Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗБОГУМ ГЕНЕРАЛЕ!

July 31, 2018 Filed Under: Македонија

Беше безрезервно за модерна Македонија на рамноправни граѓани и национални и верски групи. Против македонскиот национализам затоа што го сметаше за смртоносна категорија. Беше за Европската унија и за НАТО. Не се сомневам како би гласал на референдумот

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

ДО КРАЈОТ Остана на своите антифашистички креда до крајот на животот

Јас го викав генералот „Разбираш”, со акцент на „и” во зборчето што го употребуваше во милион и едно значење, главно како пауза во размислата и некаква тајна самопотврда дека е во право. Сакав да го слушам додека на Васил Мицковски, со кого го врзуваше некое блиско и помалку чудно пријателство, со корени што не ми беа јасни, а не ни сакав да си ги разјаснувам, му ја објаснуваше геополитичката ситуација за која маестрално пишуваше во своите колумни.

Можеше и сакаше да зборува бескрајно.

Неговиот зарипнат глас беше пријатен за слушање и јас го слушав со мала нервоза што ќе ме фатеше само во нашите новинарски дедлајни за кои тој не знаеше.
Врвен аналитичар кој на своето воено искуство ги надоградуваше сите нови погледи и нивните вкрстени значења.

ПРОСЛАВА Атанасовски говореше на прославата на Денот на државноста, Осми септември во Градскиот парк

Човек кој искуството на НОБ и Антифашистичката револуција го пренесуваше и интерполираше на модерен начин.
Соработувавме во „Глобус” и во „ Утрински весник”.
Пишуваше на рака. Васил мачеше мака да му да го дешифрира ракописот, но на крајот стана стручњак за неговото писмо.
Не знам дали Мицковски или Љубомир Костовски беа врската со него кога Редакцијата на магазинот ја селевме во Домот на инвалидите кај што од Сојузот на борците под негово раководство добивме бесплатни простории на најгорниот кат.

НАСТАП Од одбележувањето на Денот на востанието пред споменикот н ослободителите – еден од последните јавни настапи

Само што се бевме отселиле на нашата последна адреса, се случи најсрамниот чин во историјата на Македонија: деложацијата на борците од Домот на инвалидите. Срамотен чин без преседан во светската историја. Тие што ја создадоа Македонија да се исфрлат на улица. Не навлегувам во правните аспекти на случајот макар што имам оснивани сомневања дека зад извесни формалности се криеше криминален чин аминуван од власта на злосторничката фамилија. Се сеќавам и на нивните мирни протести низ улиците на Скопје и на симтоматично мирните реакции на јавноста што во тоа време вмро-дпмне ја беше ставила во својот оглав.

Беше безрезервно за модерна Македонија на рамноправни граѓани и национални и верски групи. Против македонскиот национализам затоа што го сметаше за смртоносна категорија. Беше за Европската унија и за НАТО. Не се сомневам како би гласал на референдумот.
Збогум генерале!
Вечна ти слава
Слава на твоето и на твојата генерација монументално дело

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet