Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗА СЕДУМ ГОДИНИ ТУРИЗМОТ ИЗГУБИЛ 11 МИЛИОНИ НОЌЕВАЊА

March 17, 2020 Filed Under: Македонија

За две децении загуби од три милијарди долари во охридскиот регион. Во периодот од 2000 до 2017 година, туристичкиот сектор изгубил три милијарди долари, наспроти генерираните две милијарди, се вели во анализа на Факултетот за туризам

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

БЕЗ САМОКРИТИКА Видливо е дека туристичките работници за себе немаат лоши зборови

Во периодот од 2000 до 2017 година, туристичкиот сектор изгубил три милијарди долари, наспроти генерираните две милијарди, се вели во анализа на Факултетот за туризам.

Покрај приходите што Охрид на годишно ниво ги остварува од туризмот, а кои се проценуваат помеѓу 150 и 170 милиони долари, најголемиот туристички центар во Македонија, во последните речиси две децении претрпел и огромни загуби. Анализата за влијанието на туризмот врз локалната економија која ја изработи Факултетот за туризам, покажува дека во периодот од 2000 до 2017 година по овој основ, туристичкиот сектор изгубил три милијарди долари, наспроти генерираните две милијарди.

Тоа е една сериозна сума, ако се земат во предвид тука и оние индиректни ефекти или обртот кој може да настане за националната економија. Требало да имаме 5 милијарди за тој период, а сме имале 2 милијарди приходи. Во овој период, од 2000 до 2017 имаме и околу 11 милиони ноќевања загуба. Ние како основ ги зедовме туристичките ноќевања кога ги пресметувавме вкупните приходи“, вели професорот Александар Трајков, учесник во истражувањето.

Професорите велат дека некои од причините за ваквата поразителна статистикa треба да се гледаат во неекономските фактори.

На просторот на Охрид се водеше и една анти-пропаганда, која често пати делуваше да дојде до одредени дубиози

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВ Во овој период требало да имаме 5 милијарди приходи за седум години а сме имале 2 милијарди приходи

Науме Мариноски, професор

„Имавме политички превирања во Македонија. Имавме дури и појави на воени судири на овој простор. Така да сите тие компоненти укажуваат на тоа дека можеше многу повеќе да се направи, ако отсуствуваа овие фактори, кои се од екстерен карактер. На просторот на Охрид се водеше и една анти-пропаганда, која често пати делуваше да дојде до одредени дубиози“, вели Науме Мариноски, професор на факултетот за туризам во Охрид.

Но, хотелиерите не се согласни целосно со овие тврдења. Велат дека охридскиот туризам бележи континуиран напредок и оти за регионот има се поголем интерес од нови пазари.

„Лично јас не би се сложил. Од април веќе капацитетите се навистина сериозно закупени и има голем интерес и од домашните и странските туристи. Тоа истражување треба да се направи во неколку квартали. Треба да се земе еден квартал јануари-април, бидејќи тука има пад, и потоа од април и понатака, да се направи едно истражување во сместувачките капацитети и ќе се види дека има зголемување“, вели Љупчо Цветаноски-менаџер на хотел.

Професорот, Мариноски вели дека овие резултати не значат дека хотелиерите не се ангажирале доволно или дека туристичката политика не била добро поставена. Се предлагаат мерки, како што е зголемување на субвенциите за привлекување на повеќе туристи, како домашни така и странски. Според истражувањата, туризмот во моментот учествува со само 1,4% во вкупниот БДП иако очекувањата се дека годинава, ќе има пораст на странските туристи за 12,5% , а на домашните за 3%. Ваквите показатели до кои дошле ги темелеле на релевантни извори. Биле употребени податоци на Државниот завод за статистика, ЕУРОСТАТ, но и податоци на светската туристичка организација.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet