СТЕРЈО ПУСЕВСКИ
Најголеми противници на образовните реформи се група универзитетски професори, наставниците кои си го сакаат конмодитетот и финансиерите-издавачките куќи!
Зошто јавно не се каже кои се најголемите противници на реформите во образованието ?
1.Тоа е група универзитетски професори , бесни што не се вклучени во експертските тимови , кои работат на реформите. Тоа се плаќа , тие се убедени дека се најпаметни , и од дома така им велат, Научени се на гага-пари , зинуло им дупе за паре!
Да не заборавиме дека ние сме земја со најголем број на универзитети по глава на жител на светот и дека бројот на универзитетски професори го надминува вкупниот број на лекари и инженери во земјата!
- Наставниците, кои, освен чесно малцинство заљубено во струката , се научени да го изрецитираат или прочитаат материјалот за денес и за неколку саати си одат дома . Сега од нив се бара интерерактивност и постојана комуникација со учениците. А, знаеме дека поголем дел од нив се партиски кадри, дека не способноста , туку партијата им го дала работното место. Можам да ги замислам нив да работат во приватно училиште , каде постојано мораат да се докажуваат и работен договор да потпишуваат секоја година!
- Оваа група е веројатно најмоќна и е финансиер на целата кампања против реформите . Тоа се издавачките куќи , кои прават огромни пари со печатењето на учебниците. Тие олигарси, створени во груевизмот , се едни од најсилните столбови на режимот на паторот и негова најголема поткрепа и ден-денес. Сите печатени партиски материјали на дпмне (билтени , флаери и слично) ,се зборува дека суште им се работат гратис. И некој се дрзнал да им брцне во колачот!
Очи ќе му извадат!
Но, сакале или не, реформите ќе продолжат , ние мора да станеме како сиот нормален свет!