Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ЗИМСКИОТ САЛОН“ ВО ЗНАКОТ НА ПОВРЗУВАЊЕТО

February 15, 2022 Filed Under: Ревија

Традиционалната изложба на ликовните уметници се одржува во Чифте амам до 19 февруари

ЗИМСКИ САЛОН Амбиентот на Чифте амам совршен за изложбата

Дела на повеќе од 40 македонски ликовни уметници кои работеа на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ ќе бидат изложени на 19-от „Зимски салон“ на ДЛУМ, што од 9 до 19 февруари, ќе се одржи во Чифте амам, во Национална галерија . Селектор беше Анка Боериу од Романија.

Коле Манев, Вана Урошевиќ, Кирил Гегоски, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Илина Арсова, Филип Фидановски, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Слободан Живковски, Пандора Апостолоска Саздовска, Златко Бојковски,Христина Зафировска, Стефан Димовски, Ацо Таневски, Мирослав Вељковиќ-Мишо, Јана Луловска,Ангелца Стоиљковиќ, Ивона Велковска,Марина Цветановска Мартиновска, Моника Десоска Каргова, Зуљеха Зубери Али, Бојана Артиновска Трпческа, Драган Верговски Алпи, Душан Георгиевски, Ангел Димовски Чауш, Сашо Саздовски,Слободан Милошески, Ненад Тонкин,Маја Танева, Нела Јанковска, Росица Лазеска, Дијана Томиќ Радевска, Ана Ивановска, Марија Мицова Гацова, Тања Таневска, Јана Манева Чупоска, Страхил Петровски, Мице Јанкуловски, Ирена Паскали и Златко Глигоров, се македонските уметници чии дела ќе се најдат на 19 издание на „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, што од 9 до 19 февруари, ќе се одржи во Чифте амам, во Национална галерија на Р.С. Македонија.

Тие понудија свои творби на зададената тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ иницирана од Анка Боериу, професорка од Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Романија и годинешна селекторка на манифестацијата.

Прашана за нејзиното присуство на 19-от „Зимски салон“ на ДЛУМ таа најнапред ќе рече дека е почестена што учествувала во организацијата на овој голем настан и дека со радост ја прифатила задачата да биде селектор на делата за ова издание на манифестацијата. Во пресрет на нејзиното отворање истакнува дека речиси се е готово со поставувањето на делата во Национална галерија и дека публиката ќе има можност да проследи еден несекојдневен ликовен настан.

Навистина сум задоволна што уметниците имаа енергија да продолжат понатаму и да го одговорат на нашиот повик во овие тешки времиња бидејќи како што вели насловот на нашата тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ јас навистина мислам дека културата е многу значајна во општеството. Посебно во вакви комплицирани моменти и таа има енергија и сила да ги обнови општествата во овие зли времиња. Шетајќи се сега по Галеријата забележав дека на овој настан сме претставиле многу силни авторски личности кои се поврзани со актуелниот момент на современата уметност преку најразличните творечки техники. Овде се присутни творци од неколку генерации кои работат во најразлични медиуми – од традиционалните до оние современите како видео и слично и уште повеќе преку нивните погледи и идеи на претставување на темата, односно на реалноста. Уметниците се многу поврзани околу идејата за она што ни се случува и мислам и убедена сум дека ова ќе биде навистина голем настан, вели селекторката Анка Боериу.

Таа и до дополнување дека е навистина среќна што со себе од Романија на годинашново издание на изложбата „Зимски салон“ донела и пет автори гости – уметници како Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

СКУЛПТУРИ Меѓу селектираните се и дела на македонски скултори

Делата на романските уметници ќе бидат изложени во посебен дел од Националната галерија и гледајќи ја вкупната понуда чувствувам и слободно можам да заклучам дека несомнено постои силна врска помеѓу творците од обете поднебја, смета Боериу.

„Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми и прифатена во културниот живот на земјава со огромен интерес и голема медиумска поткрепа.

СЕЛЕКТИРАНИ Во изборот на дела за Салонот влегоа 40 ликоввни умтеници

Денешната физиономија на „Зимскиот Салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна.

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet