НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Верата и Црквата секогаш ќе бидат политички злоупотребени се додека Црквата не сфати дека Библијата е „инспиратив“ а не „норматив“ во политичката сфера
Секој има право на протест и демократијата е прекрасна работа – под услов да го почитуваш правилото „пред употреба прочитајте го упатството“. Aко тоа не го правиш, има голема шанса со помош на „демократски сретства“ да потпомогнеш во кршење, подривање и исчезнување на таа иста демократија.
Ете, браќа и сестри & граѓани и граѓанки, да го погледаме неодамнешниот македонски пример: фамозниот протест нa МПЦ, бустирани со логистика и автобуси од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неизбежната госпоѓа Катица Ќулавкова, искажаа купишта сомнабулии против човековите права.
Има една неверојатна перверизија: штом почне ултра-десницата да ги брани човековите права – во нивниот первертиран свет – знајте дека делувањето ќе биде обратно: бранејќи ги, тие ги кршат човековите права. И сега цела земја е пред неверојатен политички и правен проблем. Сега некој ќе праша: а, како е тоа возможно? Така убаво. Верата и Црквата секогаш ќе бидат политички злоупотребени се додека Црквата не сфати дека Библијата е „инспиратив“ а не „норматив“ во политичката сфера.
Имено, за да ја злоупотребиш верата во политички цели, тоа можат да го направат верниците, црковната хиерархија, ама – со помош на перфидна игра – и разни идеологии и политичка бирократија…
Така неодамна сведочевме на собир пред МПЦ заради поводот против „законот за родова рамноправност“, така што, во „свеста на конзервите“ ќе се редефинирало семејството помеѓу мажот и жената (каква гадна лага и претенциозност!), а во суштина тоа беше протест за промена на Европскиот пат (и она кое тој европски пат го симболизира) и ненормално-досадното „време е за предвремени избори“. Од друга страна, денес трагедијата во оваа земја е тaa што стана толку очигледно во актуелниот момент, а тоа е што средновековни прашањата се трансфер кој во најголема мера може да ја мобилизира македонската јавност.
А сега да одиме директно со објаснување: што во основа претставува Законот за родова рамноправност и што на „персоните драматис“ тука им смета? Им смета човечката слобода, а внатре во неа – женската слобода. Кога женската слобода е најзагрозена? Токму тогаш кога и се негира оној универзален, човечки аспект – затоа што рамноправноста на мажот и жената извира од свеста дека се работи за биолошки различни, ама еднакво-правни и еднакво вредни човечки битија.
Во светот на црквовните лица и ултраконзервативците, мажот секогаш останува „стерилен“ (што би значело дека со мажот се’ е во ред?), а жената е сведена исклучиво на тело, а телото е сведено на репродукција, односно на „мајчински инстикт“: тоа е нејзина единствена билошка зададеност, сметаат овие групации. Жената не смее да биде ништо друго и не смее ништо друго да прави освен да раѓа во хетеро-нормативниот зададен поредок. Дури и оние жени кои се „привилегирани“ не смеат да излегуваат од ригидните рамки на „традиционални сопруги“. Секоја жена мора да има јасно зададени улоги во еден малограѓански „Grand Guignol“ (читај, негување на возбудливи и настрани театарски претстави).
Жените во неоконзервативната тиранија се „движечки материци“ кои треба да бидат оплодени од заповедниците, а таквите ја поддржуваат оној вид, ама – кој вид? Мицковата „нова врста“ на превратничка аристократија, во основа мрачњачка елита. Која е сржта на таквата превратничка идеологија? Дека се’ што нарекуваме модернитет, да речеме од Франција, Америка и останати граѓански револуции наваму, сите со идеи и пракси за човечките и женските права и слободи, секуларност, сексуална пермисивност, тоа за неоконзервативците и делови од Црквата претставува декаденција и несреќа. Па сè тоа треба да се врати „милом или силом“ повторно „на старо“. Така е најдобро, би рекла Црквата, а филозофот би рекол: никогаш не е подобро баш за сите…
Всушност би можело да се рече дека неоконзервативизмот и фундаментализмот во земјава експоненцијално се шири, ама со една задршка: и таквата тиранија не доаѓа исклучиво само „од десно“. Секоја слобода со себе носи ризици (затоа што луѓето се проклето несовршени битија, и во слободно меѓучовечко општење често се повредуваат едни со други); паметно и во ред е да се култивираат таквите разлики, ама ако се обидувате превентивно да ги укинете, што ќе добиете? Ќе ја изгубите слободата сама.
И што да правиме сега? Ништо, секој на својата „хартиска“ задача. Јас ќе пишувам текстови, фашистите ќе се прават дека не се фашисти, а измеѓу, како по обичај, сите ќе се правиме наудрени. Освен дедо Стефан и Катица Ќулавкова: тие се тука батице за политика, власт и моќ. Останати керефеки нив не ги интересира. Слободите на жената најмалку.