ПЕТАР ЧОЛАКОВ
Кон странство Радев се обидува да се покаже како лојален партнер на ЕУ, а пред бугарските медиуми зборува за тоа дека Софија нема да испраќа гранати во Украина. Ова е смешно
Претседателот Румен Радев оваа недела неколку пати повтори дека Бугарија нема да учествува во испраќањето еден милион гранати во Украина. Радев, пак, вчера (23.03.2023) ги потпиша Заклучоците на Европскиот совет, на кој учествуваше. А таму стои дека ЕУ е „цврсто и целосно на страната на Украина и ќе продолжи да обезбедува силна политичка, економска, воена, финансиска и хуманитарна поддршка за Украина и нејзиниот народ, онолку долго колку што е потребно“. Дополнително, го поздравува „договорот постигнат во Советот за итна испорака на копнена и артилериска муниција во Украина, а по барање – и проектили“. Во Заклучоците на Советот, исто така, се вели дека посветеноста на воената помош за Украина „не е во спротивност со специфичната природа на безбедносната и одбранбената политика на некои земји-членки“.
ДВ го контактираше Руслан Трад, истражувач во Атлантскиот совет, за коментар за позициите на претседателот Радев и техничката влада во врска со пратката со муниција.
Министерот за одбрана Стојанов посочи дека Бугарија нема можност да испрати проектили од 155 милиметри во Киев. Дали е вистина?
Руслан Трад: Гранатите од 155 милиметри беа побарани од Киев поради типот на артилерија што се користи на терен. Но, Киев користи и артилерија која работи со гранати од 152 мм. Додека за првите бугарски институции, во лицето на министерот за одбрана директно демантираат дека може да се снабдуваат, бидејќи кај нас ги немало на залиха, за оние од 152 мм ништо не се кажа. Бугарија не само што произведува ваков тип проектили, туку веќе ги испрати во Украина. Договорот на ЕУ за испорака на ракети на Украина ги вклучува двата типа – нешто што министерот за одбрана не го кажа во своите изјави.
Како ги објаснувате противречностите во говорот и однесувањето на Радев на тема оружје?
Руслан Трад: Изјавите на претседателот Радев и министерот Стојанов се за внатрешна употреба. Забележливо е дека има разлика во позициите во странство и во Бугарија, бидејќи надвор Радев се обидува да се покаже како лојален партнер, а пред бугарските медиуми зборува за тоа дека Софија нема да учествува во испраќање проектили. Тоа е смешно.
Има ли докази дека за време на администрацијата на канцеларијата на Галаб Донев, бугарското оружје продолжило да стигнува до Киев по кружна рута, како за време на администрацијата на Кирил Петков?
Руслан Трад: Сè уште е рано да се каже дефинитивно дали Бугарија продолжува да испраќа и продава оружје на Украина, но да ги погледнеме податоците. Бугарската индустрија за оружје отсекогаш имала силно присуство во голем број земји, но никогаш не била толку добро како сега – со извоз вреден 4,3 милијарди долари минатата година, трипати повеќе од претходниот рекорд.
(Авторот е воен експерт на софиски Труд)