Нема сомнение дека од Будимпешта без размислување за судбината на земјава се диктира „бескомпромисен отпор“ на партијата ВМРО ДПМНЕ кон актуелната власт и меѓународните пријатели. Во меѓувреме се готви „пешадијата и коњаницата“ на споменатата партијата прославата на Илинден, како и многу пати до сега, да се злоупотреби а лојалното новинарство се разголе дибидус – ќе им донесе ли пасош на потенцијалните бегалци место кесите со лимони при посета во Систина?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Без некој особен превод пораките кои странците – високи гости во земјава минатата недела ги испорачаа на македонските политичари, со јасно завртне поглед кон Шампитата, зградатра на ВМРО ДПМНЕ, требаа да го иницираат вртењето на тромиот танкер на политиките на Мицковски во вистинската насока. Од таквите пораки умееше да ја свати поентата дури и поранешниот шеф на оваа партија Груевски, кој тогаш не беше во странство со азил во рацете, и беше исплашен и за себе кога се работеше за ваквите апели. Можеби мислеше дека секогаш ќе има позиција во иднина која ќе биде за него и Фамилија сигурниот шанец. Имаше и тој моменти на идиократска гордост, особено кога една зима кон него се упати дипломатскиот кор на чело со амбасадорот Бејли ама таа освен дежурниот портир во владината зграда немаше кој да ги прими гостите! Сепак, се заврши така што на крајот, по нкоја година, Груевски заврши со извршна пресуда да оди во затвор.
Држачот на кормилото на споровртечкиот брод во мигот не сака да чуе за корекција, играјќи на веќе видена финта „имам нов предлог“. Предлогот се однесува на новиот закон за јавни обвинителство, филуван со кадровското решение наречено Влдимир Панчевски, судијата кој по неколку години е разрешен дури неодамна…Но, треба да ја разбереме ситуацијата. Христијан Мицковски е политичар со пиштол кој му е вперен во главата и со куршум кој може да дојде од далеку, за разлика од каменот кој доаѓа од близу, дури од Будимпешта, па просто е парализиран во било каков автономен чекор! Дури и глупоста која ја изрече со името на новиот шеф на СЈО, каде како и половина ВМРО ДПМНЕ има предмети против себе, едноставно само го разголува амбиентот кој владее во „најнационалната“ партија: таму стојат многу жиранти кои за добро служење бараат сатисфакција и тоа… веднаш! Меѓу нив и Панчевски, кој долго изигруваше АКМИС систем и ги делеше предметите на лојалните судии. Тој смета дека партијата на која и служеше треба сега да го спасува.
Просто е невозможно да се замисли ситуацијата во која идниот закон со кој ќе се решава судбината на СЈО на крајот на август би бил донесен акламативно, па дури и со тесно, двотретинско мнозинство. Особено што не се знае како течеле и завршиле разговорите со осумте пратеници на ДПМНЕ кои се сметаат за независни (би рекле и деветте, заради посетата на Рикер на Кавадарци) и дали алиби климата која ДУИ ја гради во Вашингтон за своето обвинето раководство се уште држи вода или – се расипал климатизерот во меѓувреме
Накусо,, само да се потсетиме, дека теориите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за мртвата институција СЈО, за ставањето на ад акта на случаите по 30 јуни 2017, Хан ги отфрли јасно и децидно: „Мора да се покаже нула толеранција во борба против корупцијата и организираниот криминал и затоа е важно да се усвои законот за јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеењето на правото. Ова вклучува и усвојување закони кои ќе обезбедат дека работата на случаите кои се во надлежност на СЈО ќе продолжат. Ова е од клучна важност за земјата. За нас има неколку црвени линии и можам да кажам дека најважната е дека кое и да е решението во текот на преодниот период, не може да има изгубени предмети”. Ова беше изјава која тој ја прочита што значи дека за нејзината содржина веќе имало разјаснување во врвот во Брисел.
Ниту новата американска амбасадорка Кејт Брнс не беше помалку јасна кога рече дека капацитетите на СЈО, заедно со обвинителите, мора да се сочуваат и да се вклучат во новото обвинителство, на што Мицкоски може да одговори или со радикализација на својот отпор кон постоењето на такво СЈО или со вртење на кормилото во знак на повинување на таа оценка Трето нема и нему треба да му биде јасно дека никој не го есапи неговиот обид да заработи некакви вонредни избори.
Додека Хан ја загреваше темата во Скопје, Рикер од Атина, неочекувано дојде преку Меџитлија. Во Битола разговраше со градоначалничката, веројатно за да расчисти некои дилеми околу аферата Реке; во Кавадарци веројатно сакаше да чуе за некои работи што се случуваат во ВМРО ДПМНЕ одвнатре, од тамошниот градоначалник, за во метрополата да порача: „Заврши времето на политичките игри. Опозицијата да не го одолговлекува носењето на законот за јавно обвинителство и да биде конструктивна”.
Постојат барем три сценарија во Шампитата, зградата која мислам дека е под хипотека на кредиторите, кои се во оптек. Најпрвин, со комплетна спрега судии – порота и други фактори од третата власт да продолжи да се оди кон максимални одложувања на одењето во затвор, пред се онаму каде има извршни пресуди или предметите се при крај; во таа насока да се одржуваат над водата главите на оние функционери кои се на корисна позиција (Јово Превара, на оример) и со помош на ДУИ. Тоа е зналчи првото сценарио кое има за цел потенцијалните бегалци да ги држи на дистанца од простороте од каде тешко се бега (како што се затворите). Случајот со Миле Јанакиевски е поучен. За Гоца се говори во таа насока а еве го и упатот за хирургија во страбнска земја на Мијалков. Ако некој успее да дојде до патна исправа секако е ОК, но доволно е и да се користи личната карта, барем за влез кај некој од соседите, како утешна варијанта
Второто сценарио секако се држи до законодавната сфера каде се настојува да се провре, макар и во форма на „копродукција“ таков закон за СЈО со кој институцијата ќе се разводни и Фамилијата ќе ги одбегне последиците. Тогаш таа групација на моќници не мора да бега и да го користи сценариото број еден.
Конечно тука е третото сценарио кое не е јасно, освен на оние кои учествуваат во него а кое се обидува да ја одржува атмосферата на пуч, кој знае по кој ред, започната со аферата Рекет и кое секако има наредни секвели.