ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Кога Владимир Панчевски беше претседател на скопска „единица“, соопштенија, во нему препознатливиот кавгаџиски манир, се објавуваа и во саботи и во н недели, а стана препознатлив и по одржување на тајни брифинзи со новинари, од нему блиски медиуми, после работното време. Дали и тогаш Панчевски се исцрпувал со тоа што останувал после работното време
Верувам дека се сеќавате на лицето кое беше осудено за кражба на ќебапи и кое стана парадигма за непринципелноста на македонското правосудство?
Е тоа лице, кое помеѓу останатате кражби, беше судено и за кражбата за која најмногу зборуваат и пишуваат токму неупатените, веќе не треба да го мислите! Имам сознанија дека „невиниот“, оној што, демек, го суделе само затоа што крадел жебапчиња, откако успеал да набави бугарски пасош, успеал да побегне не само од од државата, туку и од корона вирусот и сега живее во некоја западно – европска земја!
Немојте да го мислите, оти и тој, сигурно не мисли на вас!
Значи, толку од чесноста на оние за кои веруваме дека се чесни или само навидум се такви, а секако, еден од тие „чесните“ е и Владимир Панчевски, поранешен судија и претседател на скопскиот кривичен суд, кој за сторените злоупотреби на системот АКМИС е осуден на затворска казна во траење од три години и шест месеци!
Тоа што една година Панчевски си поигруваше не само со велешкиот суд туку и со целиот правосуден систем со тоа што одбиваше да прими покана за судење, за некои „независни“ набљудувачи на судскиот процес не претставуваше момент кој требаше да биде регистриран. Е тој „моментот“ траеше цела една година, но истите тие сега забележуваат дека на притворениот Панчевски му било пресудено по само четири одржани рочишта, од кои последното траело и надвор од раборното време?!
Нема тука ништо што е спорно, но дотичните треба да знаат дека се работи за притворски предмет, што ќе рече дека судењето има некакви временски рокови и дека нема ништо во тоа што последното рочиште траело девет – десет часа!
Да се следат работи во судството, во континуитет, сегашните критизери ќе знаеаја дека токму на денешен датум, во 2016. година, Панчевски лиферуваше службени соопштенија, иако, нели, во саботите судот не работи?! Е кога Панчевски беше претседател на скопска „единица“, односно кога тој ги вршеше делата за кои сега е осуден, соопштенија, во нему препознатливиот кавгаџиски манир, се објавуваа и во саботи и во недели!
Етикетирањата на новинари и медиуми беше негова специјалност, а стана препознатлив и по одржување на брифинзи со новинари од нему блиски медиуми. Средбите со тие новинари се одржуваа после работното време. Значи ли тола дека тогаш Панчевски не се исцрпувал со тоа што останувал после работното време и како и неговиот партиски шеф работел 24/7 ?
Оние кои сега се јавбуваат во улога на критичари требало да знаат (а ако веќе знаеле и да истражат) дека некој во јавноста пласира фотографија од судење за кое токму судот не даде дозвола за снимање на постапака иницирана од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Се работи за фотографија или таканаречен „смрзнат кадар“, односно фотографија направена со судската камера кој е инсталирана за снимање на судската постапка, а објавата дојде по забрана на судот ниту една редакција да не смее да го снима или да го фотографира почетокот на судењето.
Не треба човек да е генијалец или голем познавач на судските прилики за да знае дека објавата на фотографија од судска камера може да е дело само на човекот кој раководи со техниката и секако – претседателот на судот!
За оние кои се самодоживуваат како големи почитувачи на правото и владеење на правото, а кои сега се јавуваат како заштитници на правата на Панчевски, вреди да се каже и тоа дека токму тоа лице, пред десетина сведоци, искина решение на судија кој донел одлука да ја притвори тогашната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ, по што судија, со возило на Итна помош, ќе биде однесен во болница, а после тоа тој ќе замине на боледување кое ќе трае се до неговото заминување во пензија!
Ако и ова е малку јас сум тука и подготвен сум да им го дадам и името на судија, иако за тоа каков тоа човек и каков претседател бил Панчевски можат самите да си проверат меѓу вработените! Конечно, Панчевски е правосилно осуден за мобинг врз вработен.
Инаку и кинењето на решението се случи многи по завршувањето на работниот ден.
За гадостите кои Панчевски може да ги изговори и напише една поголема книга. Велам поголема, бидејќи термионот „дебела“ никако не смее да се однесува на книга, но може се употреби ако се зборува за свиња или за АКМИС свињарија!
Зарем треба уште нешто да се коментира по изнесениот став на Амбасадата на САД која за пресудата за Владимир Панчевски смета дека претставува „позитивен чекор напред во барањето одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на судската независност!“
Ако САД се на став дека ликови како Панчевски ја поткопуваат судска независност, тогаш тоа е навистина така, но сега некој ќе праша: А каква врска има Панчевски со лицето кое крадело ќебапи? Епа, има! И Панчевски со денови им се криеше на органите на прогонот и доколку и тој имаше бугарски пасош сега повеќе од сигурно ќе беше некаде надвор од земјава и наместо во затвор, во некоја кафена ќе се јадеше ќебапи, а ние ќе си коментиравме дека: „Сите побегнаа“, дека „никому нема да му се суди“ и дека „некој му помогнал“.
Работата се помрдна од место. Очекувањата се дека нема тука да се застане!