На 28 декември 2024 година, се навршуваат 80 години откога во далечната 1944 година, за првпат во ослободената татковина, на македонски јазик во етерот се пренеле зборовите на првиот директор на Радио Скопје, Владо Малески – Тале: “Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Во неколку продолженија ќе пренесеме дел од тој историјат полн со згуснати настани
На 28 декември 1944 година, со преносот од Второто заседание на АСНОМ, започнува радио ерата во слободна Македонија.
„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија“, беа првите зборови на Владо Малески, партизан, писател и творец на македонската химна.
По воведниот збор, се пренесува говорот на првиот претседател на Президиумиот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.
Откако ги поздрави сите присутни, првиот шеф на македонската држава им се заблагодари на сите што со натчовечки напори овозможија низ етерот да се слушнат македонскиот јазик, како и одлуките на Второто заседание.
Тогаш програмата се пренесува на територијата на цела Македонија, вклучувајќи ги и Пиринска, и Егејск.
На 28 декември 2024 година, се навршуваат 80 години откога во далечната 1944 година, за првпат во ослободената татковина, на македонски јазик во етерот се пренеле зборовите на првиот директор на Радио Скопје, Владо Малески – Тале: “Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија…” Ваквите јубилејни годишнини се повод да се потсетиме на тие настани и да го проследиме патот на развојот до денешни дни, а младите генерации да научат нешто повеќе за своите корени. Во овој случај за развојот на Македонското Радио.
Првите почетоци, “Зборуе Радио Скопје, Зборуе Радио Скопје”
Опишувајќи го развојниот пат на радиодифузијата, а воедно и развојот на студиската техника на Радио Скопје, мора да се одбележи пуштањето на работа на 20 KW среднобранов предавател во Маџари, со бранова должина од 631,5 KHz, како тогаш најмоќен предавател на Балканот и четврта радиостаница во некогашното Кралство Југославија (по Белград, Загреб и Љубљана). Воедно, тогаш бил изграден и првиот режиско-студиски простор во приземна зграда која во почетокот имала режија од 15 m2, како и спикерна од 12 m2 и студио од 38 m2 кое што не било довршено. “Радио Скопље”, како што тогаш го нарекувале, било замислено како радио релејна станица на Радио Белград т.е. да ја прима и реемитува неговата програма. Неговото пуштање било на 27 јануари 1941 година.
Непосредно пo нападот врз Кралството Југославија од страна на Оската (6 април 1941) на 8 април 1941 година, 9-та тенковска дивизија на германската армија го зазела Скопје. Проценувајќи ја важноста на радиостаницата во идната пропагандна дејност радио-аташето (службеник на Министерството за надворешни работи на Германија), г-дин Лане (Lane) добил налог да замине за Скопје во придружба на двајца техничари и еден спикер со задача да ја провери и оспособи радиостаницата за работа. На 10 април изутрината, по изведувањето на потребните технички работи бил назначен и нејзин раководител, а тоа бил Др. Хартман (Hartmann) од пропагандната служба на Германиј
о цел да ги избегне саботажните акции, што секојдневно биле изведувани во Скопје, радио-аташето издал наредба за удвоена стражарска екипа и добро ја обезбедил зградата (слика 1). Било договорено за Радио Скопје исклучиво да биде надлежен радио-аташето при германското пратеништво во Софија. Секојдневно, преку телефонски упатства, требало да ја одредува програмата на Радио Скопје преку кое требало да се емитуваат емисии на германски јазик од Радио Софија и емисии на германското радио примани на кратки бранови.
Во рамките на предавањето на Македонија на Бугарија,требало да биде отстапено и Радио Скопје. Колку тоа било значајно за германската пропаганда зборува и податокот што веднаш по завземањето, бугарската влада требало да ѝ плати на фирмата Телефункен 250 000 рајх марки за техничко опремување на Радио Скопје.
Овие интересни податоци за работата на радиостаницата во окупациските денови се пронајдени во германските архиви и презентирани во “Гласник” на Институтот за национална историја од г-ѓа Вера Весковиќ Вангели.
