БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Само Македонецот не прави попис затоа што се плаши дека ќе испадне помал. И останува да ја игра играта со лажната големина и со неа се глупира до нивото на самоубиство со лаги и цензуси.
Ха, народот ја казнил власта и се заканува дека во вториот круг може да ја казни уште пострашно.
Опасен некој народ!
Еден од начините да се спасам од него, е да го пуштам да ги оствари своите закани!
Не треба да мрднам со малиот прст за да се спасам од нив, а и на нив нема да и треба многу за да се спасат од мене и од власта. И од себе.
Само треба да си го начукаат далечинскиот управувач во газот откако претходно ќе го натопат во солна киселина или во некој јак отров, полониум или, можеби, новичок.
Ниту една власт после нема да може да ги заебава. Освен кога ќе се вршат ископи, па некој археолог ќе налета на коските на Силјановска. Или на Мицко. И нема да може да ги изневерува во идеалите да не работат ништо, а да живеат добро. Колку-толку. Да има за сливка, за велигденско јагне и за новогодишна сарма.
И децата ако може, а ќе може, нема каде, да ги утупави во некоја државна служба.
Така што своите закани и казни народот може да си ги обеси како гранитни кугли на своето куре: нема да му се дига, ама ќе му биде големо.
Строго глупави и злобни луѓе го наоружаа народот со корпички за пеперутки и го пуштија да ги фаќа грешките на власта. Не му дозволија да поужива малку во природата, во дрвата и грмушките, во цвеќето, во тревата, во хоризонтот, во перспективите, во епиката и лириката на просторот и времето, туку само да трча како будала по пеперутките на власта. Главата да си ја скрши. Тие го подготвија да промаши се: и времето и критериумите и целите и себе си да се промаши, а сепак да се убие. Од втор пат. Ај да видиме.
Македонија е земја која не се сака себе си. Тоа што луѓето мислат дека го сакаат, не живее во неа. Обратно, тие од неа прават ѕвер во кој се вљубуваат. Или го мразат.
Никој во светот не размислува дали ќе гласа за силувачот или за својата ќерка. Македонецот, обаче, е на пола.
Никој не игра Лига на шампиони со осум фудбалери само затоа што во записникот му стојат имињата на единаесет души.
Само Македонецот не прави попис затоа што се плаши дека ќе испадне помал. И останува да ја игра играта со лажната големина и со неа се глупира до нивото на самоубиство со лаги и цензуси.
Само Македонецот го негува идеалот на мрзата и јавната администрација како единствено пристојно уточиште.
Животот на Македонецот е смрт која тој ја одработува лефтерно и весело, на кафе, пиво и ќебапи.
Не постои организам кој е така кооперативен кон малигните ќелии, во случајот на вмро, како Македонецот, дури и низ официјалната доктрина: живот и за ракот.
Луѓето биле разочарани.
Од што биле разочарани.
Јас сум разочаран од луѓето.
И тие треба да бидат разочарани од себе.
Власта не е сјајна, но власта е бинго во однос на тоа што го чека разочараниот Македонец кој мисли дека ќе ја казни власта, а не себе.
На така чиста ситуација, со еден куп каменици, јастози, печења, вина, свет, светски свет, музика, Европа, Брисел, Париз, Кармина Бурана, слобода на движењето односно слободна слобода на слободата, Духот кој се спушта и те крева, ти со цела половина да отидеш и да го одбереш купот говна, органски говна, со гарантирана чистоќа, докажана низ кујната што ја јадевме 11 години, молам, јас тука завршувам со опсервациите на оваа чудовиште, немам повеќе метафори, хахаха.
Но, ајде да не бидам толку црн, нека да почекаме уште еден круг за да можеме да бидеме сигурни дали смртта на Македонија е праведна работа или е тоа животот.
Но, само уште нешто, повторно Гомбрович: треба да станеме уривачи на нашата сопствена историја, потпирајки се само на нашата сегашност-затоа што токму историјата ја претставува нашата наследна оптовареност, ни наметнува вештачка претстава за нас и не присилува да бидеме слични на историскиот извор, наместо да живееме со сопствената стварност. Денеска не е работата во тоа да издржиме во наследството што ни го предале поколенијата, во прашање е тоа ние во себе да го надминеме.
Имате уште една шанса.
Потоа можеме да се разделиме: вие да отидете у пизду материну, а јас во слободата од некултурата во која сум се родил!