Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗНМ: НИ НОВИНАРИТЕ, НИ ВОДИТЕЛИТЕ ДА НЕ СЕ УЧЕСНИЦИ НА ПАРТИСКИ МИТИНЗИ

March 5, 2019 Filed Under: Македонија

Ако ААВМУ реагираше експресно на интервјуто на Ордановски со Мицковски, наоѓајќи маани во начинот на кој истото е изведено, молк за појавата на спикерка на јавниот сервис на партиски митинг!

МРТ Се чека одговор од јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија ја повикува Македонската радио телевизија да го истражи случајот каде нивната вработена новинарка Гордана Ѓорчева, на 18-годишнината на Конференцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се појави во улога на водител.

– ЗНМ смета дека со овој ангажман колешката Гордана Ѓорчева го прекршила Изборниот законик, каде во членот 75-в е наведено дека: „Уредници, новинари, водители на програма и презентери, ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања“. Во Изборниот законик е предвидена и мерка доколку новинарот сепак се одлучи да настапи на партиски собир и таа гласи: „Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишување на изборите до нивното завршување“, се вели во соопштението од ЗНМ.

ГОРДАНА ЃОРЧЕВСКА Настапи на последниот митинг на Унијата на жени на ВМРО како презентерка

Според Здружението, покрај тоа што со овој ангажман новинарката Ѓорчева го прекршила Изборниот законик, ЗНМ смета дека таа го прекршила и етичкиот кодекс на Македонската радио телевизија. Имено, според членот 41 од кодексот на МРТ: „Новинарот мора да биде веродостоен. Новинарот мора да биде професионален и етички веродостоен, односно независен во обавувањето на својата работа. Не смее на никаков начин јавно да изразува поддршка на активности или постапки на политички партии“. Понатаму во Кодексот се вели дека: „Новинарите во информативните програми на МРТ мора да избегнуваат политички јавни настапи од секаков вид коишто се објективно непримерни во однос на работата што ја извршуваат, ја менуваат нивната слика во јавноста или го намалуваат нивниот професионален и јавен кредибилитет“.

-Сметаме дека менаџментот на јавниот сервис мора сериозно да се заинтересира и да постапи по овој случај и да внимава во иднина слични случаи да не се повторуваат. Истовремено, ја повикуваме и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како надлежна за овој случај, да излезе со свој став во јавноста и да даде насоки за медиумите и политичките партии, посочуваат од ЗНМ

Ако ААВМУ реагираше експресно на интервјуто на Ордановски со Мицковски, наоѓајќи маани во начинот на кој истото е изведено, забележлив е молкот за појавата на спикерка на јавниот сервис на партиски митинг!

Гордана Ѓорчева е вдовица – беше соприга на познатиот актер Бранко Ѓорчев.

МИТИНГ ЗА КОЈ СТАНУВА ЗБОР Собирот на жените на ВМРО ДПМНЕ беше политички чин без сомнение

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet