ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Мицковски сигурно не чул дека термиот „министер за неправда“, кој што сега тој го користи, датира од едно друго време и се однесува на Михајло Маневски, а Министерството за правда е алузија на неправда, тогаш тој треба да се присети дека тој објект, уште во 2016. година, беше исфарбан со сите бои на спектарот, токму поради неправдите кои доаѓаа оттаму!
И за овој викенд во план ми беше да пишувам за проблемите кои го обременуваат нашиот правосуден систем, притоа држејќи се понастрана од политиката, само и само поради тоа што и натаму опстојувам на ставот дека таа треба да биде подалеку од судската власт!
Но, едно се желбите, а сосема друго – реалноста. Всушност, целиот „концепт“ ми пропадна кога го слушнав лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоцски, кој најави протест „против неправдата, реваншизмот и политичко насилство“?!
Уште од старт не ми е јасно зошто протестот треба да започне од пред Министерството за правда и зошто треба да заврши пред Министерството за информатичко општество и администрација?
Ако Министерството за правда треба да претставува некаква алузија на неправда, тогаш Мицковски треба да се присети дека тој објект, уште во 2016. година, беше исфарбан со сите бои на спектарот, токму поради неправдите кои доаѓаа оттаму!
Можно е Мицкоски да не знае, но во време на владеење на Груевски истото тоа министерство функционираше како „двоглаво“, односно како министерство на ДУИ и министерство на ВМРО-ДПМНЕ, претставувано во ликот на Михајло Маневски и подоцна преку Билјана Бришковска – Бошковски! Мицковски сигурно не чул дека термиот „министер за неправда“, кој што сега тој го користи, датира од едно друго време, а се однесува на Михајло Маневски. А ако не знае кој е Михајло Маневски тогаш нека ги преслуша „бомбите“ кои беа објавувани на почетокот на 2015. година и дури потоа ќе сфати за што зборувам кога велам дека „правдата не живееше во зградата на Министерството за правда“! Инаку, многу од имињата кои ги спомнува Михајло и ден – денеска се на „државни јасли“ и земаат плати од илјада и кусур евра!
Не знам дали оние кои заедно со Мицкоски излегуваат на протест слушнале за терминот „Сваровски“? Доколку има и такви, тогаш само ќе потсетам дека судија, во време на ДПМНЕ се станувало и со „Сваровски“ подароци, но дека главниот избор на судии и обвинители е „тефтерчето на Горде“, а таму освен „Марко си знае“, сигурни се и Јово Илиевски викан „Баџанак“, Петар Аневски и уште многу други обвинители, но и Владимир Панчевски, Јово Вангеловски и уште десетици други.
И можеби се ќе беше в ред со тезата на Мицковски, кој цени дека „довербата во правосудството е минорно“, да не беше објавен извештајот на Европската унија во кој се констатира дека најголемиот напредок државата направила токму во делот на правосудството!
Христијан Мицковски многу љуби да го користи и терминот „мафија“ и со него да ги штити дури и новинарите?! Лидерот на ДПМНЕ уште еднаш покажаува елементарно непознавање на работите, бидејќи термиот мафија ( или „ф
амилија) се користи за начинот на владеење на неговиот поранешен шеф и чинам, се уште почесен претседател, НиколаГруевски. Имено, само нему и на неговата клика и се скандираше: „Мафија на робија!“
„На ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци, и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото“, ќе каже Мицкоски и нема да објасни што е тоа реваншизам и каде тој најмногу се рефлектира. Мицкоски, ако мисли и понатаму да се занимава со политика треба да разбере дека за да има „реваншизам“ требало, претходно, да има некаква реакција?!
Е сега што Мицкоски и ДПМНЕ заборавиле на тепањето и исфрлувањето на пратеници и новинари или на таканаречениот „црн понеделник“, на нападот на Општина Центар и на упадот и обидот за линч на пратеници на таканаречниот „црн четврток“ не е реваншизам и не е чин на реваншизам, туку е правно прашање.
Мене ми е јасно дека проблем сега има Мицкоски! Неговиот ментор е во Будимпешта, а тој треба да им објасни на оние кои завршија во затвор како ги изграле на еден подолг период!
Конечно, кога и јас подобро ќе размислам мислам дека е попаметно да се протестира за поскапувањето на струјата?!
П.С.
За СЈО не сакам да зборувам, бидејќи не се смирија додека Мицковски и неговите не го уништија….А СЈО се појави како потреба за да ги гони криминалите на ДПМНЕ!