Нема ниту еден позитивен на Ковид-19 во четири четири македонски градови. Во меѓувреме во уште шест градови нема повеќе заболени од овој вирус. Помина ли пикот на заболувањето и шо мислат грашаните за ситуацијата на тој план?
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Нашите читатели веројатно се сеќаваат на моделот на првиот човек на МАНУ, професорот по математика Љупчо Коцарев објави пресметки за движењето на вирусот ковид-19 во земјава. Тоа воедно беше и одговор на критичарите кои прашуваа зошто молчи највисоката научна институција кај нас – МАНУ во однос на епидемијата која се нависна над земјава.
Моделот што беше презентиран беше релативно оптимистичен и од денешен аспект точен во одредување на времето на пикот во земјава а непрецизен во однос на бројот на заразени. Во моделот беа внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидуваше вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци, тој број изнесува 663. Ова беше голема точност!
Професорот Коцарев објасни дека во МАНУ повеќе од 10 години се изучуваат различни епидемиолошки модели. Во изминатиот месец, заедно со м-р Петар Јовановски, тој работел, меѓу другите модели, и на моделите предложени од Империјал колеџот во Лондон и Универзитетот „Оксфорд“. Во првата класа на модели, именувани како Bayesian хиерархиски модели, се користениат методи од статистика и машинско учење, додека втората група на модели, познати под името обопштени SIR (Susceptible-Infected-Recovered) модели, се базираат на теоријата на динамички системи.
Првичните резултати од SIR моделот се покажани на слика 1. Во моделот се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидуваа вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци тој број изнесуваа 663. Според моделот, максималниот број на инфицирани се очекувал да се случи во почеток на мај и тој број би околу 1.100 инфицирани. Репродукцискиот број за Македонија, пресметан со моделот, изнесува 1,1. Според користениот модел резултатите од анкетата несомнено, укажуваа дека сме на добар пат во сузбивањето и намалувањето на епидемијата во нашата држава.
На 2 мај годинава Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за прв пат од почетокот на епидемијата, во изминати 24 часа, немаше прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника тој ден почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов на оваа Клиника сбеа хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација. Еден ден подоцна овој пациент за ќжал почина (се работи за естрадниот уметник Драган Вучиќ).
Математичкиот модел покажа релативна точност во однос на здравствените влати кои превидуваа пикот да биде на средината на април, потоа прогнозата ја поместија за една недела. Но моделот промаши бидејќи на 3 мај вкупната бројка на ковид, дијагностицирани во нашата земја изнесуваше 1506, бројката на оздравени пациенти беше 852 , на починати 82, а во тој момент бројот на активни случаи во земјата изнесуваше 572
Според мапата на Институтот за јавно здравје бројот на заштитени зони во Македонија пополека се намали, односно во Ресен, Берово, Кратово и Свети Николе останаа без ни еден регистрирани позитивен случај на Ковид 19.
Во шест градови во земјава имало а на 3 мај немаше повеќе активни случаи со КОВИД-19. Тоа се Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар, информира Министерството за здравство согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени. Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од КОВИД-19, а сите евидентирани позитивни се оздравени
Во некаков сумарум, највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители е регистрира во Куманово со 269,1 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (154,2/100.000) и Велес (104,1/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана и во Струга, Скопје, Штип и Кочани.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 684 машки и 758 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 66,0/100.000, додека кај женските 73,4/100.000. Илегува дека понежниот пол полесно заболува но е повитален.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 301 (20,9%) со инциденца од 78,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 107,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (299 заболени). Најниска инциденца од 22,3 и 23,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 59 случаи соодветно.
Овои бројки заслужуват да се споредуваат за тоа како болеста е примена од населението, какви биле нивните очекувања од болеста, како се оцени здравствените институции и слично.
Во анкетата објавена на 23 март во програмата на ТВ Сител а спроведена за потребите на емисијата Детектор над 40% од граѓаните очекуваат да се заразат со вирусот COVID-19 покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 10,2% од граѓаните велат дека најверојатно ќе се заразат со вирусот а 21% дека можеби ќе се заразат.
И обратно – 24,1% од анкетираните мислат дека веројатно нема да се заразат со корона вирусот додека 12,1% се сигурни дека нема да се заразат. 37,9% од анкетираните сметаат дека во следните неколку недели состојбата со кризата со корона вирусот ќе се влоши, 31,6% очекуваат подобрување додека 13,5% не очекуваат некакви промени. Како стојат медицинарите во анкетата? Па 64,4% од анкетираните сметаат дека македонските лекари се способни соодветно да го дијагностицираат и лекуваат корона вирусот, додека 14,3% се убедени во спротивното. Во анкетата 42,8% сметаат дека македонското здравство има доволно ресурси за да се справи со кризата, додека 34,2% сметаат дека ресурсите не се доволни.
Висока поддршка ужива министерот за здравство Венко Филипче. Анкетата на Детектор покажува дека 82% се задоволни од неговата работа во однос на кризата со корона вирусот, додека 11% велат дека не се. Огромна е поддршката која граѓаните ја даваат на мерките кои надлежните ги спроведуваат за надминување на кризата со корона вирусот. Над 90% од анкетираните даваат поддршка на мерките за забрана на јавни собири, затворање на угостителските објекти, училиштата и аеродромите како и затворање на границите.
На 90% е поддршката и за одложување на изборите а над 87% за казнување на оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и за забраната за движење од еден во друг град. Најмала поддршка меѓу овие мерки има полицискиот час, но сепак, дури 74,8% од граѓаните даваат поддршка за тоа. 60,7% од анкетираните сметаат дека мерките се соодветни, додека 20,6% се на став дека тие не се доволни а 12,6% сметаат дека мерките на надлежните за справување со епидемијата на корона се престроги. 79,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со вирусот, додека 14% велат дека не се.
Во однос на земјите од регионот, мнозинство од граѓаните во Детектор велат дека Македонија се справува на ист начин. Таков став имаат 43% од анкетираните. 28,4% сметаат дека земјава се справува подобро од соседните земји, додека 11,2% сметаат дека таа се справува полошо. Дури 66,9% од анкетираните велат дека се задоволни од информациите околу состојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите. 21,2% велат дека се делумно задоволни а 7,5% не се задоволни од начинот на кој известуваат медиумите. 50,7% сметаат дека граѓаните генерално се придржуваат до препораката за често миење на рацете, 25,7% се на ставот дека оваа препорака донекаде се почитува а 12,9% сметаат дека таа не се почитува.
Над една третина или 35,6% од анкетираните велат дека граѓаните генерално се придржуваат од препораката да не излегуваат од дома ако не се чувствуваат добро. 25,1% сметаат дека оваа препорака само донекаде се почитува додека 22,8% сметаат дека препораката не се почитува. 34,9% сметаат дека граѓаните се придржуваат до препораките за избегнување на физички контакти, 28,9% се на ставот дека тоа го прават донекаде, додека 24,8% сметаат дека оваа препорака на се почитува.
Близу третина од граѓаните или 30,6% сметаат дека генерално се почитува препораката да не се излегува од дома без потреба. 29,3% се на ставот дека оваа препорака делумно се почитува додека 29,4% се на ставот дека препораката да не се излегува од дома без потреба не се почитува. 29,1% од анкетираните граѓани велат дека граѓаните генерално се придржуваат до препораките за носење маски и ракавици надвор од својот дом, 31,3% сметаат дека оваа препорака донекаде се почитува а 27,8% сметаат дека не се почитува. Граѓаните велат дека не се почитуваат препораките за одговорно пазарење. 39,2% од анкетираните имаат ваков став. 26% сметаат дека оваа препорака се почитува а 24,2% сметаат дека таа се почитува но само донекаде.
Мнозинството граѓани велат дека се многу загрижени околу состојбата со корона вирусот. 38% велат дека се премногу загрижени, 34,% велат дека се многу загрижени а донекаде загрижени се 21%. Само 3,9% велат дека се малку загрижени а само 2,3% изјавиле дека воопшто не ги загрижува состојбата со корона вирусот.
Најголем дел од граѓаните или 38,8% најмногу се плашат од економската криза кој ја предизвикува вирусот. 15,3% се најзагрижени за евентуален колапс на здравствениот систем, 10,7% поради можен недостаток на храна, лекови и други стоки, додека 5,6% се загрижени да не го изгубат своето работно место. 37,8% сметаат дека поради кризата ќе има недостаток на болнички кревети, додека 33,4% не очекуваат ваков проблем. Над половина од анкетираните или 50,4% сметаат дека нема да дојде до недостаток на храна и лекови поради корона вирусот додека од таква опасност стравуваат 32,6% од анкетираните.
Најголемиот дел од граѓаните или 28,7% сметаат дека корона вирусот ќе престане да се шири за еден до три месеци. Поголеми оптимисти се 25,1% од анкетираните кои велат дека вирусот ќе престане за се шири за една недела до месец дена. 12,2% очекуваат крај на кризата во период меѓу три и шест месеци. 8,1% сметаат дека ширењето на вирусот ќе престане за најмногу една недела додека 5,1% очекуваат да имаме проблеми повеќе од 6 месеци. 43,1% од анкетираните очекуваат Македонија да добие помош од Европската Унија за справување со кризата со корона вирусот, додека 27,4% не очекуваат помош. Слични се бројките и кога станува збор за очекувањата за помош од НАТО алијансата. 44,4% од анкетираните очекуваат помош од НАТО за справување со корона вирусот додека 27,1% не очекуваат алијансата да помогне. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Каква е ситуацијата по тиа прашања денес, по повеќе од еден месец жицот во услови на пандемија? Иако се бележи благо намалување, сепак граѓаните во анкетата објавена во истата емисија на 3 мај и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од Корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 57,5% од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2% ги сметаат за престроги за 13,2% за недоволни. Во споредба со истражувањето кое за Детектор ИПИС го спроведе на почетокот на кризата во март, за 5 процентни поени пораснале граѓаните кои сметаат дека мерките се соодветни а за 3,2 процентни поени се намалил бројот на граѓани кои мерките ги сметаат за соодветни. Најголема промена има меѓу граѓаните кои мерките ги сметаат за недоволни. Ако во март 20% од граѓаните сметале дека мерките не се доволни, сега тој процент паднал на 13,2%.
Благо намалување бележи и поддршката за министерот за здравство Венко Филипче од чија работа како задоволни се изјасниле 78,3% од анкетираните, што е помалку во однос на оние 80% кои беа регистрирани во мартовската анкета. Кога станува збор за граѓаните кои не се задоволни од работата на министерот Филипче, нивниот број од 11% во март, пораснал на 15,2% во април. 71,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот додека 22,2% велат дека не се. Во однос на претходно истражување на јавното мислење во март, задоволството на граѓаните од работата на надлежните паднало за 8 процентни поени за месец дена, а за 8,2 процентни поени пораснало незадоволството во истиот период. 77,2 од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот додека 17,9% не се убедени во тоа. Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да се справи со кризата. Ваков став делат 41.2% од анкетираните, додека 35,2% се убедени во спротивното. Во споредба со истражувањето во март, не се бележат значителни промени кај расположението на граѓаните . 40,7% од анкетираните граѓани велат дека се задоволни од начинот на кој се врши тестирањето за присуство на корона вирусот. 33,8% велат дека не се задоволни а 25,5% немаат одговор на ова прашање. Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај. Ваков став имаат 36,6% од анкетираните. 18,3% очекуваат нормализација до крајот на јуни а 12,1% до крајот на месец април. 7,2% од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1% до крајот на годината а 1,3% следната година . Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот. Ваков став имаат 33,5% од анкетираните што е благо намалување во однос на оние 38,8% кои економската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета. 11,8% стравуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1% од недостаток на храна и лекови, 8,5% од рестрикциите на социјалниот живот и 7,6% од губењето на работното место. Во однос на земјите од регионот, граѓаните во мнозинство сметаат дека нема некоја разлика во начинот на кој Македонија се справува со кризата. Ваков став имаат 49% од анкетираните. 23,6% сметаат дека земјава се справува подобро а 17,1% полошо од соседните земји. Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април.
Ова секако покажува дека агресивната кампања која ја водеше опозицискиот ВМРО ДПМНЕ во целиот изминат период вроди со некаков плод, гледан од аспект на нивната битка со „најголемиот непријател“ – борците против корона вирусот. Но не и доволна, па затоа од оваа партија се бара очајнички начин изборите по кои пекаа да се одложат за поповолни времиња.