Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗДРАВСТВО: ДА СЕ СПРЕЧИ ОДЛИВОТ НА БЕЛИ МАНТИЛИ

May 8, 2018 Filed Under: Македонија

Во Министерството за здравство сериозно работат на тоа да се добијат пари за прием на неопходниот кадар на сите нивоа, за да не одат цели генерации надвор од гранците

НЕМА ВЕЌЕ ВЛЕЧЕЊЕ КЕСИ Ако сестри одат дома кај пациентите, ќе се растовари здравствениот буџет

Деновиве од Министерството за здравство дознаваме дека се готви „операција“ на помасовни вработувања во оваа област. Ова се однесува и на лекари, но и на медицински сестри и друг персонал. Се вели дека проблемот е што во ваквите акции постои голем несразмер меѓу потребите и распространетоста на слободните кадри во земјата. Во та смисла се нстојува да престтане селењето на кадрите од внатрешноста кон метрополата.

Инаку Министерството за здравство најнапред почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информира неодамна на прес-конференција Владимир Милошев, државен секретар во Министерството.

Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист.

– Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција – рече Милошев.

БОЛНИЧКА СОБА Најскапо е она лекување кое негата ја префрлува на болничкиот персонал

За таа цел се веќе назначени здравствени работници, кои телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола. Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб страната на Министерството за здравство.

Минатата 2017 година бројот на извршени хируршки интервенции е околу 51.771 интервенција. Проценките, според него, се дека и годинава толку пациенти ќе бидат згрижени со постоперативна нега.

– Со цел да се одговори на прашањата на пациентите во првите денови по напуштањето на болницата, ќе биде одговорен најмалку по еден здравствен работник – медицински сестри од редот на вработените, за секој оддел каде се хоспитализирани пациенти. Целта е да се унапреди достапноста, како и здравствената грижа за постоперативната и домашна нега – додаде Милошев.

Во овој миг медицински сестри седат дома а здравствени установи имаат сериозен проблем поради недостиг на средно медицински персонал. Некои директори беа принудени дури времено да затвораат и болнички оддели. И додека побарувачката е голема, според податоците од Агенцијата за вработување, за профилот медицинска сестра како невработени се водат над 1.000 лица. Дури 253 од нив се медицински сестри, 743  медицински техничари и околу 130 акушерки.

– За да не дојде до затворање на оддели, од Градската болница 8-ми септември бараат вработување на дополнителни 60 медицински сестри, покрај 60-те кои стапија во работен однос пред новогодишните рпазници. Барање до министерството за вработување на 20 медицински сестри има и Здравствен дом Скопје.

МИЛОШЕВ Државниот секретар ја најави акцијата за прием на медицински сестри

Покрај средно медицински персонал, постои барање и за доктори. Во ГОБ 8-ми септември нема нефролошко одделение бидејќи им е потребно вработување на најмалку двајца специјалисти од оваа област. Засега за оваа патологија пациентите можат да добијат здравствена услуга само еднаш неделно. Откако тројца лекари заминале во пензија, покрај нефролози од Министерството за здравство бараат и вработување на четворица анестезиолози, ревматолог и неврохирург. Болницата доставила барање и за 30 болничари. 130 вработувања бара и Здравствен дом Скопје, од кои 40 се лекари.

Речиси и да нема јавна здравствена установа која нема потреба од дополнителен кадар.  Според податоците од МЗ, нови вработувања бараат 14 клиники, 11 општи и клинички болници и три институти и заводи.

– Според доставените барања  од јавните здравствени установи, најголема потреба има од медицински сестри и сестри за нега, а дел се барања и за готови специјалисти и доктори на специјализација за кои е потребно неколку години за да се заврши специјализацијата, стои во писмениот одговор од МЗ за Сител.

Во Агенцијата за вработување како невработени се водат 35 лекари кои се уште не завршиле со специјализација. (Љ.К.)

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet