Златниот лав годинава заврши кај режисерот Кварано. Лани тој му припадна на Дел Торо!
Филмот „Рома“ на мексиканскиот автор Алфонсо Кварано е добитник на Златниот лав, глвната награда на 75. Венецијански фестивал – Мостра. Тој победи во конкуренција на 21 дело. Режисерот е познат по делото „Гравитација“, со кој освои седум Оскари на Американскаа филмска академија. Тој има 51 година, се бави и со пишување на сценарија. Дебитираше со „Малите принцези“. Имаше номинација и за сценарио за филмот „Мама Тамбиен“ (2001) како и за „Децата на човекот“ (адаптирано сценарио). Добитник е на многи награди Бритиш авардс, Бафта и други.
Роден е во Мексико Сити. Неговиот татко е нуклеарен физичар кој работел за Обдинетите Нации. Има работено доста за мексиканската телевизија а во Холивуд го внсува Роберт Родригез.
Има доста озборувања дека победата на овој режисер ја помогнал претседателот на овогодишното жири кој е Мексиканец (Гилјермо дел Торо), кој лани стана добитник на Златниот лав за „Обликот на водата“.
Во жирито, освен Дел Торо, се наоѓаа австралиската актерка Наоми Вотс, Тајванката Силвија Ченг, Данката Трине Дирхолм, Французинката Никол Гарсија, полската режисерка Малгожата Шумовска, новозеландскиот режисер Таика Вајтити, Италианецот Паоло Џеновезе и австрискиот актер Кристоф Валц. Соодносот жени наспрема мажи е 5:4, поради промовирање на Повелбата 50/50 до 2020, која има за цел – полова еднаквост и еднакви можности во филмската индустрија.
Делото „Рома“ е соијална драма за тешкиот живот во Мексико во 70-тите и има автобиографски елементи. Во ноември 2016 година, додека филмот се снимаше екипата беше нападната од банда крадци, кои застрелаа две жени, фиизчки поврди многу мажи и ги ограбија парите и драгоценостите. Премиера ова дело имаше на 10 септември во Торонто а во Њујорк премирата е закажана за 10 октомври.
Фестивалот во Венеција започна на 29 август со проекцијата на филмот „Првиот човек“ на американскиот режисер Демиен Шазел, дело посветено на астронаутот Нил Амстронг а се заврши во саботата со поделби на наградите. Американска пејачка Лејди Гага е една од највпечатливите фигури на настанот. Таа ја има главната улога во режисерското деби на актерот Бредли Купер, преработката на филмската класика „Ѕвездата се роди“.
Гран при од жирито го доби историската црна комедија „The Favourite“ (Фаворитот“) на Јоргос Лантимос, грчкиот режисер кој на филмаџиите претходно им ги донесе незаборавниот „Dogtooth“, а потоа и „The Lobster“ и „The killing of a sacred deer“.
Освен втората најпрестижна награда во Венеција, последното дело на Лантимос доби признание и за најдобра женска улога – Оливија Колман, портретирајќи кралица-дисфункционален монарх од 18 век.
Најдобар актер, пак, е Вилем Дефо кој го глумеше уметникот Винсент Ван Гог во филмот „At Eternity’s Gate” („Пред портата на вечноста“).
Наградата за најдобар режисер отиде кај французинот Жак Одијар за „The sisters brothers“ („Сестрински браќа“), вестерн со Жоакин Феникс и Џон Рејли како убијци.
Единствената жена режисер во официјалната програма, Џенифер Кинт ја доби специјалната награда од жирито за филмот The Nightingale („Славеј“). Овој одмазднички трилер го зема и признанието „Марчело Матројани“ за најдобар млад актер – Баикали Ганамбар.