Кои се најчести причини за смртноста на граѓаните на Северна Македонија? Што покажуваат анализите на невладиниот сектор?
Според листата на ЦИА Северна Македонија e на 42 место по стапка на смртност на која се рангирани 229 држави во светот. На прво место е Србија, а во првите десет покрај Србија спраѓаат и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска. Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.
Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Републкика Северна Македонија лани починале 28 516 луѓе. Од нив најмногу биле поради циркулаторен систем (35.9 %) , компикации од КОВИД-19 (20.6 %), , неоплазмите (13.8 %) , ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 %) и болести на респираторен систем (4.2 %)..
Во меѓувреме во својот неделен извештај за пандемијата, една од причините за смртноста во светот, здравствената агенција на ООН соопшти дека смртните случаи поврзани со Ковид паднале за 22 отсто во изминатата недела, на нешто повеќе од 11.000 пријавени ширум светот.
Шефот на Светската здравствена организација вели дека бројот на смртни случаи од коронавирусот минатата недела е најмалиот пријавен број во пандемијата од март 2020 година, што го означува она што може да биде пресвртница во повеќегодишната глобална епидемија. На брифингот со новинарите во средата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека „никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата. Сè уште не сме таму, но крајот е на повидок“.
Во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека смртните случаи поврзани со Ковид паднале за 22 отсто во изминатата недела, на нешто повеќе од 11.000 пријавени ширум светот. Сепак, Светската здравствена организација предупреди дека релаксираното тестирање и надзор значи дека многу позитивни случаи минуваат незабележано.
Не стоиме така добро во сите статистики на оваа тема. Во аначизата на невладиниот сектор која ја утврдува моменталната состојба и причините за зголемената смртност на родилките и новороденчињата во земјата. Македонија има највисока стапка на перинатална смртност во Македонија. Смртноста е во пораст од 2010 година, а во 2014 година е 14.3 и е речиси тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2. Смртноста на доенчињата исто така расте и ако во 2010 година била 7.6, во 2014 достигнува 9.9. Во Македонија, зголемени стапки на смртност се забележуваат во Дојран (30.3), Берово (22.3), Гевгелија (18.8), Крушево (18.5). Дополнително загрижувачки е податокот дека од 2011 година стапката на матернална смртност исто така се зголемува. Како резултат на досега регистрираните случаи на смрт на родилки, овој тренд се очекува да продолжи и во 2015 година.
Дел од главните причини за зголемената смртност се недостатокот на матични гинеколози и достапни јавни функционални гинеколошки установи, особено во општините со највисока стапка на смртност во државата, како и недоволните буџетските средства за превентивна здравствена заштита на мајките и децата кои од година во година се намалуваат и пренаменуваат за други цели. Жените од помалите места и руралните подрачја, како резултат на недостатокот на гинеколози и нефункционалните породилишта, немаат пристап до примарна здравствена заштита во антенаталниот и периодот по породувањето. Дополнителен проблем е и незаконска наплата кај матичните гинеколози, како и трошоците за партиципација кои се на товар на жените.
Платформата за родова еднаквост ги престави и препораките до креаторите на политиките, кои се базираат на наодите од анализата. Целосната анализа може да ја прочитате тука.
Тутунот и нездравата исхрана се главни ризик-фактори за смртност во Македонија. Нездравиот начин на живот е двигател на смртност, а високиот процент на пушачи, лица со висок шеќер во крвта и зголемената потрошувачка на шеќер, сол и масти се проценува дека опфаќаат речиси три четвртини од смртните случаи до 2019 година, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Македонија.
Овој извештај е еден од 14. национални извештаи за земјите членки во европскиот регион на СЗО што не се членки на Европската Унија.
Во делот „Подобрување на здравјето на населението“ се посочува дека очекуваниот животен век во Македонија се зголемува, но останува под просек од европскиот регион на СЗО.
– Најновите податоци за смртност пријавени од Македонија до СЗО се однесуваат на 2019 г. Според овие податоци, просечниот животен век изнесувал 75,5 години. Иако ова беше под просеците за Југоисточна Европа и европскиот регион на СЗО, беше повисок од повеќе ажурирани бројки за очекуваниот животен век за некои членки на ЕУ – се вели во извештајот.
Кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања и карциноми се водечки причини за смртност кај возрасните. Во периодот од 2000 до 2017 година забележано е и зголемување на смртноста поради дијабетес, специфични видови рак, особено на белите дробови, колоректален карцином, панкреас и рак на простатата, како и Алцхајмерова болест.
Во извештајот се наведува дека државата е рангирана меѓу земјите со највисока преваленција на пушење тутун во светот и највисок просечен број на испушени цигари кај возрасните и младите луѓе. Но, како што пишува, се забележува намалување на стапката на пушење цигари. Причината за тоа велат дека е Законот за забрана на пушење цигари на јавни места воведен во 2010 година.
На позитивна нота, како што велат од СЗО, потрошувачката на алкохолот кај возрасните по глава на жител (3,8 литри) е под просекот на европскиот регион на СЗО.
Забележано е зголемување на стапката на прекумерна тежина и дебелина меѓу возрасните. Речиси две третини или 64,9 проценти од мажите и повеќе од половина жени, односно 51,2 отсто биле со прекумерна тежина во 2016 година. Загрижува и фактот што половина од возрасната популација не се физички активни и само 8,3 проценти од возрасните практикуваат околу 150 минути умерена физичка активност неделно, што е под просекот на Европската Унија.
Прекумерната тежина се забележува и меѓу седумгодишните деца, каде што во период од 2010 и 2019 година е зголемена особено кај девојчињата, од 30,9 проценти на 30,8 отсто, покажуваат податоците од извештајот.
Загадениот воздух е главен ризик-фактор за респираторни заболувања кај децата, велат од СЗО. Земјата има едно од највисоките нивоа на загаденост на воздухот во Европа, особено во главниот град Скопје. Согласно податоците од извештајот, во 2019 година се проценува дека еден од седум смртни случаи (13,7 проценти) во државата се должи на лошиот квалитет на воздухот.
Преваленцијата на респираторни состојби, не вклучувајќи зарази или пневмонија, е особено висока кај децата на возраст од 0 до 14 години. Во 2019 година 39,8 отсто од морбидитетот кај децата е поврзан со болести на респираторниот систем. Од СЗО велат дека децата од предучилишна возраст во урбаните средини имаат двојно поголеми шанси да развијат болести на респираторниот систем од оние во руралните средини.
Четиринаесетте нови извештаи беа претставени на 72. седница на Регионалниот комитет на СЗО за Европа во Тел Авив, Израел, на 12 септември годинава. Секој извештај содржи најнови информации за земјата во однос на организацијата на здравствениот систем, стратегиите за финансирање и финансиска заштита, пристапот до ресурси и услуги, подобрувањето на здравјето на населението, стратегиите за антимикробна резистентност и напредокот кон исполнување на Европската програма за работа на СЗО. (р.г.)