Заштитениот сведок тврди дека со некои од обвинетите бил на мало растојание и дека во критичниот ден на убиствата на Смилковското езеро имало три возила со кои се довезле лицата кои се товарат за убиства
Со сослушување на загрозениот сведок, кој одговара на прашањата на адвокатите на обвинетите, цела мината недела, освен еден ден паууза побарана од обви9нителството, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година.
Во судницата беа присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, кој е спроведен од затворот Шутка, каде издржува затворска казна за друго дело. СЈО во овој предмет го застапуваат специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот на денешното рочиште кажа дека од Министерството за правда добил писмо дека е во тек постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово.
Во овој процес централно место има сведочењето на загрозениот сведок означен како Е1. Тој сведочи од некоја соседна просторија на судницата а неговиот глас е изменет. Паузата минатата недела беше дадена заради негова замореност, што може да открие дека се работи за личност која има проблеми со својата здравствена кондиција. Тој одговара на прашања од одбраната.
Адвокатот Асмир Алиспагиќ најпрвин го праша дали се сеќава во што биле облечени адвокатите и обвинетите на рочиштето во средата, по што сведокот одговори дека за повеќето од нив се сеќава и опиша што носеле. Со ова прашање адвокатот најверојатно сакаше да провери дали зад екранот седи истиот сведок од пред два дена.
Сведокот инаку говореше дека дента кога беа убиени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро, видел три возила. За едното возило се сеќава дека бил голф, кое повеќе пати го видел кај езерото, а во кое според сведокот се превезувале некои од обвинетите. За другите две возила рече дека не се сеќава која марка биле, а за боите посочи дека едниот автомобил бил син, а другиот бел или сив.
Загрозениот сведок на минатото рочиште кажа дека останува на исказот даден на претходна постапка. Тој во судницата препозна неколкумина од обвинетите и ги опиша.
Одбраната смета дека загрозениот сведок е конфузен во одговорите и затоа се сомневаат во вистинитоста на неговите искази. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Загрозениот сведок рече дека вршел препознавање во обвинителство, каде му биле покажани фотографии, без притисоци и закани. Фетаи побара од сведокот да каже дали препознава некој од тие што ги видел на местото на настанот сега да се присутни во судницата. Препозна неколкумина и ги опиша, по што обвинителката Фетаи ги посочи Агим Исмаиловиќ и Самир Љута.
Фетаи побара Самир Љута да стане, на што сведокот кажа дека е 100 отсто сигурен дека е тоа лицето со лузна. Прашан од која далечина ги видел овие лица, кажа дека секогаш различно и дека ги имал видено од пет метри до еден метар близина.
Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, пак, се обидуваше да го наведе сведокот со прашања, а на секое прашање има реакција од СЈО или судот. Судот и обвинителите го подучија сведокот да не одговара ако не смета дека треба и да не ризикува да си го открие идентитетот.
Прашан колку возила имало на критичниот ден, загрозениот сведок рече дека заедно со Голфот биле три. На прашањето дали на препознавање му биле покажани 48 слики, одговори дека видел повеќе фотографи.
Прашан за тоа каква боја била лузната на човекот што го посочи како Самир Љута, рече дека била црвена боја.
Одбраната смета дека загрозениот сведок е конфузен во одговорите и затоа се сомневаат во вистинитоста на неговите искази. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување.
Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на рочиштето побара од судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница.
Судијата Огнен Ставрев кажа дека веќе се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција.

(Е.Г.)