Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗОШТО ТРОКИРА МАКЕДОНИЈА

March 25, 2019 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Откако не го доби културолошкиот шок што го очекуваа и на кој беа спремни, особено по локалните избори, јавноста почна својата доминантна перцепција да ја формира врз основа на реалните, но и исфорсирани и манипулативни дози на информации за непотизмот

На три или четири работи укажувавме уште на почетокот. Укажуваме и сега, макар што смислата е прилично потрошена.

Прво, дека е невозможно со формално-правното наследство на криминалниот режим да ја ослободувате државата и да воспоставувате правен систем; второ, дека не можете да ги прогласите заробените институции за независни и без да се мешате, од нив да направите слободни, автономни и професионални структури и, трето, дека не можете да одите со идејата да се разликувате од режимот на чипираните идиоти на вмро-дпмне ако соочувањето со културоцидните и десубјетивизирачки промени што на сите нивоа и во сите области ги изврши тој режим, со грандиозната пљачка како цреша на таа огромна торта од национални говна, бара во многу аспекти да бидете исти и уште многу построги и поамбициозни. Да ги исчистите институциите и да го елиминирате злосторничкото здружение како инкубатор на најстрашните деформации. Имено.
Политичката конфигурација, јасно, не беше поволна за вакви подвизи, но проблемот е во тоа што тој факт новите власти фатија повеќе да го користат како алиби отколку да го проектираат како ситуација која треба и мора да се менува.
Откако не го доби културолошкиот шок што го очекуваа и на кој беа спремни, особено по локалните избори, јавноста почна својата доминантна перцепција да ја формира врз основа на реалните, но и исфорсирани и манипулативни дози на информации за непотизмот, за грантовите, за ѓубрето и слични, на фонот на акумулираната ситуација и големите предизвици, важни, но, сепак, на некој начин банални теми. Тој блок стигна да ги релативизира и историските успеси на надорешно- политички план и да се осили до нивото да биде нова животна закана за Македонија. Со блокади, закани, непрекинати камапањи. Тоа, мислам, свесно произведено ниво на резигнација очајување, со неверојатно циничен однос кон тоа што се има и што се добива и покрај сите заложби на народот во спротивен правец. Добро, на еден не така мал дел од народот итн. Главен виновник, се разбира, е власта која се реши за методи и форми кои беа несоодветни на историските предизвици и на политичката некултура и, се разбира, народот кој по кој знае кој пат реши да се движи по ефтините и лепливи појавности, пропуштајки да ги согледа своите приоритети. За злосторничкото здружение кое и натаму парадира како политички фактор, не ми се ни зборува.

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet