Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗЕМЈАВА Е РЕГИОНАЛЕН РЕКОРДЕР ПО ИЗВОЗ НА ФЛАШИРАНО ВИНО

April 4, 2023 Filed Under: Македонија

Со извоз вреден 61,4 милиони евра Северна Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Достигнавме до 220 регистрирани мали семејни винарии, што е голем успех и показател на нашата посветеност.

ИЗВОЗ Се повеќе извезуваме флаширани, брендирани вина – министерот со излагачите

Го промовираме нашето македонско вино пред Европа и светот. На саемот за вино Винитали 16 македонски винари со 70 различни етикети ќе имаат можност да се претстават и да ја покажат важноста на македонската традиција.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски нагласи дека Македонија е прва земја во регионот, а 29 во светот по извозот на вино.

-Трета година по ред бележиме зголемување кај извозот на флашираното вино. Токму затоа е важна саемската промоција. Од 2017 година до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, како министерство сме издвоиле повеќе од 1 милион евра, со цел да бидеме како земја уште подобро запознаени и високо позиционирани на светската винска карта, потенцира Николовски.

ГОСТИ Нашето земјоделство добро плива во рамикте на иницијативата отворен Балкан

Отворен Балкан нуди многу можности, со отворени граници без административни процедури, чекања и бариери. Со извоз вреден 61,4 милиони евра Северна Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Достигнавме до 220 регистрирани мали семејни винарии, што е голем успех и показател на нашата посветеност.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потенцира дека македонските винарии се големи корисници на ИПАРД 2 во овие 5 години.

-Нивните инвестиции и модернизација преку ИПАРД 2 ја поставија нашата земја на лидерското место и во искористеност на ИПАРД и во извоз на вино. Продолжуваме со јасна стратегија на развој и во следните 5 години со ИПАРД 3, но и на долг рок, додаде тој.

ГРУПЕН ПОРТРЕТ Извозниците со премиерот Ковачевски

 

 

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet