Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗОШТО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ БЛОКИРА?

May 17, 2022 Filed Under: Колумни

СТЕФАН БОГОЕВ

Деновиве сме сведоци на обид за блокада на Собранието, но и за нови можни блокади во други форми

По она со кое јас располагам како информација (располага и добар дел од политичарите, дипломатите и новинарите во Македонија), Мицкоски е прилично уплашен за сопствената политичка судбина и тоа по неколку основи:

  1. Стравот од можен почеток на преговорите со ЕУ којшто би одел на конто на СДСМ и коалицијата. Блокада на виталните државни институции би било алиби за Бугарија да не го крене ветото и обид за политичка дестабилизација на државата од која Мицкоски сака политички да профитира.

Размислете, на која странска држава и одговара Македонија да остане изолирана?!

  1. Стравот од своите. Во ВМРО – ДПМНЕ има градоначалници кои истовремено имаат и високи партиски позиции (Муцунски потпретседател и Ѓорѓиевски претседател на Градски комитет). Концентрацијата на моќ во вакви случаи е поголема од моќта на некој кој е само претседател на партија (Мицкоски). Сетете се само на влијанието и политичката моќ на Заев или своевремено Јакимовски како градоначалници и високи фунцкионери во СДСМ или пак на Коце Трајановски и Ивица Коневски кој дури беше и еден од главните фаворити за лидер на партијата.

Мицкоски се плаши дека како проаѓа времето, ваквите ликови растат и ќе станат опасност за неговата позиција. Тој има проблем да ги контролира своите градоначалници кои градат лични контакти со бизнисмени, невладини, политичари и новинари додека тој е сам во партијата. Затоа оди на настани во кои градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се фалат со проекти на СДСМ, само за да покаже очајно дека тој е главен.

  1. Да ја сокрие неспособноста на своите градоначалници.

Кога сте градоначалник тазе избран, првите 6 месеци ви се меден месец и граѓаните најчесто имаат разбирање за работите кои сте ги ветиле, а не сте ги реализирале се’ уште. Но после тие 6 месеци, ќе наидете на огромна критика и притисок да го реализирате ветеното, а кога тоа го нема, разочарувањето е огромно. Соочен со крајно неспособни градоначалници, особено градоначалничката на Скопје (која исто така не му е под контрола и го критикува каде стигне), Мицкоски брза со избори додека граѓаните не им се навртеле на неговите градоначалници.

Поради сето ова, тој има нужна потреба константно да бара избори и во партијата да им вели „Вие треба да ме слушате, само што не сум станал премиер” и помпезно да најавува огромна победа од која е оддалечен светлосни години, бидејќи, само на овој начин може да ја задржи позицијата во партијата, но и да се обиде да ги неутрализира енормниот број на критики на конто на градоначалниците.

Во меѓувреме, не води грижа за перспективите на државата и иднината на граѓаните. Не му е грижа дали ќе добиеме поради него повторно вето, ниту пак дека наставниците, војниците и сите граѓани нема да добијат повисоки плати или нов клинички центар.

Што треба да правиме во целата оваа ситуација ние, слободоумните и прогресивни граѓани кои сме огромно мнозинство во државата?

Да бидеме смирени, разумни и да ги користиме мехнизмите кои ги нудат законите и деловникот на Собранието и да не скршнеме од евроинтеграцискиот пат, ниту пак за момент да не прекинеме да работиме во интерес на граѓаните.

Да ги препроверуваме и да не им веруваме на лажните вести кои тој и неговата партија ги пласираат.

Народната вели: Попаметниот секогаш попушта.

Овој пат, попаметните нема да попуштат, туку паметно по којзнае кој пат ќе одиграат во интерес на граѓаните и државата и ќе победиме во 2024та на двојните избори.

Та ако не ние, кој друг?!

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet