Во партијата на црвено-црните се уште не знаат како да излезат од кружниот тек на својата стратегија. Идејата која ги води цело време откако ја изгубија власта, вклучувајќи го и обидот за пуч од пред три години, да се напаѓа власта во секо време и на секое место и тоа обично персонално (Зав а сега и Филипче), дава контра ефекти. Дали има излез од правеот кој е утврден порано, дури и без насоки за спас и кој ја носи оваа партија во посотјано вртење во круг?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Минатата недела времениот министер за внатрешни работи Чулев гостуваше на Канал 5. Тој побара да биде ослободен од вториот потпис, кој го добива од својата заменичка, заради подобра ефикасност во овие околности и со оглед дека нема да има избори. Тој даде проценка дека и онака нема да има избори скоро, дека оваа влада, со копотписници е резултат на пржинскиот модел и тој сега е во „аут“.Но,Чулев не се запраша а најмалку тоа го стори тв водителот, дали тој би бил „саглам министер“ во таков сличај, ако го исфрли пржинскиот модел?
Овој случај е само илустрација дека партијата која го постави првиот полицаец никогаш не седи мадро и не се прилагодува на промените кога не е време на никакви политички делби и обиди за некакво (во случајот крупно кадровско „ќарување“) , туркање за подобри позиции додека земјава е во вонредна ситуација!
КАКО ШТО ВЕЛЕВМЕ НИЕ Во Шампитата, најскапата партиска зграда во Европа, едноставно се размислува на мускули и со реторика, која често пати е празна, па дуеи и парадоксална и полна со најотворени лаги, Можеби проценката на партискиот врв од ДПМНЕ поаѓа од тоа дека имаат публика која не помни што појадувала, па можат да ги менуваат ставовите и страните постојано, сега главно востилот „велевме ние“?
Ете, во овој број донесуваме куса рецензија за тоа како глодурот на ТВ Алфа го обвинува СДСМ дека „му се погодила“ епидемијата, бидејќи Заев го ја одбегнал соочувањето на терен со својата „погрешна политика и со корупцијата“. Ова беше изјава дадена на половината на месеот, еден-два дена пред да стане јасно дека избори нема да има скоро, заради епидемијата со короната, што е нели фрапантно да не го предвиди некој со толку стаж во новинарството. Ама, се чини други се тие кои треба да му ја мислат за тоа „дали утре ќе врне“.
Впрочем, целата таа ситуација со изборите и политичкиот противник на Мицковски е навистина парадоксална – цело време се велеше дека СДСМ бега од избори (во периодот кога Заев инсистираше во Парламентот, пред тој да се распушти, да се донесат важни прописи). Кога стана јсно дека социјал-демократите сепак одат на избори, луѓето како Чашуле тврдеа дека од Бихаќка одбрале да одат на избори кога не му е време, демек кога имаме епидемија. Никако „да им се погоди времето“. Кога Заев пак свика прес за да најави дека тие како партија се за прекин на изборните активности, поради корона вирусот, во недостаток на време а со цел да биде според онаа детска игра „прв го видов“, Мицковски пушти на Фејсбук порака дека тој е за прекин на активностите околу изборите. Си даде себе си ролја на иницијатор, иако вистинскиот покренувач на таа иницијатива на ставење на иборите „воаут“ бше претседателот Пендаровски!
ИНИЦИЈАТОРИ Но настрана тој момент. Кај вмроовците постои постојано една стигма: дека мора да се иницијатори во се, па сега и во предлагањето на мерки за борба против корона вирусот. Тоа се прави бескрупулозно, место да се прифати атмосферата на колективна концепција „сите во одбрана – сите во напад“.. Затоа и времениот министер Чулев, токму кога помисливме дека се вклопи во таквата сложна игра околу Оливер Спасовски и привемената влада, која и онака е комбинирана, според споменатиот „пржински модел“ тој настојува да добие поголеми надлежности кога не му е време и создава атмосфера на нехармоничност.Ккако да постои некој суфлер зад сцената кој притиска постојано да се враќа ситуацијата на неред, хаос и постојан, макар и без никаков аргумент атак на политичкиот противник. Будимпешта? Не би не чудело.
Еве уште еден пример во таа насока – неодамна Македонската телевизија имаше интервју со министерот за здравство Филипче, несомнено најзафатениот и најодговорен функционер во мигот во земјава. Тоа е секако потег кој се очекува од националната телевизија. Но, веднаш имаме проблем со овој радиодифузер и со неговите закоравени линковски врски, некогаш со власта а сега со опозицијата, практично со истите луѓе од Шампитата. Имено, член на редакцијата (Топалова) среде интервјуто се јавува со претходно снимен прилог со висок функционер на ВМРО ДПМНЕ и тој прилог влегува ан пасан во разговорот! Се измешаа жанровите а интервјуто се претвори во трибина која беше еднонасочна – снимениот материјал содржеше напади врз министерот, без можност за соочување со аргументи, очи во очи. Една, што би се рекло приемна тактика со која треба да се еродира угледот на Филипче, па се што се случува во државата да се третира низ аспект на партискиот рејтинг или низ визирот на угледот на партискиот шеф.
Дека Филипче,по оценка на ВМРО ДПМНЕ го загрозува местото на Мицковски на „топ листата“ покажува и нападот кој претходно го направи пратеничката од Гостивар – Дафина Стојаноска (тоа е онаа дама што до скоро имаше убедливо најлоша фризура на Балканот) и која го нападна Филипче заради фактот што една негова колешка (директорката од Кожно во Државна болница) не пријавила дека била во Италија, земја сбоена во црвено кога е корона вирусот во прашање. Демек, министерот требал да стопи лично на аеродроми на сите патници да им мери темепратура.
НИКАКО ДО БУЛЕВАРОТ Целата тактика на оваа партија личи на возење на некоја кружна раскрсница кога не може да се одбере моментот да се излезе од неа и да се „фати“ некој широк булевар со колку-толку нормална стратегија и политичка опција. Така, еден од оние кои имаат втора позиција во партијата, Александар Николовски, во веќе користената „шема“, направи сценарио за отворен напад врз привремената влада. Еве цитат од таа тирада – „една недела гледаме како си тераат сопствен пи-ар на грбот на граѓаните, а реалноста е дека ништо не функционира. Претседателот на државата самиот призна дека системот не може да издржи и дека системот ќе колабира. Не е негова работа да констатира состојби, туку да решава состојби… Тој од минатиот мај е претседател на државата а не аналитичар и е избран на највисоката позиција во државата за да решава проблеми… Во таа насока вчера без грам чувство ја гледаме Шекеринска и Димитров како ловат политички поени… Да се приземјиме и да видиме каква е реалноста. Јасно е дека не ги бива и се неспособни. Тотални аматери ја водат државата и не можат да се справат со последиците и од економската и од здравствената криза“.
Капак на ова беше повикување на Николовски дека земјава е наводно оцрнета од страна на Обединетите нации (!) во врска со начинот на кој ги третира граѓаните на нејзините граници а во вска со превенцијата од корона вирусот! Чинам уште истиот ден стигна демант од Ист ривер со кој Обединетите нации го демантираа Николоски дека можел да се повикал на нивни податоци. „Организацијата на Обединетите нации нема издадено никаква проценка на владини мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот коронавирус Ковид- 19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политичките дискусии“.
И тој политичар од охридско, кој можеби себе се гледа во ролјата на иден министер за надворешни работи во влада која би ја формирало ВМРО ДПМНЕ, само рече дека ОН во тоа соопштение не го споменале никаде него лично и партијата!
КОНТРА ПО СЕКОЕ ПРАШАЊЕ Во канцеларијата на Мицковски едноставно посотјано се трудат да ја држат линијата која значи противење на сите клучни работи кои се на СДСМ ама кога е неизбежно истите да се апсолвираат од јавноста или од политичкиотсистем, да ја прифатат спомената игра од забавиштето – „нам први нит екна, ние прво го видовме тоа, ништо немаше да се случи ако не бевме ние…“.
Таков е бесрамниот случај со присвојување на заслугите за влезот во НАТО, веќе завршена приказна и за многу веројатното прифаќање на државава како преговарач за влез во Унијата. Од Шампитата навистина сите што ги слушаат ги прават морони и ценат дека лесно се заборава повеќедецениското противење на сите напори на другите партии да се приближат и конеќчно да стигнат до тие цели како што е рамнопраен статус во Алијансата и позиција на земја која може да смета на „полагање на испити“ пред бриселскиот испитен совет, со право во меѓувреме да користи финансиски погодности во Брисел следниве години Вшпрочем, некои финансиски придобивки веќе се случуваат деновиве, заради ситуацијата со корона вирусот.
Време е автомобилот во кој се вози Мицковски да дадат мигавец и да излезат од кружниот тек.