Некаде во првата третина на февруари би требало да се појави првиот селектиран список
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 34 романи. Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи.
Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март. Веројатно е дека смалениот список на селектирани дела ќе се објави во првите десет дена на февруари.
Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Список на пристигнати дела за наградата „Роман на годината“ за 2022
е следниот:
1.„Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
2.„Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“
3.„Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
- „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
- „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“
- „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
- „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
- „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
- „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“
- „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“
- „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“
- „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
- „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
- „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
- „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
- „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание
- „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
- „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
- „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“
- „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“
- „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“
- „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“
- „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
- „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“
- „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
- „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
- „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“
- „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“
- „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
- „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
- „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
- „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“
- „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“
Од списокот е видливо дека во првиот избор влегуваат и дела на познати автори, но и на оние кои не се толку познати на читателската публика. Според бројот на пријавените романи, се чинидека во земјава горе-долу се стандардизира бројката на дела што конкурираат за наградата.