Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА СЕ ГОВОРЕШЕ И НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

September 10, 2025 Filed Under: Македонија

Еден повод беше наградата за човекот кој многу стори за градот преку организацијата Suport Кочани а вториот повод беше конечното обвинение против еден од клучните актери поврзани со пожарот во овој град во кој загинаа 62 лица

ИВАН ИВАНОВСКИ Ние како Suport сторивме многу во собирање на средства за повредените а што сторивте вие- праша овој активист

На доделувањето признание по повод Денот на ослободувањето на Кочани, првиот човек на Support Kocani од говорница со остри зборови директно им се обрати на присутните функцинери, советници, директори и пратеници

-Многу ми е искрено жал за ваква работа да примам награда. Морам да бидам и искрен малку. Сите сме криви за ова што ни се случи, не може да кажеме и само да осудиме. Да, некој е повеќе крив, некој е помалку крив. Вие кои што седите тука и сте на функција сте малку повеќе криви од нас. Така да, запрашајте се сите и мислам дека е време да ги тргнете партиите настрана. Малку од срце да почнете да правите работи – истакна на почетокот Ивановски.

– Ова е ние што успеавме за 6 месеци да направеме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле. Ама дај седнете, за луѓето почнете да правите сите работи. Дај малку срце да покажеме за Кочани. Луѓето ни се селат, луѓе гинат, а ние партиски се препукуваме, кој бил од една партија, кој бил од друга, кој имал вакви интереси, кој онакви. Дај и сега при крајот вие што сте и и оние нови што ќе дојдат, дај почнете еднаш конечно да размислувате за Кочани. Прво го ставете тоа, па после сите други работи. Може не е време и место сега на ваква прилика, меѓутоа сега во моментот се чувствувам дека ми леже на срце, изјави Ивановски.

Иван Ивановски од Support Kocani вели дека оваа организација била единствената која се нафатила да собира донаторски средства за изгорените и за блиските на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Па немаше кој друг и ние се нафативме, јас не барам виновници, туку барам решение. Видовме дека тоа е решение и на тоа се концентрираме. Гледате во последниот период никого не напаѓаме, не нема во јавноста, се концентрираме на децата, рече Ивановски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

И самиот има чувство дека се избегнува зборување на темата „Кочани“, но вели дека ја поддржува најавената иницијатива „Кочани 2030“.

– Не се сите работи толку лоши и не затаиле сите институции. МНР си ја заврши феноменално работата, но некои институции како Министерството за здравство можело подобро да реагираат. Докторите се вистински херои, а кочанската болница не е виноивна, затоа што кој можел да предвиди дека таму ќе има таква катастрофа

Треба да се обезбеди факултет во Кочани и културно-спортски работи, вака ако го оставиме градот, младите ќе си заминат. После тоа што се слуши, младите повеќе не се гледаат таму, вели тој.

Познатиот финансиски аналитичар додава дека е добро тоа што има голем број на хумани луѓе и дека благодарение на Support Kocani има „еластични нараквици и лепенки“ за повредените.

– Чинат по 500, 700 па до 2.000-3.000 евра. тие не се еднократни и треба да се носат некое подолго време и да се менуваат неколку пати. А Лепенките се од 20 до 50 евра, но се менуваат постојано и ако некој има неколку изгореници, за секоја изгореница посебно треба по една лепенка, значи потребно е 300 евра да му се стави лепенка насекаде, изјави Ивановски.

Во меѓувреме, не многу ггласно надлежното обвинителство јави дека е поднесена кривична против Александар Нацев чие име е поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ Се работи за Александар Нацев инаку висок функцвионер на ВМРО ДПМНЕ.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ Носител на високи функции во матичната партија, во високото обрзование и дипломат во седиштето на НАТО во Брисел!

И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи, заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.

Иако имале сопственичка одговорност, стои во обвинителниот акт, тие не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.

На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.

Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.

Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.

Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet