Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗИМАВА ДА СМЕТАМЕ НА ПОЗАГАДЕН ВОЗДУХ

November 1, 2022 Filed Under: Македонија

Животниот век на Балканот намален помеѓу 0,4 и 1,3 години поради загадениот воздух, вели заедничкиот истражувачки центар на ЕУ

ТРАЈЧЕ СТАФИЛОВ Неколку студии спроведени во Скопје, покажаа дека користењето на дрваната маса доведува до големо загадување

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

Зголемената искористеност на јагленост за добивање на струја во производствените капацитети во државата, како и порастот на аќинства кои ќе се греат на дрва поради енергетската криза, ќе придонесе македонските градови и оваа зима повторно да дишат загаден воздух, сметаат познавачите на приликите.

„Постои ризик Скопје да биде позагадено од тоа што беше, ако и понатаму топланите за загревање на Скопје не работат на гас. Ако поминат топланите на мазут или дизел, тогаш ќе очекуваме дополнително загадување. Неколку студии спроведени во Скопје, покажаа дека користењето на дрваната маса доведува до големо загадување, бидејки таму согорувањето не е контролирано“, вели Трајче Стафилов, професор на Природно-математички факултет во Скопје.

Лошиот квалитет на воздухот во Западен Балкан е причина за повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, говорат податоците на Европската агенција за животна средина, додека загадувањето на воздухот е причина пак за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во просек во регионот, укажува заедничкиот истражувачки центар на ЕУ.

„Има повеќе студии кои покажуваат директна поврзаност и последици. Тука се кардиоваскуларните болести, респираторните болести, карциногените болести. Сето она што го дишеме, составот на тие пм10 честички и оние работи што не ги мериме, како диоксани, фурани и други, влијаат врз тоа да се создават канцерогени заболувња. Околу 4.500-5.000 има ново заболени од канцер само на клиниката во Скопје“, вели Невена Ѓеорѓиевска од О2 Иницијатива.

НЕВЕНА ГЕОРГИЕВСКА Да се молиме за повеќе ветровити денови

Ѓеорѓиевска вели дека не` чека тешка зима, со оглед на што тоа во изминатите години немало поголеми и значителни мерки.

„Оваа зима останува да се молиме за уште повеќе ветровити денови. Ако немаме вакви услови ќе биде страшно. Ќе имаме вредности кои ќе бидат четирицифрени како и пред пет години. Дрвата не се навремено дистрибуирани за да бидат исушени. Колку се повлажни толку е поголемо загадувањето. Граѓаните пристапуваат кон горење на се`и се што, во недостиг на финансии“.

Во студијата на регионалната кампања, „Обединет Балкан за чист воздух“, се посочува дека помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно е економската штета за трошоци за здравствена заштита, која ја предизвикуваат јаглените електрани во Западен Балкан.

Тетово, Скопје, Куманово и Битола многу често се наоѓаат на листата најзагадени градови во светот.

(VOA)

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet