Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗA МИЦКОВСКИ СРЕДБИТЕ НА ВУЧИЌ И ПИАРОТ СЕ ТРИВИЈАЛНИ

December 10, 2024 Filed Under: Македонија

За Мицкоски средбите на Вучиќ и неговиот ПР се тривијални, а за оваа средбата со Макрон пласираше алтернативна вистина, односно го пренесе на социјалните мрежи само неговиот поглед од состанокот со францускиот претседател

СРЕДБА Соопштението на Елисејската палата за оваа средба се разликува од третманот на средбата на нашата Влада

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите денеска реагираше на пишувањето на Рацин.мк, односно на текстот „Мицкоски прво да испорача, па после ќе го дружат, до тогаш – изолација“. Во тој текст само го резимиравме учеството на претседателот на Владата на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта како непродуктивно откако од неговите објави на социјалните мрежи стана јасно дека Мицкоски беше длабоко изолиран во Будимпешта, на маргините, и тоа е уште една силна европска порака. Така ќе остане додека тој не испорача.

Заклучивме дека ќе го дружат дури тогаш кога неговите декларации за тоа дека местото на Северна Македонија е во рамките на Европската Унија ќе бидат препознаени низ конкретни чекори и исполнети обврски.

Прашавме каде се се фотографиите? Каде се информациите за содржините од тие „бројни“ средби за коишто во видео изајавата Мицкоски рече дека ги остварил на состанокот во Будимпешта на кој учествува 40-тина лидери од Европа? Или барем да дадеше инфо кои се тие личности од „многу билатерални средби“.

Направивме споредба на активностите и средбите на српскиот претседателот Вучиќ, кој како лидер на земја кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан, во текот на тој еден ден во Србија имаше средба со претседателката на владата на Данска Мете Фредриксен, со министерот за надворешни работи на Обединетото кралство Кир Стармер, со Макрон, со премиерот на Грузија Иракли Кобахидзе, со австрискиот канцелар Карл Нехамер…

За Мицкоски средбите на Вучиќ и неговиот ПР се тривијални.

„Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал“, рече денеска Мицкоски.

Но и за оваа средба Мицкоски пласираше алтернативна вистина, односно го пренесе на социјалните мрежи само неговиот поглед од состанокот со Макрон.

За средбата со францускиот претседател, на Фејсбук профилот, македонскиот премиер напиша, дека со претседателот на Франција Макрон имал отворена дискусија за одблокирање на патот на земјата кон ЕУ .

„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон.

Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива.

„Ќе дадеме се’ од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

За средбата Макрон – Мицкоски, од Елисејска Палата вака информираа:

„Двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајки ги нејзините меѓународни обврски“, пишува во соопшението од Елисејската палата.

Има разлика, нели!

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet