Надворешно-политичкото поведение на францускиот претседател во последните месеци е бесчувствително, ненадежно и опсесивен – заклучува весникот. Но, со сигурност е неевропско
Кога во понеделникот, на 11 ноември, завршија комеморативните настани во Германија, поповод крајот на Првата светска војна, во Франција училиштата и продавниците останаа затворени. 11 ноември, денот во кој пред 101 години заврши Првата светска војна, е празник во Франција. Повод за потсетување на стотиците илјади млади луѓе кои ги загубија своите животи во борбата против Германците.
Овој пат Емануел Макрон се ангажираше на 11 ноември, но овој пат многу незабележливо. Денот е одбележан со посета на Берлин, каде го празнуваше падот на Берлинскиот ѕид во неделата вечерта, заедно со сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел. И со мировна конференција што Макрон ја организира во Париз на 12 ноември.
Од гледна точка на Германија фактот што споменот за Првата светска војна останува толку жив во Франција, може да разбуди чудење. До него држат не само учителите по историја, но и семејствата низ целата земја. Националните спомен-календари следат различен ритам. Не пречи да појасниме, колку е сериозен Макрон во однос на француско-германската соработка. И доколку неговата политика е фокусирана кон иднината. Минатата година, кога беше одбележана 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, Макрон ја заврши еднонеделната историска турнеја. Таа беше посветена колку на минатото на земјата, толку и на него самиот како претседател, кој се стреми да пишува историја. Тоа не беше скромно. Освен тоа, се претвори во контрапункт на застарената политика за историски спомен, која Франција често ја потхранува. Национална гордост, шовинистички гестови на супериорност – сèто тоа недостасуваше. Заради форматот на воена парада генералите и офицерите негодуваа против својот претседател. Година покасно, Макрон веќе се претставува во друга светлина. Тој изгледа се помалку како рамноправен партнер и повеќе како наследник на империја. „Франција Ве сака“, изјави порано претседателот пред пратениците на германскиот Бундестаг. Во меѓувреме љубовта на Макрон изгледа повеќе како љубовта на родителите кон детето: „Те сакам, така што треба да си ставиш шапка“. Или да си го зголемиш буџетот за вооружување.
Надворешнополитичкото поведение на Макрон во последните месеци е бесчувствително („НАТО е во мозочна смрт“), ненадежно (нема присоединување кон ЕУ за Албанија и Северна Македонија) и опсесивно (Европскиот парламент треба да го одобри неговиот кандидат). Но, едно нешто категорично не е – европско. Макрон е сокако брод на отворено море. Во продолжение на две години, Макрон ја набљудуваше Германија, која навоно не се грижи за својата шапка, но и тој беше зафатена со својата фризура.
САД се повлекуваат од договорот за трансатлантско партнерство? Добро, тешко е. Но што ќе стане ако Хорст Зеехофер ја растури големата коалиција? Ако човек се концентрира на начинот, на кој Макрон ги соопштува своите надворешно-политички планови, тоа дава повод за раздразнување. Во свое интервју, тој ја опиша геополитичката состојба во светот, како тој да е единствениот кој ја осознава. Тоа ја прави соработката со него исцрпувачка. Во исто време таа е лесна, затоа што Макрон е последователен и јасен. Како и досега, тој сака зближување на европејците на воено, финансиско и социјалнополитичко ниво. И се гледа себеси не само како извор на идеи, но и како лидер.
Ако се запрашаме чесно, зошто Макрон е толку раздразнет, едниот од можните одговори е дека неговото поведение е предвесник на несигурна иднина. На чело на Германија се уште стојат големи играчи, како ЦДУ и СПГ, кои продолжуваат да се движат и покрај дупките во нивните тела. Во Франција пак популарните (народните) партии заоѓаат. А Макрон се качил на моторен брод на отворено море по патот кој не е ни десно или лево, важно е да биде тој главниот.
Тоа е опасно за демократијата во Франција. Успехот на Макрон се заснова на фактот дека тој ја облагородува крајната десница со единствената опозиција. Но, токму оваа радикализација на дискурсот ја заплашува и Германија. Макрон сака да дејствува. Во интерес на Франција и заедно со Берлин. Во рамките на Европа, нема други две држави со толку силен стремеж да гласаат, колку Франција и Германија. Спорот не е знак на разминување, а доказ за растечка блискост. Франција може само да се надева, можно најскоро против Макрон да се исправи една сериозна опозиција. Французите живеат со него веќе две и пол години. Земјата има потреба од демократска и избирлива алтернатива.