На барање на обвинителот, по донесување на најновите измени на Законот за заштита на сведоци
Во многу квартови во градот, каде често се забележани полицајци кои чуваат влезови во некои згради а тука не живее некоја ВИПО личност, имаме приказни за тоа дека тука е сместен некој заштитен сведок. Факт е дека во зависност од политичката определба на раскажувачот, члуваниот може да биде опишан и како „тастер“ или „кодош“. Ова „керстење“ многу повеќе кажува за човекот со кого разговарате отколку да седите во некоја кафеана и да разврзете муабети.
НОВА СИТУАЦИЈА Од правна гледна точка имаме една една нова ситуација. Со објавување во Службен весник на штотуку донесениот Закон за заштита на сведоци, СЈО ќе ги активира сведоците за кои постојано зборуваше дека не смее да ги спомене, зашто постоеше опасност уште истиот момент кога ќе ги предложи, да ги дознае цела Македонија и пошироко.
Според порталот Сакам да кажам.мк заштитени сведоци ќе се појават најверојатно во истрагите што се водат за перењето пари во „Актор“, во „Скопје 2014“, во почнатата истрага за кражба со увозот на струја, каде има сомневања за нелегално присвоени огромни суми државни пари, кои отишле во приватни џебови, потоа за убиството на Мартин Нешковски и за други истраги.
Бидејќи Законот за заштита на сведоци се однесува во делот на процесните дејствија, СЈО ќе може веднаш да го примени и за веќе почнатите судски процеси, иако обвиненијата одамна се поднесени и сведоците и доказите се предложени.
КАДЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ Заштитени сведоци веднаш може да се појават во случаите за „Таргет“ и „Тврдина“ и во предметите за изборни нерегуларности.
Заштитен сведок, појаснуваат од ова обвинителство, се користи за откривање на злосторничка група и за случаи на перење пари, а повеќето од 17-те поднесени обвиненија не се однесуваат на овие кривични дела, туку на други.
Владата на Република Македонија го поднесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. Со предложениот закон се уредува надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во постапката за заштита на сведоци.
Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, се вели во објаснувањето на содржината на одредбите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, содржи 16 члена. Со членот 1 од предложениот закон се врши усогласување на терминолошката поставеност на оваа одредба со концептот кој е разработен во понатамошните одредби од овој закон.
ТЕРМИНОЛОШКО УСОГЛАСУВАЊЕ Со членот 2 се врши терминолошко усогласување на членот 12 од Законот со додавање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, покрај Советот за заштита на сведоците.
Со членот 3 се додава нов член 15-а со кој се даваат надлежности на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во делот на одлуката за вклучување во Програмата за заштита на сведоци.
Имено, во согласност со овој член, тоа се однесува на предмети од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во согласност со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Одлука за вклучување во Програмата од членот 15 од овој закон донесува јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Оваа одлука јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја донесува врз основа на писмено барање за вклучување во Програмата доставено од сведокот, соработникот на правда, жртвата која се јавува во својство на сведок или од Министерството за внатрешни работи. Барање за вклучување во Програмата може да поднесе и лице кое поради можната опасност да биде изложено на заплашување, закана со одмазда или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имот од поголем обем, не се согласува во својство на сведок да даде исказ во кривичната постапка, по што јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациитеќе ги обезбеди податоците од членот 16 од овој закон.
ОПИС И ПРОЦЕНКА НА ОПАСНОСТА Исто така, во овој член е пропишано дека јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до Одделението ги доставува сите неопходни информации за лицето за кое се бара вклучување во Програмата заради добивање мислење во кое ќе бидат содржани описот и процената на опасноста која му се заканува на лицето, предлог на трошковник за спроведување на мерките за заштита и предлог на мерки за заштита и нивно траење. Во овој член е дадена и надлежност на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека може да донесе одлука за примена на мерката за заштита „промена на идентитет“.
Во членот 4, во однос на содржината на барањето за вклучување во Програмата за заштита на сведоци се врши техничко усогласување со додавање на членот 15-а. Со членот 5 во кој се уредени условите за вклучување во Програмата за заштита на сведоци, исто така се врши техничко усогласување со додавање на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
НЕЗАКОНСКО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ Со членот 6 се додава нов член 19-а кој се однесува на вклучувањето лице во Програмата по одлука на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Имено, доколку јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите донесе одлука за вклучување во Програмата, тој ќе го задолжи Одделението да склучи спогодба со лицето кое е вклучено во Програмата. Исто така, доколку јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите донесе одлука за вклучување на блиско лице во Програмата, тој ќе го задолжи Одделението со блиското лице да склучи спогодба.
Со членот 7 се додава нов член 21-а со кој е уредена материјата за писмената согласност за вклучување во програмата за заштита во согласност со новопредложениот член 19-а.
Имено, пред донесувањето на одлуката од членот 19-а на овој закон, јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите бара писмена согласност од лицето за кое се спроведува постапка за вклучување во Програмата. Одлуката заедно со писмената согласност на лицето за вклучување во Програмата се доставува до Одделението.
Со членот 8 се додава нов член 22-а со кој се уредува материјата за Продолжување на Програмата од страна на јавниот обвинител за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
ПРОДОЛЖЕНИ МЕРКИ Имено, мерките за заштита утврдени во Програмата и определени со Спогодбата може да се продолжат по барање на раководителот на Одделението или со одлука на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, доколку и натаму постои потреба за заштита на лицето. Ако не постои барање на раководителот на Одделението, а и понатаму постои потреба за заштита на лицето, јавниот обвинител за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да донесе одлука за продолжување на мерките за заштита утврдени во Програмата. Траењето на примената на мерките за заштита во согласност со наведеното може да се продолжи само со согласност на заштитеното лице.
Со членот 9 се изменува членот 23 од Законот со додавање два нови става во однос на итните мерки.
Имено, во случај кога сознанијата за постоење на околностите од ставот 1 на овој член ги има јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, тој го известува Одделението за потреба од примена на итни мерки. По добивањето на известувањето, Одделението во рок од 24 часа ќе донесе одлука за нивна примена, ќе ги преземе тие мерки и за тоа ќе го извести јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во овој член се врши и терминолошко усогласување со додавање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во другите ставови од постојниот член 23 од Законот за заштита на сведоци. Со членот 10 се врши техничко усогласување со додавање на основите од членовите 19-а и 21-а кои веќе беа образложени.
Со членовите 11 и 12 се врши терминолошко усогласување со додавање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Со членот 13 се интервенира во членот од Законот кој ја уредува материјата за престанок на Програмата за заштита. Имено, се додава нов став во согласност со кој во случај кога одлуката за вклучување во Програмата е донесена во согласност со член 15-а од овој Закон, одлука за престанување на Програмата во согласност со ставот 1 точки 4 и 5 на овој член донесува јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по предлог на раководителот на одделението или заштитеното лице, односно неговиот законски застапник.
Со членот 14 е предвидено дека во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе ги утврди: начинот на водење евиденција, заштита на чување на списите и записникот, овластените лица и начинот на постапување по барањето на сведокот, соработникот на правдата и жртвата која се јавува во својство на сведок поднесено до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Со членот 15 се пропишува дека започнатите постапки за заштита на сведоци, соработници на правдата и жртви кои се јавуваат во својство на сведоци пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да се водат и завршуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на сведоци („Службен весник на Република Македонија” број 38/05 и 58/05).
Со членот 16 се уредуваат влегувањето во сила и примената на овој закон. Имено, во согласност со овој член, овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија” и се применува сè до престанувањето на важењето на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
ЗАДОВОЛСТВО Специјалното јавно обвинителство е задоволно од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кој наскоро треба да се најде на усвојувње во Собранието. Од обвинителството за „Мета“ велат дека во предложеното законско решение се вградени барањата и сугестиите што СЈО ги дало во текот на подготовката на предлог-законот.
– СЈО беше вклучено во работната група за подготовка на предлог-измените на Законот за заштита на сведоци. Нашите барања и сугестии беа прифатени и вградени се во текстот. Овој предлог-текст одговара со барањата и на потребите на Специјалното јавно обвинителство – ни одговорија од СЈО.
Според измените, на СЈО му се дава целосна автономија за прашањето за заштитата на сведоци, односно специјалната јавна обвинителка ќе ги има истите овластувања што ги има и Советот за заштита на сведоци.
Ова значи дека СЈО ќе одлучува кое лице ќе биде заштитен сведок, односно ќе биде вклучено во програмата и за кое ќе знаат одреден број луѓе, бидејќи како што предвидуваат измените, специјалната обвинителка одлуките ќе ги носи независно од Советот. Во него, инаку членуваат судија од Врховниот суд, претставник од Јавното обвинителство од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите, претставник од МВР и раководителот на одделението во МВР.
Инаку, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, уште во јануари минатата година побара измени во Законот за заштита на сведоци, кои по 10 месеци, односно во октомври, на предлог на тогашната опозиција, се најдоа во Собранието, но не беа поддржани од тогашното парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ.