и од страна на медиумите. Во состојба во која Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сé уште не е формирана, согласно новиот закон, немаме институционални механизми пред кои можеме да ги пријавиме овие случаи“, велат во Мрежата за заштита од дискриминација.

Собранието итно да ја формира независната Комисија за заштита од дискриминација, како клучен елемент за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, политичките партии да се воздржат од партиски игри при изборот на членовите кои треба да имаат интегритет, а изборот на членовите да ја отсликува во суштина разноликоста на општеството во целина, повикаа учесниците на неодамнешната јавна дебата „Што по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација? Предизвици во спроведувањето на ЗСЗД“ во организација на Мрежа за заштита од дискриминација.

ДИСКРИМИНАЦИЈА Бидејќи старата Комисија нема мандат не може да се постапува по вообичаени сексистички изјави на политичари

Изборот на членовите на Комисијата е ставена како точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, чие одржување деnеска беше одложено, како последица на што може да се создаде правен вакуум бидејќи ќе истече рокот за постапување по веќе поднесените претставки од страна на граѓаните за дискриминација по разни основи.

Мрежата ќе се залага за усогласување на останатите закони, со Законот за спречување и заштита од дискриминација, а фокусот ќе биде ставен на законите за парнична постaпка и за средно образование.

Драгана Дрндаревска, правна советничка од „Коалиција Маргини“ посочи дека во изминатите два месеци се повеќе е присутен говор на омраза во медиумите, особено со притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и изборот на новата министерката за финансии.

Росана Богатинова, проектна координаторка од „Хера“, се осврна на постапката за избор на членовите на Комисијата при што потенцира дека има пропусти уште при објавувањето на самиот оглас и во однос на почитувањето на законскиот рок, на објавувањето на јазиците согласно Законот, како и во начинот на објавувањето.

– Имаме ситуација кога повеќе од еден месец немаме тело за еднаквост во државата. Крајниот рок за формирање на Комисијата беше 22.август, а мандатот на претходниот состав истече, информира таа.

КОМИСИЈАТА ЧЕКА АМИН Во Собранието на РСМ нема никаква ефикасност во однос на решавање на кадровските прашања

Александра Цветановска, проект менаџер од „Македонското здружение на млади правници“ говорејќи за ефектите од ненавремениот избор на членовите на Комисијата нагласи дека се примаат претставките кои ги поднесуваат граѓаните на државата, додека рокот во кој Комисијата треба да постапува по нив е 30 дена. Учесниците на јавната дебата се прашуваат кој ги прима претставките од граѓаните, кога Комисијата не е формирана и уште помалку да постапува.

– Луѓето ја губат правната сигурнсот во ова тело. Имаме рапиден раст во 2018 година на поднесени претставки до Комисијата за заштита од дискриминација. Во 2018 година се поднесени 132 претставки, за ралика од 2017 година кога беа поднесени 59 претставки, информира таа.

На денешната дебата беше констатирано дека иако постои политичка волја, прашањето не се третира доволно сериозно, а во демократска држава каква што сакаме да бидеме прашањето за недискриминација мора да биде приоритет, особено во пресрет на очекувањата за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet