АНА МИТИЌ
Дали е фер она што вам ви го спасило животот, сега да не му го давате на вашето дете и да му го спасите неговиот живот?
Мојот колега ми кажува како се исплашил кога добил мали сипаници во четириесеттите години. Во тоа време неговата ќерка имала три години. Тоа не е антиваксер, па детето се вакцинирало на време. Сè било во ред. Но дали би било, ако малечката претходно не ја добила ММР?
Моја пријателка ми рече дека се плашела кога епидемија на морбили во Србија поради својата мала ќерка од две години, на која поради здравствени причини и по препорака на лекарите и било одложено вакцинирање! Таа можела многу лесно да закачи мали сипаници, со само еден одење во паркот. За среќа тоа не беше случај. И што ако се случеше нешто? Ќерката подоцна ја примила вакцината и веќе нема страв.
Ги разбирам родителските стравови и знам како е. Но, јас не можам да ја оправдам невакцинацијата на деца, бидејќи, не бев убедена дека вакцините се штетни. Кои научни истражувања го покажаа тоа? Колку деца страдале од вакцини? Дајте релевантни информации. Кои истражувања ја покажаа врската помеѓу вакцината и аутизмот? За тоа нема научни докази. Постои графит кој им кажува на антиваксерите: „Идиоти, ќе убиете некого …”.
Кога требаше да го вакцинирам моето прво дете, пред 11 години, немаше хистерија за вакцини. Но, пред четири години, кога требаше да се вакцинира второто дете, јас си признаам, немав имуните на приказните за штетноста на вакцините, бидејќи, веќе почнуваа да кружат теории на заговор во врска со вакцината и аутизмот. Се сеќавам дека во тие денови пред да ја вакцинирам ќерката, во разговор со мајките во паркот една од нив изјави дека нејзиниот син „се променил по вакцинирањето”, и дека сега таа е противник на вакцините. Добро, ајде да бидеме одговорни. Ајде да видиме кои се аргументите за и против вакцините. Да ги слушнеме двете страни.
За почеток, многу повеќе животи биле спасени благодарејќи на вакцините во однос на можната штета од нив (нема релевантни научни докази или податоци за бројот на деца кои биле „убиени” поради вакцината). За мене тоа беше доволно. Следното прашање е дали секоја научна студија покажала дека вакцините предизвикуваат аутизам? Не постои таква студија. Постои само лага што ја поставил гастроентерологот Ендру Вејкфилд, пред 20 години, кој сѐ уште преживува, иако самиот признал дека ја лажирал студијата и му било забрането да се занимава со медицината.
Постојат родители кои го поврзале аутизмот на своите деца со вакцина и нивните приказни се појавуваат во јавноста. Го почитувам нивното субјективно размислување. Во природата на човекот е да се бараат одговори на прашањето – зошто. Но, ова не се научно поткрепени мислења.
Постојат и лекари кои зборуваат против вакцините. Колку од нив познавате? Поголемиот дел од лекарите се иоградува од овие колеги. Еден од нив е познат по приказната дека е „познат” педијатар од Зрењанин, кој говори од иемто на случајот на неговите „четири деца, од кои ниту едно не биле вакцинирано, и најстариот син има 20 години”, зборувал против вакцината. Се испостави дека тој немал деца и е меѓу 42-та најактивни антиваксери против кого се води постапката за предизвикување паника преку јавни настапи и соопштенија на социјалните медиуми за наводната штетни ефекти на вакцината.
Антивалксерите се оповикуваат на фактот дека некои земји на ЕУ, како што се Франција, им овозможи избор на родителите дали да го вакцинираат детето или не. Не кажуваат дека во Франција минатата година се лансираше она „нема вакцина, нема училиште”, и дека ако не го вакцинираат детето со 11 задолжителни вакцини (вклучувајќи и ММР), тоа не може да оди на дневен престој, во приватно, ниту државно училиште или летен камп. Истата мерка беше воведена од страна на Италија. И се заборава фактот: овие денови еден локален лидер во борбата против вакцинирање е оној на десничарската Северната лига Масимилиано Федиго кој беше примен во болница поради – сипаниците.
Секој од мојата јаже и поширокото семејство е вакциниран. И сите сме добри. Затоа, се прашувам дали родителите кои денес се противат на вакцини знаат дека може дека не би бил меѓу живите, ако невакцирани закачеле некоја од овие заразни болести, но тие биле вакцинирани?
Да се сетиме дека минатото се ум ирало од обична настинка.
Дали е фер нешто што вам ви го спасило живот, сега да не му го дадете на вашето дете и да му го спасите неговиот живот? Секој родител сака да му го даде најдоброто на детето. Затоа јас мислам дека е тоа злосторство ако не му го дадете на детето најдоброто што можете. И што е отфрлање на вакцинацијата ако не е тоа.
Јас не сум за радикални методи какви што во најава сме слушнале ова утро од министерот за образование дека родителите кои нема да ја исполнат оваа обврска ќе бидат санкционирани, дури и ќе им бидат одезмени децата од семејството, ако до 1 септември немаат сертификат дка го вакцинирале детето, документ кој е потребен при запишување ученици во прво одделение.
Но, понекогаш, како што овој тажен случај – кога шарлатаните носат победа над здравиот разум – оставенуваат само радикалните методи. Дали треба да се објаснува графитот?