Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИВАНОВ СОФИЈА ТРЕБА ДА ГО СМЕНИ НАЧИНОТ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ ВО ОДНОС НА СКОПЈЕ

October 27, 2020 Filed Under: Македонија

Софија треба ја смени својата позиција и начинот на размислување во однос на Скопје, смета бугарскиот универзитетски професор Михаил Иванов, кој беше советник за етнички и религиозни прашања на поранешниот претседател Жељу Желев во чиј мандат Бугарија ја призна Македонија како држава.

МИХАЕЛ ИВАНОВ и Бугарија не расчистила со своето тоталитасристичко минато

Иванов во изјава за Бугарското национално радио вели дека се прави обид визијата на одредена група историчари да се наметне како политичка позиција.

– Тоа не е коректно и не правилниот пат. Голем број истакнати бугарски историчари не размислуваат како историчарите во заедничката комисија утврдена со Договорот за добрососедство. Во меморандумот за објаснување, кој беше пренесен главно преку странски медиуми, се вели дека Северна Македонија мора да се раздели со тоталитарното минато на Југославија. Но, исто така, мора и ние да се разделиме со нашето тоталитарно минато, со нашиот начин на размислување. Треба да се направи детална анализа на ситуацијата. Не би сакал тоа што се прави да биде на штета на бугарскиот дух, култура и меморија, изјави Иванов, кој е дел од групата бугарски интелектуалци и научници кои неодамна со заедничко писмо се спротивставија на официјалната позиција на Бугарија во однос на историјата и на ставовите за С.Македонија содржани во меморандумот испратен до членките на ЕУ со кои се оспорува македонскиот јазик и идентитет..

МАГНЕТ Гоце Делчев се пишувал Бугарин ама неговиот политички идентитет е поинаков

Според него, бугарските историчари од комисијата не прават разлика меѓу етничка и граѓанска нација, исто така, и меѓу етничка и политичка нација.

– Да видиме како е тоа во нашето минато. Чиј е Гоце Делчев? По националност е Бугарин, припаѓа на бугарската историја, бил офицер и се сметал себеси за Бугарин. Како Бугарин има своја политичка активност. Но, гледаме како во тоа време постепено се појавува македонски политички идентитет. Неопходно е детално да се каже кои се факторите. Главниот фактор е разочарувањето од бугарската официјална политика. Знаеме за братоубиствените војни, кои официјалната Бугарија ги инспирираше во Македонија. Тој почна да работи за обединета, независна, обединета Македонија. Во тоа време се зборувало за автономија како начин за пристапување кон Бугарија. Една голема група револуционери се разочарани од политиките на балканските влади и почнуваат да размислуваат за независно политичко постоење. Ние мора да инсистираме дека Гоце Делчев носи бугарски етнички идентитет, но мора да признаеме дека во политичкиот развој, за раѓањето на политичката нација во Македонија, тој има свој придонес, вели Иванов.

Неделава во Скопје, по повеќемесечна пауза, се состана заедничката комисија за историски прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. На крајот на месецот, пак, се очекува посета на премиерот Зоран Заев на Софија и средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, по што треба да се разјнсни позицијата на Бугарија по заканите дека може да го блокира стартот на преговорите за пристапување на С.Македонија во ЕУ ако не бидат надминати неодразбирањата околу историските прашања.

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet