Во овие денови, кога цените на зеленчукот треба да одат надолу, стојат многу високо. Генерално имаме повисоки трошоци за храна, здравје, ресторани!
АНЕТА ДОДЕВСКА
Повисоки трошоци за храна, за здравје, за угостителски услуги во ресторани и хотели, за мебел и покуќнина. Во првото тромесечје од оваа економска година во споредба со истиот период лани, според државната статистка, регистриран е пораст на трошоците на живот за 1,2 отсто а во истиот анлизиран период цените на мало се заголемени за 0,5 отсто. И граѓаните велат дека со почетокот на оваа економска година се чуствува бран на поскапувања, особено кај храната
Според прогнозите на Народната банка годинава просечната стапка на инфлација ќе се движи оклу 1,8 отсто а слична прогноза за стапка на инфлација од околку 2 отсто објави и Меѓународниот монетарен фонд.
ПОСКАПУВАЊА, ПОЕВТИНУВАЊА Од јануари до крајот на март, инфлацијата во земјава се движи околу еден отсто, но се чуствува притисок од узвоните цени, објави Народната банка.
„Просечната годишна стапка на инфлација во првиот квартал на 2019 година изнесува 1,2 отсто, што е под проектираното ниво со октомвриската проекција. Воедно, најновите оцени упатуваат на послаби притисоци од увозните цени во 2019 година. Во вакви услови, ризиците околу проектираната стапка на инфлација за оваа година од околу 2 отсто тековно се оценуваат како надолни“ – велат од НБМ.
Додека статистиките мерат умерна инфлација, граѓаните кои ги прашавме, тврдат дека изминатите месеци цените на одредени производи, особено на пазарите се во праст.
„Еве, килогарам домати се продава по 149 денари а пиперките надминаа 200 денари за килограм. Во овој период од годината кога зеленчукот веќе треба да е достапен со цените, колограм зелка чини 70 денари. Тешко дека ќе купам некои од овие производи“ – вели една скопјанка што ја сретнавме на еден од пазарите во метрополата.
Оваа состојба е потврдена и од официјалните мерења, во март годинава во споредба со март лани, трошоците на живот само кај ставката „зеленчук“ се зголемени за цели 28,9 отсто. Државната статистика мери поскапа живеачка и на годишно и на месечно ниво – па така во првите три месеци од годинава во споредба со истиот период од 2018 година трошоците се зголемени за 1,2 отсто, а во март годинава во споредба со март лани порастот изнесува 1,4 отсто, пришто најголем е кај алокохолните пијалаци и тутун за 8,6 отсто.
Трошоци на живот ( март 2019-март 2018):
Алкохолни пијалаци и тутун 8,6%
Храна и безалкох. пијалаци 2,9%
Здравје 2,9%
Рекреација и култура 2,2%
Ресторани и хотели 1,9%
Анализирано по сектори, во март годинава, во споредба со март лани, позначаен пораст на трошоците на живот има кај здравствените услуги за 7 отсто а во рамките на тоа трошоците за медицинските и за парамедицинските услуги се зголемени за 8,4 отсто а на болничките услуги за 8,5 отто. Од друга страна, во истиот анализиран период намалување на трошоците на живот е регистрирано кај облека, обувки, транспорт, вода, домување, образование, комуникации.
Првото тромесечје од годинава во споредба со истиот период лани е во знакот на позначаен пораст на цените во угостителството, па така цените на угостителските услуги се зголемени за 2,2 отсто, а во рамки на овој сектор цените на алокохолните пијалаци се зголемени за 3,4 отсто, на храната за 2,0 отсто а на ноќевањата за 3,6 отсто, додека намалување во угостителството има кај цените на безалкохолните пијалаци за незначителни 0,2 отсто.
Според наодите од „Анекета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП“ што ја објави Народната банка а ги опфаќа проценките на економските аналитичари, годинава се очекува збрзување на економскиот раст а со тоа и постепено забрзување на инфлацијата.
„За 2019 година очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе изнесува 1,8 отсто, а потоа минимално ќе забрза и ќе достигне до 1,9отсто и 2,0 отсто во 2020 и 2021 година, соодветно. Испитаниците ја објаснуваат благата нагорна патека на инфлацијата за наредните години со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, повисоката домашна побарувачка, повисоките цени на енергијата и очекуваниот раст на цената на нафтата на светскиот пазар, како и општиот раст на светските цени на примарните производ“ – се наведува во објавениот анкетен документ.
ШТО СЕ СЛУЧУВА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР Помалата побарувачка на нафта во глобални рамки предизвика пад на цените на „жолтото злато“, а ова пак е директно поврзано со намалување на економскиот раст на светско ниво.
„Во споредба со октомври, очекуваната цена на нафтата за 2019 година е коригирана во надолна насока (позначителен пад, наспроти очекуваниот мал раст во октомври), а како главен фактор се издвојува очекуваната помала глобална побарувачка на нафта, во услови на послаба економска активност на светско ниво. Од друга страна, за 2020 година се очекува помал пад во споредба со октомври“ – велат од НБМ.
Кај цените на нафтените деривати се очекуваат променливи трендови а кај цените на прехранбените производи пак прогнозите покажуваат ревидирање во надолна линија .
„Во поглед на цените на примарните прехранбени производи ревизиите за 2019 година се во надолна насока, при што се предвидува пад, наместо раст на цената на пченицата и помал раст на цената на пченката. Од друга страна, во 2020 година е извршена нагорна корекција на очекуваниот раст на цената на пченицата, додека кај цената на пченката нема поголеми промени во споредба со октомври. Согласно со најновите оцени, цените на пченицата за 2019 година се позначително ревидирани надолу во споредба со октомврискиот циклус проекции. Ваквата промена главно се поврзува со високата понуда на пченица на светско ниво, но и со затегнатите трговски односи меѓу САД и Кина“ – се наведува во новобјавените проекции на Народната Банка.
Според прогнозите на ММФ, инфлацијата во Северна Македонија останала со умерени 1,5 отсто во 2018 година но се очекување годинава да се искачи на 1,8 отсто оваа година и 1,9 отсто во 2020 година.
(Текстот е објавен во Portalb.mk, со кого Глобус има договор за преземање на текстови. Опремата е на Глобус)