Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ПОТЕМНЕТИ ОД ПАНДЕМИЈАТА

January 11, 2022 Filed Under: Ревија

Немаше тв пренос ниту црвен тепих.Глобуси доби Спилберг како и неговата австралиска колешка Џејн  Кемпион  а за најдобра серија е прогласена „Наследници“

ДОБИТНИЦИТЕ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ Фотографија направена зад затворени врати на Беверли Хилс

Најдобрите филмови и телевизиски серии за изминатата година беа наградени со Златен глобус во неделата, 9 јануари по американско време, но поради полемиката што ја придружуваше изборот за овие награди – без ТВ пренос и црвениот тепих, на затворен настан.

За најдобар мјузикл или комедија е прогласен римејкот на филмот „Приказната од западната страна на режисерот Стивен Спилберг. Римејкот на тој мјузикл од 1961 година е врзан за младешка љубов меѓу припаднизи на завојувани улични банди. Ссвоевремено во оригиналот блсна Натали Вуд.

Златниот глобус за најдобра режија и припадна на Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, додека јапонскиот „Drive my car“ е прогласен за најдобар филм на неанглиски јазик.

Златниот глобус за најдобар актер во драма му припадна на Вил Смит за неговата улога во „Кралот Ричард“, додека за најдобар актер во мјузикл или комедија му припадна на Ендрју Гарфилд за неговата улога во „Тик, Так… бум“.

Ѕвездата на „Приказни од западната страна“ Рејчел Зеглер беше наградена за најдобра филмска актерка во мјузикл или комедија, додека Никол Кидман го освои Златниот глобус за најдобра актерка во драмата „Being the Ricardos“.

Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA), која ги организира Златните глобуси, ја прогласи „Моќта на кучето“ за најдобра драма.

Автобиографскиот филм на Сер Кенет Брана „Белфаст“ и „Моќта на кучето“, вестерн со Бенедикт Камбербач во главната улога, имаа најмногу номинации за Златен глобус. Два филма се натпреваруваа за награди во седум категории, вклучително и за најдобар филм.

ВЕСТЕРН „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион не враѓа кон вестернот и големите пространства на Западот

„Наследниците“ е прогласен за најдобра драмска серија, а Џереми Стронг е прогласен за најдобар актер во истата категорија. Таа серија ја доби и третата награда – Златен глобус за најдобра споредна женска улога и беше доделен на Сара Снук.

Златниот глобус е, заедно со Оскарите, традиционално најгламурозната награда, но оваа не се емитуваше на телевизија.

Актерите, режисерите и филмските студија во голема мера ги игнорираа наградите „Златен глобус“ оваа година, по критиките во 2021 година дека нејзините организатори на HFPA работеле со сомнителни етички политики и без црни уметници во организацијата.

Ен-би-си, кој долги години го емитуваше настанот, одлучи да не ги емитува овогодинешните награди.

HFPA, која го прошири и диверзифицира своето членство и ја ревидира својата практика, ги објави своите избори на церемонија зад затворени врати во Беверли Хилс. Добитниците беа објавени на јавноста преку социјалните мрежи и на веб-страницата на Златните глобуси.

КОСТИМИОГРАФИЈА Новата верзијан нан „Приказна од западната страна“ игра во нашите кина

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet