Жителите на еден панамски остров се подготвуваат трајно да се иселат. Причина – климатските промени. Проектот за иселување е сопрен, нема пари да се довршат нивните нови домови на копното
ЏУЛИ ХУНКЕН
Жителите на островот Гарди Сугдуб во близина на Панама се подготвуваат да го напуштат засекогаш. Зголемувањето на нивото на морето станува се поголема закана за нив. Погледнете фотографии од островот кој постепено исчезнува.
Веднаш штом ја напушта куќата, Ерика го гледа тиркизното сино море, брановите што блескаат на сончевата светлина. Таа живее на малиот остров Гарди Сугдуб во колиба чиј покрив е направен од лисја од палма и стебленца од шеќерна трска.
Ерика е од индијанското племе Гуна. Не така одамна, кога невремето го зафати островот, нејзината колиба беше поплавена. „Беше страшно. Но, фала богу, спиеме во чамци“, вели Ерика.
БРАНОВИТЕ РЕДОВНО ГО МИЈАТ ОСТРОВОТ Огромните бранови постојано го преплавуваат островот, вели Хавила Апресијадо. Жената е погодена, иако живее во центарот на островот. „Поплавата стигнува и овде. И ние се наоѓаме поплавени“, вели таа.
Еден ден подоцна, водата обично се повлекува. „Нашите домови постојано се оштетуваат и мораме да ги поправаме. Нивото на морето се зголемува бидејќи глечерите се топат како резултат на климатските промени. Постојани има поплави, зградите се полнат со вода. Ова стана нормално”.
Островот е на само 40 сантиметри од заливот Гуна Јала. А постојаните поплави се само предвесник на она што ги чека островјаните. Научниците предвидуваат тонење на островот до 2050 година. Во следните децении, морето би можело целосно да проголта некои од 350-те мали острови во близина на брегот на Панама. Од нив 50 се населени.
Затоа, жителите на Гарди Сугдуб мора да се преселат. Одлуката е донесена, моментално за нив се гради населба на континентот, со што Хозе Батиста е особено горд. Тој е заменик министер за градежништво и територијални работи. Преселувањето ќе се случи следната година, уверува Батиста.
Ова е прв проект од ваков вид во Латинска Америка – преселување на цел остров. „Ако овој прв чекор успее, можеме да размислуваме за следните. Но најголемиот предизвик е секако економскиот аспект. Само ова прво преместување – од 300 куќи, нè чини 12 милиони долари“, вели Батиста. Треба да се разгледаат и алтернативи, бидејќи не постои начин да се населат семејствата од сите 50 населени острови.
ФИНАНСИСКИ ДИЛЕМИ Водата стигнува до домот на Хавила во просек десет пати годишно. Дневната соба, огништата, огревното дрво и околните патеки се преплавени со вода.
На Гарди Сугдуб деновиве разговараат дека е запрена изградбата на новата населба на континентот. Работата е стопирана поради недостиг на средства. Во оваа ситуација, потегот следната година може да биде одложен.
„Единственото нешто сигурно е дека климатските промени ќе продолжат и нивото на морето ќе продолжи постојано да се зголемува доколку сите земји заедно не спроведат поамбициозни мерки од порано“, вели Адријан. Живее на соседниот мал остров, кој исто така е во опасност да потоне. „Секоја година гледаме како морето голта друг дел од нашиот остров – како да сакаме да го вратиме.