Науката им дава на лекарите нов аларм – постои голема шанса да имаме уште една ваква пандемија, но побрза и посмртоносна. Впрочем, на светот има 1,6 милиони различни вируси
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Филмот „Инфекцијa“ на Стивен Содерберг од 2011 г. (Contagion) беше еден од оние хитови кои бргу остануваат заборавени. Јунаците толкувани од Мет Дејмон, лоренс Фишбурн или Гвинет Полтроу го откриваат смртоносниот свет на вирусите за кои нема вакцина, еден од нив бргу се претвора во пандемија и од неа практично нема спас. Да не беше короната -19 веројатно филмот целосно ќе беше заминат во заборав (не е регистриран постои во македонската Википедија!) но животот повторно покажа дека Холивуд е добар преткажувач на настаните што не очекуваат. Впорчем, Содерберг имаше и реална инспирација во епидемиите од помал обем како оние на САРС-от, птичјиот грип, ебола или помалку познатите – сабија, џунин, ханта, гуанарито, зика, хендра и нипа.
ТЕШКО НА НОВУИТЕ ГЕНЕРАЦИИ – СИГУРНИ ЖРТВИ НА ИДНИ ПАНДЕМИИ После првиот јануарски ден стигнуваат и некои оптимистички верувања дека соевите на короната бргу ќе мутираат до степен на самоукинување, односно дека планетата едноставно ќе ја стави во инфекцијата која до сега одзема преку шест милиони животи.
Анализирајќи ги пандемиите во изминатите 400 години, италијанските научници предводени од Марко Марани од Универзитетот во Падова заклучија дека луѓето родени по 2000 година имаат околу 38 отсто поголеми шанси да доживеат друга пандемија во текот на нивниот живот, отколку актуелната а која погоди и популција родена и пред Втората светска војна. При тоа се вели дека следната пандемија може да биде полоша. Може да биде позаразна, посмртоносна или и да ги содржи и двете. варијанти
Итересно е овие денови мислењето на оваа тема на Сара Гилберт, професорка на институтот Џенер во Оксфорд и водач на тимот што ја создаде вакцината Оксфорд или АстраЗенека изјави дека ова не е последен пат вирусот да ги загрози нашите животи и егзистенција. Затоа, не смееме да го трошиме напредокот што го постигнавме, знаењето што го стекнавме, предупреди таа и не е единствената што предупредува на опасност од нова пандемија среде пандемија на коронавирус.
„Постои разумна веројатност дека светот ќе се соочи со нешто слично на пандемијата на Ковид-19 во следните 10 или 15 години“, рече неодамна и Бил Гејтс како гостин во подкастот „Поставете големи прашања“ со актерката и писателка Рашид Џонс.
НЕМА ДА НЕ УБИВААТ ВОЈНИ, ЌЕ НЕ УБИВААТ МИКРОБИ Пандемијата на коронавирус не го изненади Гејтс, кој со години зборува за таква закана. Во посета на TED Talks во 2015 година, тој предупреди дека САД, но и другите земји, не се подготвени за пандемија.
– Ако нешто убие повеќе од 10 милиони луѓе во следните неколку децении, најверојатно тоа ќе биде многу заразен вирус, а не војна. Не проектили, туку микроби – рекол тогаш Гејтс, а поради тоа предупредување станал омилена мета на теоретичарите на заговор.
Неодамна, Гејтс повика на голема глобална инвестиција за да се спречи следната пандемија. – Пандемијата на Ковид-19 ја чинеше светската економија милијарди долари. Ако меѓународната заедница инвестираше само дел од тие пари во надзор на болести, производство на вакцини и развој на подобри лекови, тоа ќе ги намали шансите за друга, слична пандемија, рече Гејтс во интервју за магазинот Тајм.
Но, виролозите, епидемиолозите и претставници на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, со години предупредуваат за појавата и можната пандемија на некоја нова непозната многу заразна болест која често се нарекува „Х болест“. Во реалноста државниците слабо реагираа на овбој аларм и се случи тоа што се случи.
И ЕКОЛОГИЈАТА СТАНА ВАЖНА Негрижата за човечката средина е инаку силен извор на наплив на нови вируси! Човекот пред се со расчистувањето на тропските шуми носи во атмосферата огромни заспани вируси. Се работи за површини со големина од 35 фудбалски игралишта секоја минута. Тука се иинсектите истерани од своите живеалишта кои пренесуваат зоонозни болести (кои преминуваат од животните на луѓето). Тука се и се почестите контакти на луѓето со дивите животни и илегалната трговија со егзотични видови, исто како интензивното земјоделство. Има и развиен воздушен сообраќај кој овозможува брзо патување до најоддалечените дестинации, а тоа за вирусите отвора можност да се патува од едниот до другиот крај на нашата планета за практично 24 часа.
Подготовките за следната пандемија треба во голема мера да бидат потпомогнати од Глобалниот проект за вирометар (GVP) започнат во 2016 година за да се идентификуваат повеќето вируси кои потенцијално би можеле да предизвикаат епидемии кај луѓето. GVP е продолжение на проектот PREDICT, во кој научниците открија околу 1.000 досега непознати вируси во текот на осум години.
– Глобалниот вирусен проект во основа е насочен кон откривање на вируси пред да дојдат кај нас и да ни се закануваат. Затоа, целта е да се состави сеопфатна база на податоци за вируси. Да ги имавме тие податоци, ќе го ограничивме Ковид-19 уште во октомври 2019 година – рече Денис Керол, раководител на оој проект.
ПОГЛЕД КОН СВИЊАРНИКОТ Катализирањето на податоците на сите потенцијално опасни вируси ќе биде скапа задача. Керол проценува дека ќе бидат потребни околу 1,6 милијарди долари и најмалку 10 години за да се откријат 70 отсто од 1,67 милиони вируси на Земјата. Од тие 1,67 милиони вируси, научниците досега идентификувале само 4.000, а само 250 се откриени кај луѓето.
Институтот Роберт Кох (РКИ) лани напролет испрати кратка порака до СЗО во која се наведува дека 17-годишник е заразен со вирусот на грип А (Х1Н1), кој е регистриран кај свињите во свињарник во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија.
РКИ соопшти дека момчето претходно имало контакт со свињи. Затоа и се претпоставува дека се заразило во свињарникот. Во извештајот се наведува и дека болеста била со лесни симптоми и дека други луѓе не биле заразени.
Вирус од свињарник? Па да се вратиме на филмот на Содерберг од почетокот на тркстот. Имено, во него, десет години пред последнава пандемија, лилјак (!) кој е заразен, јаде банана, која паѓа во свињарник и завршува во желудникот на тамошна свиња, која пак доаѓа на трпеза и болеста се пренесува на човечко битие кое потоа од Кина (упс!) патувајќи со авион ја пренесува во САД
Во случајот со неоданешката врска свиња – човек имамвме „ќорсокак за вирусот и во овој случај – фала му на Бога – не се прошири“, објаснува ветеринарот и истражувач Тим Хардер од Институтот Фридрих Лефлер – германска институција за истражување на здравјето на животните. Хардер е специјалист за болести кои можат да се појават и кај луѓето и кај животните – таканаречените зоонози. „Во суштина, така би можеле да замислиме појава на една пандемија, така би изгледал тој иницијален скок“, вели тој. Хардер е убеден дека ќе има повеќе пандемии во иднина. „Но, не знаеме од каде ќе дојдат, кога и со каков патоген“.
На прашање на Северногерманската телевизија (НДР), германското Министерство за здравство (БМГ) објави дека лекарите ќе треба да го пријават сомнежот за „инфекција со зоонозен грип“. Меѓутоа, во исто време, тие потврдија дека сопствениците на животни и ветеринарите не се обврзани да подлежат на лекарски преглед, доколку имаат симптоми на грип.
ЧЕТИРИНОЖЕН КОКТЕЛ ОД ВИРУСИ Хардер е лично заинтересиран за свињите, бидејќи тие можат да се заразат со човечки вируси, но и со вируси од живина или диви птици. Овој истражувач наведува како овие вируси меѓу свињите би можеле да го разменат својот генетски материјал. На тој начин, различни состојки би можеле да направат опасен коктел, објаснува Хардер, и така би можеле да се појават нови опасни пандемиски вируси.
Пандемијата од грип во 2009 година, исто така, покажа дека таков коктел од вируси претставува вистинска опасност. Во тоа време, таканаречениот свински грип настана од вирус, кој ги содржеше гените на вирусот што беа пронајдени кај луѓето, свињите и птиците. „Овие вируси се сретнаа во еден момент кај свињите во Централна Америка“, објаснува Хардер. Така се појавила варијанта која потоа се пренесувала од човек на човек. Ветеринарката Урсула Гердес од Фондот за инфективни болести на животните во Долна Саксонија, која обезбедува финансиска поддршка за сузбивање на зараза кај добиток и живина. „Отпрвин, имаше неверојатен број заразени диви птици на бреговите и беше прашање на време кога инфекцијата ќе се прошири на домашната живина“, вели таа.
Министерството за земјоделство на Долна Саксонија ѝ призна на НДР дека треба да се намали бројот на живина во областите кои почесто се погодени. Затоа, ова министерство препорачува во иднина живинарниците за мисирки да се затворат како кокошарниците. Тој, сепак, наведува дека проблем претставуваат законите за изградба на живинарници.
Ветеринарниот истражувач Хардер посочува дека вирусот на птичји грип, кој се појави во минатото, во неколку случаи доведе до инфекции кај луѓето, но дека тие поминаа полесно и без фатален исход. Но, има и други вируси кај птиците, кои се појавија во Азија и Северна Африка. Хардер верува дека тие најверојатно ќе се пренесат на луѓето и дека би можеле да предизвикаат смртоносни инфекции.
Но да излеземе одмново од кокошарниците и свињарниците. Сега сме меѓу многу заболени од последниот сој омикрон а неговото брзото ширење фрли сенка врз овогодинешната празнична сезона, потсетувајќи на минатогодишните настани кога појавата на алфа варијантата доведе до откажување на многу аспекти од божиќните и новогодишните прослави.
Во Обединетото Кралство. пишува британскиот весник „Гардијан“, и годинава се откажани многу свечености и масовни пречеци, бидејќи бројот на заразени значително се зголемил поради новата варијанта за само неколку недели.
Сепак, хоспитализирањата и смртните случаи од ковид- 19 се уште се многу ниски оваа година, додека најновото истражување покажува дека инфекцијата со новата варијанта предизвикува помалку случаи на тешка болест во споредба со претходните варијанти на коронавирусот.
ЌЕ СЕ НАМАЛИ ЛИ РИЗЏИКОТ ОД КОРОНА ВО ИДНИНА? Според извештајот на Гардијан, многу научници веруваат дека доказите сега покажуваат дека корона вирусот може да ја изгуби својата моќ да предизвикува сериозни болести, а ова верување е потврдено со неодамнешните студии спроведени во Шкотска, Англија и Јужна Африка.
„Моето чувство е дека оваа варијанта (омикрон) е првиот чекор во процесот со кој вирусот се прилагодува на човечката популација, така што симптомите што ги предизвикува се помалку сериозни“, рече др. Џулијан Танг, професор по респираторни науки на Универзитетот во Лестер, пренесува Гардијан. „Ова значи дека вирусот помага да влијае на луѓето на начин што не ги разболува, бидејќи тие потоа можат да се движат и да се мешаат со други луѓе и на тој начин да го шират вирусот уште повеќе“, додава Танг. Гледајќи околу нас може да потврдиме дека ова е вистина. Симптомите полесно ги поднесуваме ама ама сепак побрзо ги шириме и одново како да се вртиме во некој круг.
Првиот човек на СЗО деновиве истакна дека новите пандмии се сигурни како и еволуцијата и дека нема шанси тоа да не се случи.
„Не правете грешка, ова секако не е последен пат нашата планета да се соочи со пандемија. Тоа е еволутивна безбедност. Ќе дојдат нови вируси кои имаат потенцијал да бидат многу позаразни и многу посмртоносни од ова“, рече Гебрејесус на состанок на министрите за здравство.на земјите членки на СЗО.