АНДРЕЈ НИКОЛАИДИС
Јасное дека Србија ја анектирала Црна Гора, ама јасно е дека во Сребреница имало геноцид ама српската премиерка Брнабвиќ вели дека немало
Секако сте забележиле дека Вучиќевата Србија постојано е во кавга со целиот комшилук. Ним просто никој не им е добар. Ако не се натегнуваат со Косово, имаат нешто да расправат со Македонија. Потоа се испоставува дека малку треба да се дестабилизира Босна, па тогаш Дачиќ или некој друг ќе кажат некоја лажна или одвратна за Сараево. Не завршена расправата со Сараево, ете го Вучиќ отвора реторички фронт со Хрватска. И после на ред доаѓа Црна Гора.
За што сега се расправаат Белград и Подгорица? Предвидливо, околу Подгоричкото собрание која има стогодишнина.
Во тек е значи историско-политичко-граѓанска расправа „кој кого го истепа во 1918“.
ОДГОВОРОТ Е ОЧЕВИДЕН Прашање е целосно бесмислено бидејќи одговорот е толку очевиден. Српската војска во 1918 година влегла во Црна Гора и го организирало Подгоричкото востание каде делегатите одлучиле да ја укинат државата Црна Гора и да ја присоединат на Србија. Крал на Црна Гора станал Ацо Караѓорѓевиќ, кој, за секој счучај на законитиот крал Никола Први му го забранил враќањето во земјата. Некој година потоа Ацо ја укинал со декрет Црногорската правоиславна црква. Сето тоа не минало лесно: симпатизерите на Петровиќи и противниците на присоединувањето на Црна Гора на Србија подигнаа Божиќно востание. Истото српската војска брутално го задуши, правејќи при тоа бројни воени злосторства.
Јасное дека Србија ја анектирала Црна Гора. Но јасно е дека во Сребреница имало геноцид, ама српската премиерка Брнабиќ вели дека – немало.
Така денес слушаме дека Црна Гора некако успеала да ја измами искористи Србија која ја анектирала. Слушаме како црногорскиот народ е ннеблагодарен, дека српската во0јска наводно ги ослободила. Да ве прашам, навистиана: кога војската на државата Х влезе на територијата на меѓународно признатата држава Y , за таму да задуши востание, да а укине државата Y и дас ја припои на државата Х – дали тоа војстата ja oслободила државата Y? И јас мислам така.
Туркањето околу Осумнаесеттата всушност никогаш и не престанало во Црна Гора. Некои од читателите на Ал Џазира ќе се сетат на полемиката околу спомен-плочата поставена на влерзот во Стариот град. Беше тоа во летото 2015. Има таму во Будва некаква камена плоча поставена во 1931 година под венецијанскиот лав и на неа пишува:
„Во спомен на доаѓањето на храбрата победоносна српска војска ја ослободи Будва, на Митрровден 1918…“. Либералната партија тогаш бараше да се отстрани плочата бидејќи она што го пишува таму просто не е вистина.
СРПСКАТА ВОЈСКА НЕ ЈА ОСЛОБОДИ БУДВА Потоа тргна сторијата за загрозеноста на Србите во Црна Гора и дукљанско – монтемнегриските фалсификати на историјата.
А работата е многу проста. Српската војска ниту можела ниту навистина ја ослободила Будва. Кога таа војска влегла во градот таму немало ниту едне австро-унгарски војник а самата КунК мопнархија веќе била рахметли. Во тој миг таа војска можела да го го ослободи градот од непостоечката војска на непостоечката држава – или од самите Црногорци. Од тој аспект написот на плочата не е сосема за отфрлување. Многи е тешко да победиш невидлив непријател, како шѓто тоа го направил Брус Ли што во соба плна со огледала го нашол и убил сокриениот злосторник. А уште пшотешк ое да се победи противнмикот кого го – нема, како што направила спрската војска во Будва.
Пред некоја недела имаше некој собир во Будва, кад е констатирано цдека Црна Гора ја окупирала Будва и Бока. Се слушнало при тоа дека „српското море“ кај Будва впак ќе биде ослободено а српските земји одново обединети. Се огласил и Амфилохие Радовиќ кој, јасно, порачал, дека Црна Гора мора да ја слави 1918 година.
Уследи црногорска контраофанзива. Која ја најави одлуката на Владата на Црна Гора која во земјата му забрани влез на Матија Бечковиќ и на троица државјани на Србија. Собранието на Црна Гора донесе Резолуција за Подгоричккото востание со која втората е осудена и ставена вон сила, иако беше непотребно – таа е суспендирана во претходна Југославија а потоа и со прогласувањето на независност на Црна Гора во 2006 година.
(Извор: Ал Џазира)