Предавателот и неговата целосна инфраструктура, како столбот и зградата, биле целосно уништени при повлекувањето на Германците од нашава земја во 1944 година. Исто така, била оштетена и радиостаницата, биле уништени и техничките средства за емитување на програмата, како и фондот на грамафонски плочи.
Во тие денови, кога ослободувањето на Скопје и на Македонија било само прашање на време, во август 1944 година Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) му дава задача на Владо Малески – Тале, да се зафати со создавање на првата македонска радиостаница во слободната татковина. За оваа цел, од борбените редови биле издвојувани техничари и новинари и испраќани во Горно Врановци заради извршување на задачата. Програмската и новинарската активност ја презел врз себе Владо Малески, а техничката страна Васко Петковски, одговорен офицер за техника при Главниот штаб на НОВ на Македонија. Борците-техничари Боро Димитровски и Владо Стојчевски, со помош и на други технички кадри, забрзано работеле на оспособување и на адаптација на запленета радиостаница. Поради недостиг на соодветни технички материјали и резервни делови, задачата се реализирала тешко и бавно.
Експериментите почнале со француска воена радиостаница на кратки бранови. Радио техничарите Крсто Ристевски, Александар Грков, Ефтим Митовски, Марко Плавевски, Перо Ристовски, Димче Петровски, Тодор Џартов и Стефан Ќосевски, оспособиле радиопредавател од 20 W. Новиот предавател успешно стартувал од куполата на Офицерскиот дом во ослободеното Скопје.
На крајот на декември се подготвувало одржувањето на Второто заседание на АСНОМ во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието на Република Македонија. Владо Малески на Президиумот на Собранието му предложил смела идеја – Второто заседание да се пренесува директно преку радиото. Тоа било голем предизвик, но и грижа како салата од каде што требало да се врши преносот да се поврзе со кабли до самиот предавател. Недостасувале стотици метри кабли што тогаш не можеле да се најдат во Македонија. Наскоро решението било најдено – радиостаницата да се премести од Офицерскиот дом, на покривот на Собранието на Македонија и од таму да се врши преносот од заседанието. По неколкудневна работа, сè било подготвено од технички аспект.
Денот на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ бил определен – 28 декември 1944 година. Во еден дел на собраниската сала, во исчекување да почне собирот, зад микрофонот се наоѓал Владо Малески (слика 2), кој според сопственото сведочење бил мошне возбуден. Кога во салата се појавил првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, низ етерот за првпат во ослободената татковина се пренеле зборовите на македонски јазик “Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија…”
Преносот бил извршен со радиопредавател од американско потекло, од фирмата “SCR”, со снага од 20 W , приспособен за таа намена. Тоа била трофејна воена радиостаница на кратки бранови, чиј опсег бил нешто зголемен (околу 49 m бранова должина, односно 6200 KHz) за да може да се слуша и на обичните радиоприемници во регионот на Скопје. Покрај радиостаницата, за цело време на преносот главен оператор бил Александар Грков, еден од пионерите на македонските радиотехничари.
Инаку, македонскиот збор во етерот за првпат е емитуван преку програмата на радиостаницата “Слободна Југославија” во далечниот Советски Сојуз, од страна на истакнатиот артист на Скопскиот театар Илија Џувалековски, кој е и прв спикер на македонски јазик преку оваа радиостаница.
Следните триесетина денови од овој историски датум, 28 декември 1944 година, биле најтешки за малубројната екипа радиотехничари кои имале за задача да оспособат предавател и студиска техника за емитување на редовна програма на македонски јазик од сопствено студио во Скопје.
Со помош на сонародниците од странство, со набавен и со приспособен трофеен материјал, со многу труд и умеење, првиот професионален предавател од 200 W бил поставен на тогашниот скопски аеродром, поради зачуваниот антенски систем. Редовната работа со секојдневна сопствена програма на македонски јазик од студиото во градот, Радио Скопје ја започнува на 21 (некаде стои 28) јануари 1945 година. Се започнало со читање вести за разни настани, соопштенија и прогласи, што ги издавала власта и општествено-политичките организации.
(продолжува во следниот број)