Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗЕМЈАВА ОД АГРАРНА СТАНУВА УВОЗЕН ЗАВИСНИК ОД ПРЕХРРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ

February 17, 2026 Filed Under: Македонија

Ако држава како нашата дава 1,5 милијарди евра за субвенции на храна а истовреме дава и милијарда за увоз на храна нешто длабоко не е во ред!

ДИЛЕМА Што е тука домашно а што увозно – потрошувач со прашање?

Македонија се помалку произведува храна. Само лани сме дале скоро 1 милијарда евра за увоз. За 10 години увозот на храна е зголемен за фрапантни 88%. Во 90-тите сме имале 660.000 хектари обработливо земјиште сега тоа е помалку од 500.000. Од околу 2 милиони овци сега имаме околу 500.000 грла, од 250.000 грла говеда бројката е падната на не повеќе од 100.000. Земјоделците велат потребни се гарантрирани цени за да се стопира овој тренд.

Од друга страна за 15 години сме потрошиле како држава околу 1.5 милијарди евра за субвенции, а резултати нема. Според професорот Драги Димитриески од Земјоделскиот факултет од Скопје – во изјава дадена за Тв Сител – потребна е комплетна промена на земјоделската политика.

„Сето ова значи доведува да тие средства да завршуваат како средства со кои што на некој начин се чува социјалниот мир, а не одат во она што требаше вистински да се оствари, да се обезбеди конкурентност. Да се инвестира во модернизација на земјоделските стопанства, набавка на механизација, набавка на опрема, реконструкција на хидросистемите“, изјави професорот Драги Димитриески од Земјоделскиот факултет од Скопје.

Исто така било потребно и окрупнување на земјоделците.

„Малите земјоделски стопанства да на некој начин ги организираме на еден друг начин преку земјоделските задруги однсно кооперативите или здруженијата на производители, организации на производители, да го изнајдеме кој е тој најповолен модел“, истакна Димитриески.

Филип Димкоски агрономот и професор во СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп пак смета дека прво треба поддршка за малите земјоделски стопанства, а окрупнувањето да дојде постепено.

„Имаме многу мал број на население, голем број на млади кои се иселени, тоа е премногу административно комплицирано да се направи тоа окрупнување на поседите. Така што сметам дека решението е во поттикот на малите земјоделства, на малите стопанства“, истакна Филип Димкоски, агрономот и професор во СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп.

За увоз на храна и живи животни минатата година Македонија потрошила 1,1 милијарда евра. За пет години увозот на храна е речиси двојно зголемен. Од друга страна, пак, од бројките може да се види дека извозот на храна не го следи истото темпо на раст, се тврди во свежа анализа на ТВ Телма.

Најмногу сме увезувале месо и преработки од месо, за што лани се потрошени 245,6 милиони евра. За увоз на зеленчук и овошје сме потрошиле 179,5 милиони евра, разни производи за исхрана 156,2 милиони евра, жита и преработки од жита 151 милион евра, за кафе, чај, какао и зачини 137 милиони евра, а за млечни производи и јајца 119,7 милиони евра. Минатата година сме потрошиле 56 милиони евра за увоз на шеќер, преработки од шеќер и мед, 46 милиони евра за добиточна храна и 34 милиони евра за риби (ракови и мекотелци и нивни преработки). А дали граѓаните кога купуваат во маркетите гледаат дали производите се од домашно или странско производство? Што им е поважно – квалитет или цена?

(Р.Г.)

Filed Under: Македонија

ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА
БЕРЛИНАЛЕТО ЗАПОЧНА СО КОНСТАТАЦИЈАТА – НЕМА ДОБРИ ЛУЃЕ
ДИЗАЈН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ ЛЕГИТИМИТЕТ ВО ПОНОВОТО ВРЕМЕ (2)

Најново

  • ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
  • УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
  • АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet