Без рaзлика дали Русија и дала помош во здравствена опрема на најбогатат држава на светот или таа тоа го платила, факт е дека во САД владее конфузија по однос на стратегијата за одбрана од корона вирусот. Во многу земји ситуацијата е исклучително критилчна
На преминот од четвртокот кон петокот, по средноевропско време во светот бројот на заболените ја премина границата од милион лица (1.027.626), дневниот „скор“ надмина 74.000 лица, а бројот на починатие е 52.507.
Во САД статистиката покажа дека вкупниот број излегол 244.344 граѓани а бројот на починатите е 5.807. Во најмоќната земја се забележува недостиг на респиратори а градоначалникот на Лос Анџелес ги повика граѓаните да не носат заштитни маска во јавност во вториот најголем град по бројот на жители во оваа земја.Градоначалникот Ерик Гарчети изјави дека жителите не треба да носат медицински маски, со оглед дека тие им се потребни на професионалниот здравствен персонал, туку да носат импровизирани маски од облека за да помогнат да се намали ширењето на вирусот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Теодрос Адханом Гебрејесус изрази длабока загриженост за рапидната ескалација. Ја истакна загриженоста за најсиромашните и најранливите категории на луѓе кои се дел од мерките за останување дома и ги повика поразвиените земји да помогнат со социјални програми. Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупреди дека секој може да се преносител на коронавирус иако не покажува симптоми.
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој и самиот е во изолација откако беше позитивен на тестирањето за коронавирус, во видео-порака најави дека Британија „нагло ќе го зголеми тестирањето“ на популацијата, како клучен чекор за поразување на вирусот.
Италија е најтешко погодена со повеќе од 13.000 жртви. Тамошните власти најави продолжување на стриктната забрана за движење на цела територија со цел да се намали ширењето на вирусот. Шпанија е втора, со над 10.000 жртви.
Белгија има 15.000 заразени случаи со 1.000 починати од коронавирусот.
Мексико упати апел до Мексиканците кои живеат во други држави, особено во САД, да не патуваат назад дома во посета на семејствата, поради ризикот да бидат преносители на коронавирусот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ја отфрли директивата за национално затворање на населението во домовите, но кажа дека може да им наложи на авиокомпаниите да престанат да летаат меѓу жешките точка на коронавирус. На брифинг со новинарите во Белата куќа тој рече дека се разгледува таа опција, но ако се направи тоа ќе значи уште поголем притисок врз таа индустрија која е веќе под огромен стрес.
Во еден момент на прес конференцијата тој рече :„Ние не попуштаме пред стравот“.
Американската влада проектира дека дури и ако вистински се почитуваат упатставата за социјално дистанцирање кои се во сила, наредните недели околу четвртина милион луѓе во државата ќе умрат од инфекција со КОРОНА-19. Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо кажа дека 391 лице починало од претходниот ден наваму. Тој ја спомена проекцијата на Фондацијата Гејтс дека бројот на умрени ќе стигне 16,000 во Њујорк и 93,000 во целата држава.
Флорида, дом на 21 милион луѓе, стана една од последните држави кои наредија седење дома до крајот на април, од страна на гувернерот. Пенсилванија, Невада и Мисисипи исто така издадоа вакви наредби во средата. Некои жешки точки на КОВИД-19 во други држави, како Луизијана, уште една јужна држава, „експлодираат“, рече Трамп во средата пред новинарите.
Запрашан од Гласот на Америка дали работната група за коронавирус предводена од потпретседателот Мајк Пенс спречува испраќање на заштитна опрема за странство за да обезбеди САД да ги зачуваат во државата предметите што дома им требаат, Трамп рече дека во тоа нема вистина. Но тој потврди дека националните стратегиски резерви на таква опрема се речиси потрошени.
Гувернерот на Њујорк денеска изјави дека неговата држава има доволно респиратори за околу една недела, бидејќи бројот на потврдени случаи на коронавирус таму е 100.000.
„Според моменталната брзина на раст на бројот на заболени, имаме респиратори за околу шест дена во нашите залихи“, изјави гувернерот Ендрју Куомо. „Значи, ако се работи за стапката на употреба, стапката на луѓе кои доаѓаат во болниците и на кои им треба респиратор, доколку продолжи таа стапка, на залиха имаме респиратори за околу шест дена“.
Тој предупреди дека доколку бројот на случаи на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот, порасне во тој временски рок, или ако предвидениот број случаи ги надмине проекциите или трае подолго, државата може да се соочи со недостиг на респиратори.
Гувернерот работи со својот тим на набавка на 30,000 респиратори за неговата држава од 19,5 милиони луѓе. Половина од нив ќе бидат испратени во Њујорк, каде се околу 60% од случаите на заболени од вирусот на државата. Како и да е, со зголемувањето на побарувачката на респиратори во светски рамки, тешко е да се добие потребниот број доволно брзо.
Њујорк се обидува и на креативен начин да го подобри сегашното снабдување со респиратори – дозволувајќи нивно преправавање за да можат да бидат приклучени по двајца пациенти истовремено на еден респиратор, како и прилагодување на уреди за анестезија и BiPap машини, кои што исто така можат да ги снабдуваат со воздух белите дробови на пациентите. Државата ги откажа и сите неитни операции со цел растоварување на постојните респиратори.
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на напорите на националната влада како одговор на кризата со коронавирусот, пишувајќи во порака на Твитер: „Масивни количини на медицински материјали се доставуваат директно до државите и болниците“.
Но, Трамп рече дека некои гувернери „имаат незаситни апетити и никогаш не се задоволни. Запомнете, ние сме поддршка за нив. Подносителите на жалби требаше да бидат подготвени долго пред да се случи оваа криза. Другите држави се воодушевени од работата што ја направивме“, напиша Трамп.
Тој рече дека националната влада „испрати многу вентилатори денес, а илјадници се произведени. 51 товарен авион доаѓаат со медицински материјали. Се преферира испраќање директно во болници. “
Претходно, гувернерот на Мериленд, Лери Хоган, републиканец и претседател на Националното здружение на гувернери, рече дека тврдењето на Трамп дека има доволно тестoви за коронавирус достапни низ целата земја „едноставно не е точно“.
Гувернерот Нед Ламонт од Конектикат, демократ, рече дека бидејќи снабдувањето не е доволно, а бројот на жртви во САД се зголемува за стотици на ден, „Ние сме оставени сами на себе“.