Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗAБРЧАНЕЦ: ИМАВМЕ СЕРИЈА ПОТВРДИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ОД 2017 ДО 2024

July 9, 2025 Filed Under: Македонија

Дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

КОЈ Е ВИНОВЕН Како серијата на успеси во одбрана на јазикот и идентитетот оваа влада реши да ги поништи – се прашува Забрчанец гледајќи кон Мицковски

Марјан Забрчанец во објава на социјалните мрежи прашува: Дали “иницијативите” на Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех?

Во прилог Забрчанец презентира неколку објави на „дел од верификациите, потврдите, впишувањата, заверувањата на македонскиот идентитет и јазик во периодот 2017 – 2024“.

„01.08.2017 – Република Македонија и Република Бугарија потпишаа Договор за добососество на македонски јазик

– 17.06.2018 – Република Македонија и Република Грција го потпишаа Договорот од Преспа со кој се потврдува македонскиот јазик и идентитет. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Според членот 1 (3) од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван

– 2019 – При промената на уставното име, Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како единствен официјален јазик за меѓународна употреба, во личната карта на Република Северна Македонија

– 07.2022 – Усвоена е прговарачката рамка меѓу МК и ЕУ, јазикот јасно именуван како македонски

– 28.07.20222 – Официјално регистриран Центарот за македонски јазик во Грција“

– 26.10.2022 – Потпошан е Фронтекс – Прв договор меѓу Северна Македонија и Европската Унија потпишан на македонски јазик

– 19.03.2023 – Основниот суд во Лерин фицијално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација

– 15.06.2023 – Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет

– 09.2023 – Мичиген и Илиноис го прогласија септември за месец на македонскат култура во САД

– 17.06.2024 – Нимиц: “Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет”, пишува Забрчанец.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП.

(frontline.mk)

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet