Апатијата на гласачитее извесна. Сега се мамеше со можност за гласање од дома (електронски) или со лотарија
ЈУРИ РЕШЕТО
Победата на „Обединета Русија” беше очекувана, нејасно беше дали во Парламентот ќе задржи апсолутно мнозинство. Тоа на Владимир Путин му е потребно за да може да остане претседател и по 2024.
Никогаш не било толку едноставно да се добие автомобил или гарсоњера во Русија – сто нови автомобили или 20 станови беа наградата на лотаријата што викендов ја организираа московските градски власти. Единствен предуслов за учество: да се гласа онлајн за една од 14-те партии кои учествуваа на изборите за идниот состав на руската Дума.
СО ЛОТАРИЈА ПРОТИВ АПАТИЈА „Еден милион награди” беше името на програмата која требаше да привлече што повеќе Московјани да гласаат. И портпаролот на Кремљ, Димитри Песков учествуваше и за добар ПР доби 10 илјади рубљи, односно 115 евра. Смее да ги потроши во супермаркет за намирници.
Дали навистина имаше поголема излезност?
И покрај растечката незаинтересираност за политиката, со 45 проценти излезноста беше на ниво на последните избори пред шест години. Покрај великодушната томбола, Изборната комисија воведе и неколку новини: можеше да се гласа три дена по ред, и онлајн. Тоа изгледа се покажа корисно за многумина по наглиот пад на температурите во Москва. И шефот на Димитри Песков, претседателот Владимир Путин, кој моментално е во самоизолација поради појавата на корона во Кремљ, гласаше онлајн.
ПУТИН ВОДИ По делумното пребројување на гласовите изгледа дека партијата на Путин, „Обединета Русија” повторно и на ничие изненадување излезе најсилна меѓу 14-те партии кои се кандидираа за изборите. Од до сега избројаните гласови таа има поддршка од 49,6% од гласачите, што е значително под нивото од пред шест години. Но, дополнително на овие мандати се сметаат и директно избраните по окрузи со кои Путин веројатно и овој пат ќе има апсолутно мнозинство во Долниот дом. За шефот на Кремљ тоа е многу важно, вели политикологот Илја Грашенков. За ДВ објаснува дека улогата на новиот состав на Думата е да даде поддршка на Путин до следните претседателски избори во 2024. До тогаш тој ќе мора да одлучи дали по 22 години како претседател, со четири години прекини како премиер, ќе продолжи и понатаму или ќе назначи наследник. „За да може Думата да се согласи со избраникот на Путин мора да биде максимално лојален составот, да нема конфликти со претседателот и да не извади сопствен кандидат”, оценува Грашенков.
ПРОТЕСТИТЕ БЕЗ ЛИДЕР Тој смета дека меѓу гласачите има расположение да се гласа од протест. Многу граѓани по кратењата поради корона се економски заслабнати и затоа реагираат надразнето на секакви политички одлуки. Но, Грашенков не мисли дека ќе има нови масовни протести како во 2011 по изборите за Думата, иако според анкетите и изборниот резултат партијата на Путин е значително понепопуларнаотколку пред 10 години. „Нема никој што би можел да ја обедини масата и да ја води”, вели политикологот. Се мисли пред сѐ на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор. Ниту тој, ниту неговите соборници не можеа да се кандидираат за изборитегодинава.
рганизацијата на Навални беше оквалификувана како екстремистичка, мажи и жени од неговото опкружување мораа да избегаат во странство. Тоа што остана е стратегијата на Навални за „паметно гласање”. Гласачите притоа требаше да гласаат за оние опозициски политичари кои имаат најголеми шанси за на тој начин да ја заслабнат позицијата на „Обединета Русија”.
НАЈНЕФЕР ИЗБОРИ Речиси и да немаше нзависни западни набљудувачи да проценат колку фер и слободни биле овие избори. Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ одлучи да не испрати набљудувачи откако Москва реши значително да ја редуцира мисијата – наводно поради корона пандемијата. Домашните набљудувачи на независната организација „Голос” известуваат за над 3000 случаи на изборни нерегуларности.
Во разговор за ДВ еден од првите луѓе на „Голос”, Виталија Анверин вели: „Овие избори не може да се наречат ниту демократски, ниту слободни. Ова се најнефер избори во последнава декада.” Анверин нагласи дека најголемата изборна манипулација веќе се случила однапред – на ниту еден од навистина опозициските и независни кандидати не му беше дозволено да се кандидира.
Изборната комисија ги знае триковите
Централната изборна комисија ги регистрираше и нерегуларностите на изборите за Думата. Ела Памфилова, претседателката на ЦИК е категорична дека изборите никогаш не биле потранспарентни. „Можете да се жалите за нас колку сакате, но напорите на моите колеги во последниве шест години резултираа во тоа сите тајни трикови да се дознаат.”
Еден од нив е таканаречениот “Вросби” на кој предупреди набљудувач од опозициската партија Јаблоко. Тоа е кога еден гласач става повеќе ливчиња во гласачката кутија. И дописникот на ДВ од Санкт Петербург беше сведок на ваков случај.
„Поединечни изолирани инциденти не влијаат врз крајниот резултат”
Имаше и Руси кои на гласачките места беа изненадени од сознанието дека некој веќе гласал во нивно име. Една жена од Санкт Петербург за независниот портал Медуза изјави дека во избирачкиот список го видела името на нејзината ќерка која живее во Кина. Едно шесточлено семејство во Челјабинск се жалеше дека некој веќе гласал во нивно име, меѓу другото и за починати членови од семејството. На интернет исто така се вртат видеа од гласачките кутии на кои се гледа како лесно може да се отворат од сите страни.
Централната изборна комисија, ЦИК вети дека ќе ги истражи сите вакви инциденти. Но, тие нема да влијаат никако врз крајниот изборен резултат, уверува за ДВ членот на ЦИК, Игор Борисов. Според него на крајот на краиштата „се работи само за изолирани инциденти кои во никој случај не влијаат врз резултатите од волјата на нашите гласачи.”