Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗГРАДАТА НА ССМ ОСТАНУВА НА РАБОТНИЦИТЕ

September 24, 2024 Filed Under: Македонија

Работниците, правдата и ССМ победија за само осум месеци корумпиран систем составен од корумпирани судии – изјавува претседателот на ССМ Трендафилов

РАБОТНИЧКИ ДОМ Правосудниот состем овој пат решаваше брзо на ревизијата на срамната одлука за одземање на Работничкиот дом од ССМ

Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии за кои укажувавме на почетокот на годината дека ја направија најголемата штета на синдикалното движење во Македонија, нешто што се нема случено ниту во Европа ниту во светот. Борбата што ја водевме овие осум месеци, ни овозможи да добиеме повторување на постапката и укинување на сите правни акти кои значеа конфискација на Работничкиот дом. Упатувам апел до новата Влада да не ги следи примерите на претходните влади кои беа против работниците и кои сакаа да го одземат Работничкиот дом од работниците, соопшти претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

На неодамнешната прес-конференција Трендафилов истакна дека Предлогот на ССМ за повторување на постапката врз основа на доказите со кои Сојузот располага уште од 1948 година, е прифатен од Врховниот суд со насоки да се укинат сите досегашни пресуди, вклучително и ревизијата на Врховниот суд со која се конфискуваше Работничкиот дом од работниците на штета на целокупното работничко движење и на штета на ССМ, со единствена цел, да се уништи ССМ.

– Работниците, правдата и ССМ победија за само осум месеци корумпиран систем составен од корумпирани судии. За наша среќа, не сите судии се во истиот кош. Сакам да се заблагодарам на судијката Оља Крстиќеска во Основниот суд Скопје, која дозволи по брза постапка да се случи повторувањето и да се прифати предлогот за повторување на постапката, како и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која овозможи согласно законските одредби, да даде приоритет на предметот за да може да се случи што е можно побрзо ваквото решение со укинување на срамната пресуда на Врховниот суд, односно, не на Врховниот суд, таму имаме и достоинствени судии, професионалци судии и судии кои работат согласно законите во Македонија, како двете судијки кои беа против уште при носењето на ваквата срамна пресуда од страна на овие тројца судии, како и судиите кои сега овозможија повторување на постапката во Македонија. Сакам да се заблагодарам и на сите судии кои беа вклучени како преку Основниот суд, така и преку Апелациониот суд кои се повеќе од 30 во овие години од 2005-та до денеска, кои судеа на страната на правдата, на страната на вистината, дека Работничкиот дом е граден од работнички плати, од работничка синдикална членарина од ССМ, истакна Трендафилов.

 

Filed Under: Македонија

ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО
КАКО ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА УБИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Најново

  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
  • ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet