Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗВУЧНИ ПРЕЗИМИЊА ВО ТРКАТА ЗА РАКОВОДНО МЕСТО НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

June 17, 2019 Filed Under: Македонија

Бабата на Ивица Конески и тетката на пратеничката Туфегџиќ сакаат да шефуваат со Вишиот управен суд

КОНКУРЕНЦИЈА Највисоката позиција во Вишиот управен е под лупа на многу познати семејства во земјава

Загорка Тноковска, судија на Вишиот управен суд и баба на екс градоначалникот на Аеродром Ивица Конески е една од кандидатките за претседател на Вишиот управен суд. Таа, заедно со тетката на пратеничката Ивана Туфегџиќ, Мира Василева се надеваат дека поради блиските роднини кои им се на политички функции, можат да станат шефици на Вишиот управен суд.

На огласот, кој веќе е завршен се пријавиле четири судијки, три од Вишиот управен суд и сегашната претседателка Лидија Ивановска, која е судија на Управниот суд, а во овие четири години раководеше со Вишиот суд. Четврта кандидатка е судијката Анита Данилова, судија од кариера, која долги години работеше во Основниот суд Скоппје 1, па во Управниот, а од формирањето и во Вишиот управен суд.

Според информации од Судскиот совет, најзагреани за позициите биле тетката на пратеничката Ивана Туфегџиќ и бабата на екс градоначалникот на Аеродром Ивица Конески (баба-мајка на неговата сопруга, н.з).

Конески, кој со повеќе јавни изјави оди контра на потезите на раководството на ВМРО ДПМНЕ, како и другиоот зет на судијката Загорка Тноковска имаат добри бизнис релации со „сватот“ на Заеви и партиски донатор на СДСМ, па од тука и биле навивањата за Тноковска да дојде на таа позиција.

Загорка Тноковска работеше во Министерството за правда, а за судија е избрана во времето на шефувањето на Михајло Маневски. Последната одлука што ја донесе судот во Стразбур на штета на Македонија во случајот на лустрираниот судија Драган Билески е донесена од Загорка Тноковска .

Судијката Мира Василева, другата кандидатка за шефица на Вишиот управен суд, е тетка на пратеничката Ивана Туфегџиќ, сестра на нејзиниот татко, судијата Владимир Туфегџиќ. Василева беше јавен обвинител во ОЈО Скопје, од каде што ја избраа за судија. но, пратеничката Туфегџиќ е ставена на мака, за кого побргу да ургира, дали за тетката на позиција во Вишиот управен суд или за партнерката на нејзиниот татко, која конкурира за судија во повисок суд.

Огласот за претседател на Виш управен е распишан по стариот закон за судови, па на него конкурира и досегашната претседтелка Лидија Ивановска, иако не е судија на Вишиот, туку на Управниот суд.

ВИШ УПРАВЕН СУД Многу апетити врзани за раководното место

Во трката за шефица, најмногу може да изненади судијката Анита Данилова, која е долгогодишен судија на скопска единица, на Управниот и Вишиот суд и води еден од советите во судот, иако немала поддршка на каква што, според членови на Судски совет, се надеваат претходно спомнатите судијки.

Судскиот совет за кратко време треба да направи избор на претседатели на десетина основни судови, меѓу кои се судовите: Скопје 2, Велес, Штип, Битола, но и да избере судии на Апелациониот суд во скопје, на Управниот и на Врховниот суд.

Во Вишиот управен суд, речиси сите судии се блиски роднини на поранешни или сегашни функционери, почнувајќи од братучетката на Трајко Вељановски, до сестрата на екс директорот на Агенцијата за патишта и судијката Светлана Костова која во бомбите е снимена како договара провизија за купување на опрема во време кога била судија, а претходно работела во УБК.

Уште кога се формираше овој суд Глобус пишуваше, преку перото на нашата новинарка Наташа Црвенковска за конекциите кои избраните судии, поточно – поголемиот дел ги имаше со звучни имиња од тогашната власт.

ТРЕНДАФИЛ ИВАНОВСКИ Овој судија беше жртва на една од судиите кои сега ја бараат раководната позиција

На приме,р беше констатирано дека во Вишиот Управен суд со работа почнува Загорка Тноковска, која дотогаш работеше како советник во кабинетот на Маневски. Сестрата на истражниот судија Туфегџиќ, кој го водеше случајот „Перо Наков”, е унапредена – Мирјана Василевска од скопски јавен обвинител станува виш управен судија. Судскиот совет за виш управен судија ја избра и Виолета Илиевска – братучетка на претседателот на Собранието Вељаноски. Избрана е и Лидија Георгиевска, сестрата на директорот на катастарот Љупчо Георгиевски. Советот ја унапреди и Лидија Каначковиќ – управната судијка која заседаваше со советот што Трендафил Ивановски го прогласи за соработник на тајните служби.
Па се заклучи дека една четвртина од составот на Вишот Управен суд имаат некаква роднинска врска со функционери од власта, што остава место за сомнеж дека поради тоа ќе има влијание при донесување на одлуките (во корист на власта). институција, која е основана во согласност со реформите во правосудниот систем.

 

(svedok.mk – globusmagazin.mk)

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet