Јавното обвинителство за организиран криминал покрена обвинњние за случјот „Фасада на Мепсо“. Таа операција свовремено чинеше една третина од вкупниот годишен приход на МЕПСО
Своевремено новата неокласицистичка фасада на државната компанија за пренос на струја МЕПСО, ја прелеа чашата. Таа постапка на 30 јануари 2013 година доби зелено светло од страна на Советот на општина Центар. По жолчната расправа меѓу советниците ВМРО -ДПМНЕ и советниците од СДСМ, владејачкото мнозинство ја изгласа Програмата за промена на фасадата на овој објект на плоштадот Македонија.
За опозициските советници образложението дека со оваа фасада е енергетски ефикасна, е неосновано. На гласањето му претходеше остра расправа меѓу советниците, едните го бранеа барокот, другите го критикуваа. Промената на фасадата на МЕПСО само ја прели чашата кај опозициските советници, па расправата се насочи кон целиот проект Скопје 2014.
– Од Мал ринг направивме куклен театар. Срам ме фаќа кога ќе ги видам тие израстоци на „Скопје 2014“.Нема што повеќе да се проектира, остана уште Вардар. Четри години ве убедувавме дека Мал ринг е спротивен на урбанистичкиот план и сега повторно наметнувате нова фасада на МЕПСО со цел усогласување со контекстот. Со кој контекст? Со каков? Сé со цел да се задоволи еден субјект, изајви архитектот и советник од СДСМ во општина Центар, Јован Тагасовски
Но, за владејачкото мнозинство немаше ништо спорно ниту во фасадата на МЕПСО ниту во целиот проект Скопје 2014. Дали е добар или не ќе пресуделе граѓаните.
– Со проектот „Скопје 2014“ центарот на градот доби нови изглед. Нормално е да има и негативни критики, но вие од старт со сите сили го напаѓате проектот. Треба да се задоволи јавниот вкус и важно е што мисли поголемиот дел од популацијата. Кога туристи ги посетуваат градовите во странство, тие не одат да ги видат модерните градби, туку архитектурата на старите векови, изјави градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.
Членовите на опозициските советници веќе четири години гласаат против промената на фасадите и проектот Скопје 2014. Според нив општината се користи само како тело преку кое треба да поминат идејните решенија, а дека сите идеи од проектот се дело на лични интереси на некој кој не знае што е современа архитектура. Според идејното решение неокласицистичката фасада на МЕПСО ќе биде збогатена со повеќе антички столбови. Засега не се знае колку ќе чини реконтрукцијата, а дополнително во претстојниот период треба да се избере и изведувачот, кој треба во рок од година и пол да ја заврши обновата.
Инаку, да се потсетиме тогашното раководство на МЕПСО предводено од директорот Синиша Спасов, во 2013 година упати официјално барање до градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и до Советот да дозволат измена на фасадата на седиштето на оваа компанија, а исто така и за обнова на внатрешноста.
Во дописот објаснуваше дека со новата надворешност објектот ќе добие репрезентативност, усогласување со контекстот, како и подобрување на енергетската ефикасност. Воедно и ќе се заштеди на давачките за неговото одржување. За остварувањето на овој проект беа издвоени финансиски средства во висина од над 650 милиони денари, односно над 10,5 милиони евра буџетски пари.
Градежната фирма „Бетон“ од Штип ја доби работата за новата класицистичка фасада на административно–деловното здание на оваа државна компанија вредна дури 11 милиони евра.
Икако што знаеме по 6 години од нејзиното завршување, ветерот ја соголе целата измама околу барокната гипсена фасада на МЕПСО.
Јавно обвинителство објави дека поведува истрага за целиот случај.
…Корупцијата, организираниот криминал, парите на сметките, изборната корупција и цврстите врски меѓу политиката и бизнисот не се видливи за секој граѓанин. Проектот „Скопје 2014“ е видлив и најверојатно засекогаш ќе биде. Со тоа Груевски ја постигна целта и остави наследство и јасна порака дека никогаш не треба да биде заборавен.
Тоа го направи со народни пари, стотици милиони евра, многу сомнежи за криминални активности, ја смени сликата на еден град, зеленилото го замени со бетон, антички столбови, коњи, лавови и мостови на река која пресушува, а водата што е останата се слеа во новите барокни згради и ја загрози архивската граѓа. Всушност, најдобар пример за ефектот од владеењето на Груевски е „Скопје 2014“, бидејќи проектот ги содржи сите аспекти на криминалот, корупцијата и градењето на една ера на поделби.“ Ова стои во едно издание кое деновиве имаше промоција а е на Институтот Отворено општествоо. Ова е таков пример.
Глобус со години, бидејќи изведата на барокизацијата траеше со години го криткуваше овој потег на тогашната власт. Во меѓувреме кон антиквизација тргна и постојниот и времено напуштен објект на Плоштадот на ЕВН и ЕЛЕМ, кој застана во времето и денес ер – ништои. Претставува само опсност за минувачите!
Пред очите на јавноста, сме запишпале во 2015 година, каде во мигот се одвива трансформацијата на зградата на ЕВН (некогашна зграда на ЕСМ Македонија) на Плоштадот Македонија – таа од модерна зграда, симбол на модернизмот на македонската архитектура од 60-тите, се претвора во некаква барокна имитација „на нешто”, чиј резултат наскоро ќе го видиме. Таа „инвестиција” чини пари, сме констатирале и тие се земаат практично до систем кој се соочува со многу проблеми, рефлектирани и деновиве на многу места. Тоа се случува и кога по зголемувањето на цената на елекричната енергија ние се уште немаме објект кој го започнала и го довршила оваа влада, која е на чело на РМ веќе деветта година! И кога граѓаните ја изгубија привилегијата да имаат евтина попладневна струја, на пример.
Нагласивме дека зградата на МЕПСО, која е уште помодерна и која никна во 70-тите години, години во кои македонската архитектура „растураше” на изложбите на нови дела во оваа област на креирањето, ќе се оптетвара во некаква барокна имитација од што никој жив нема ништо да добие, освен оној кој ќе биде дел од зделката!. Рокот за изведба на новата фасада на овој објект од постземјотресно Скопје изнесува 24 месеци. Основниот проект за зафатот го подготви „Неимар инженеринг”.
МЕПСО долго не го објавуваше архитектонскиот труд, врз чија основа ќе се изведува класицистичката фасада. Овој потег на компанијата во последно време претставува пракса и на други субјекти поврзани со владиниот проект „Скопје 2014″, како што е необјавувањето на идејните решенија за изградба на трите административни објекти кај хотелот „Бристол”, но и на промената на надворешниот изглед на десетици зданија на улиците „Никола Вапцаров”, „Димитрија Чуповски” и „Македонија” во централното градско подрачје. Беше подвлекувано дека парите за обнова на фасадата ќе ги обезбеди компанијата.
Во тоа време СДСМ објави економса анализа во која стоеше дека вкупниот годишен приход на МЕПСО за пренос на електрична енергија годишно изнесува нецели 35 милиони евра (или 2,141 милијарди денари). МЕПСО третина од овие пари или 10.5 милиони евра ги троши за барокна фасада!
Знаеме како заврши последниот чин од барокната оперета со промената на фасадата на МЕПСО. Од силен, но не и урагански ветер падна дел од фасата на овој огромен објект, за среќа без човечки жртви. Но целосно ја разголе бизнис зделката на поранешото раководство на МЕПСО и на поранешната власт.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас.
Како што информираат од Обвинителството, предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издал наредба до МВР за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.
Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата.
По добивањето и анализата на вештачењето, ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката.
Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, додаваат од Обвинителството.
(Користени архивски материјали на Глобус и илустрации на порталот Ако.мк)