Пандемиската криза е можност за GGF да промовира одржлив економски раст. Веројатно Мерко сега размислува дали да се приклони кон партискиот притисок или кон „советите“ на своите локални спонзори
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во еден од претходните броеви на Глобус ја отворивме темата – дали Мерко, гранодначалникот на Струга и функционерот кој не се прослави со следење на директивите на централната власт, посебно оние кои се однесуваат на заштитата на Охридското езеро, сега кога таа тема се симнува на ниво на партиската директива од мала Речица. Што за него би требало да е посилно од закон! И навистина првата реакција беше во стиклот „амин“, односно во правец на ветувањето дека ќе биде „добро момче“ во еколошката приказна на неговата партија, која се одлучи да отвори зелена (еколошка) програма. Ќе презентираме дека тука лежат и големи пари, настрана омиленоста на темата за ушите на гласачите, особено оние кои имале критичка дистанца кон реториката на Ахмети. Проблемот со Мерко секако е подлабок – тој има хиерархиска обврска кон ДУИ ама и кон сите оние на кои од овие или оние причини им ветил дека од Подмоље до Радожда ќе врие од угостителско-хотелски објекти кои би биле основа на развјот на градот, кој, какко и Охрид имаа со децении градена политика за сестран, значи и мултиплициран стопански развој! И тоа го видвме веднаш што осамна следниот ден по зелчената директива…
А прашањерто за развојот базиран на екологијата не е само помодност. Или поточно – најмалку е тоа!
На ова прашањер „растат“ многу пари, инвестиции бидејќи светот е загрозен. Зелениот фонд за развој – ГГФ затоа има важна улога во охрабрувањето и финансирањето на институции кои ја делат нејзината визија за обнова на економијата, така што таа станува подобра, изјави неодамна во интервју нејзиниот претседател Олаф Зимелка. Ако државите спроведат структурни реформи, тоа веројатно ќе ги охрабри зелените инвестиции во приватниот сектор, изјави тој за Грин Енерџи Њуз за Балкан.
Раковидителот на ов а финансиско тело со седиште во Германија деновиве низ земјите на Централчна Азија и Кавказот, укажува дека GGF управува со еден од првите специјализирани механизми за инвестирање во обновлива енергија, енергетска ефикасност и мерки за заштеда на ресурси во регионите во кои работи. Има комбиниран пристап кон финансирање, каде што јавниот капитал се користи за мобилизирање на приватни инвестиции. Зимелка предупреди дека емисиите на стакленички гасови повторно растат, како резултат на економските предизвици и социјалната нееднаквост што ја влошува пандемијата КОВИД-19.
Иако терминот „зелено закрепнување“ неодамна влезе во мода, тоа не е само папагалско поторување на политичарите кај нас, иако советниците секако тоа го подметнуваат на состанцоите. Просто тоа се наметна откако вирусот корона и зададе сериозен удар на светската економија. Ако можеме да го реплицираме она што западните медиуми го кажуваат постојано – државите сакаат да обноват, да создадат работни места, да го стимулираат растот, да ги поправат штетите, и тоа треба да се направи на одржлив начин – и тоа е суштината на феноменот „зеленото закрепнување“.
Ззначи, да се потенцира – короната го нападна развојот на многу фронтоби а за да се опорави требаат инвестиции, по можност сом скромни камати и со прифартливо, ниту малку споро темпо на опоравување! Значи и покрај тешкотиите, кризата дава можност да го поддржи одржливиот економски раст за во иднина. Постојат неколку начини да се направи ова, но можеби најочигледно е дека владите спроведуваат клучни структурни реформи и активности. Кога државите ќе ги испратат вистинските сигнали до пазарот, можеме да се надеваме на зелени инвестиции во приватниот сектор.
Ние чувствуваме дека GGF може да игра важна улога тука, да ги охрабри и финансира финансиските институции кои ја делат нашата визија за закрепнување на економијата, така што ќе стане подобро.
Ова не е првпат во последните години светот да се потресе од кризата. По глобалната финансиска криза во 2008 година, фокусот беше скоро исклучиво на инвестирање за економски раст, а помалку внимание беше посветено на климатските промени, што значи дека светот пропушти „некоја лекција“.
Сите велат дека тоа не смее да се повтори, но до крајот на 2020 година, според податоците, емисиите на стакленички гасови на глобално ниво веќе ги надминаа нивоата од 2019 година, и покрај кризата што ги блокираше општеството и економијата. Покрај економските предизвици и социјалните нееднаквости што ги влошува пандемијата – емисиите со тоа повторно се зголемуваат.
Ова го прави зелено закрепнување неизбежно.
Бидејќи GGF (Green for Growth Fund) работи со партнерски финансиски институции за изнаоѓање иновативни начини да им се овозможи на деловните субјекти и на домаќинствата пристап до зелени финансии, ова ќе придонесе за зајакнување на економскиот раст, а истовремено и придобивка на климата. Нашето искуство е старо повеќе од една деценија и ние сме водечки извор на зелено финансирање во регионот, затоа верувам дека имаме идеална позиција за поддршка на зелено закрепнување.
И што точно прави GGF за да го промовира зелениот развој?
Во април 2020 година, веќе можевме да го забележиме притисокот со кој се соочуваат нашите партнери додека економиите се затвораа и должниците имаа потешкотии поради мерките за затворање насочени кон запирање на ширењето на коронавирусот. Бројни централни банки на Балканот, како и оние во другите региони, воведоа разни видови мораториуми на обврските за отплата на заемот.
Во овој Фонд често велат дека им било јасно дека треба да го адаптираат вообичаениот начин на деловно работење веднаш за да им обезбедат на своите партнери потребните алатки за да им помогнат на клиентите да ја надминат кризата со тоа што ќе бидат флексибилни во финансирањето на соодветни зелени инвестиции и поддршка на отпорноста на основните сектори. Досега – би оцениле скромно – се одобрени скромно повеќе од 200 милиони евра заеми директно поврзани со оваа зелена стратегија за закрепнување.
Каде главно отишле овие пари? Целта била да се поддржат зелените жени претприемачи, кои биле особено ранливи на економското забавување. Кон одела директната финансиска поддршка, овие претприемачи биле во можност да ги продолжат своите активности за време на пандемијата и да се прилагодат на новите услови на пазарот.
Колегите на Олаф Зимелка укажуваат дека кризата со ковидот ја открила внатрешната сложеност и ранливоста на глобалните синџири на снабдување. ЕУ сè повеќе се движи кон донесување закони што ќе ги принудат корпорациите да докажат дека стоките или услугите достапни во ЕУ не им штетат на луѓето или околината. Зелениот договор на ЕУ, на пример, е само една од стратегиите што ја демонстрира посветеноста на Европа за трансформација на глобалните синџири на снабдување преку промовирање на нови стандарди за одржлив раст.
Европскиот зелен договор и другите напори на Европската унија создаваат огромни можности на Балканот да се понудат поотпорни решенија
Ова создава огромни можности за малите и средни претпријатија (МСП) на Балканот да понудат поотпорни решенија, без оглед дали се од областа на услугите или производите, бидејќи ЕУ има намера да најде добавувачи во соседството, во тој регион и со тоа да ги ублажи нарушувања во синџирот на снабдување.
Заради отвореноста на трговскиот режим на ЕУ, можно е ангажирање на работници и компании во непосредна близина, бидејќи ЕУ има најголем обем на трговија со земјоделски и индустриски производи и услуги во светот. Но, за да се случи тоа, извозните производи мора да ги исполнуваат подобрените еколошки стандарди. Ова е местото каде што GGF влегува во сцената. Може да биде многу важен фактор за финансирање инвестиции во секторот МСП кои ги подобруваат перформансите на овие компании во заштитата на животната средина, но исто така ги намалуваат трошоците за енергија и ја зголемуваат конкурентноста.
– Нне постои единствен пристап кога станува збор за подигнување на економијата на нозе со истовремен приоритет на зелените мерки. Но, ова не значи дека индустриите или земјите не можат да учат едни од други или треба да работат независно една од друга. Одличен пример за регионална соработка беше пред неколку месеци, кога земјите од Западен Балкан ја потпишаа Софиската декларација за Зелената агенда – вели Зимелка. – Луѓето често мислат дека не е можно да се справиме со климатската криза среде пандемија. Но, пандемијата јасно стави до знаење дека социо-економските ефекти на КОВИД-19 бараат холистички пристап кон планирање за обновување и креирање политики.
Една од целите на зеленото закрепнување треба да биде замена на енергијата произведена од фосилни горива со таа од обновливи извори.
Земете го јагленот на пример. Тоа е примарен извор на електрична енергија во регионот и неговото учество во производството на електрична енергија е околу 70 проценти. Една од целите на зеленото закрепнување треба да биде значително да се намали тој број и да се замени енергијата произведена од фосилни горива со онаа од обновливи извори. Добра страна е што технологиите се клучни за ова сега во позрела фаза и подостапни и дека тие можат да станат пошироко распространети отколку пред десет години, што значи дека е финансиски полесно да се донесе позелен пристап за во иднина – вели тој. И потсетува дека ГГФ усвои сеопфатен план за економски и инвестиции за Западен Балкан. Планот има за цел да инвестира девет милијарди евра во секторите транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, за да го зајакне зеленото закрепнување по пандемијата.
Инаку, ова се можеби тие 9 милијарди евра инвестиции кои се споменуваат во говорите на премиерот? Значи постојат! Само што треба да свати дека се наменети за поширокиот реги9он и дека за нив мора да има сериозна борба со проекти. Ниту малку правени со калкулаторите во рака на кафеанџиите крај Дрим.